Последен гледан филм со кратка рецензија

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Си останав дома и си го изгледав по којзне кој пат Титаник. Уште 2000 пати да го дадат, уште толку ќе го изгледам .. Стварно остава без здив и држи под импресии. Причата ви е веќе позната, филмско остварување на легендарниот, незаборавен и за тоа време најголем и најлуксузен брод со неговата трогателна приказна при првото испловување од Англија кон Њу Јорк во 1912 год.

Филмот е направен 1997 год. и од тогаш сеуште според некои е најубавото филмско остварување досега и важи за најскап филм. А и досега поубава филмска музика, јас лично немам слушнато. Посижевеана и повклопена филмска песна во самиот филм, досега немало. Уживајте ..
За разлика од тебе, јас Титаник го гледам првпат и секако знаев дека треба да очекувам многу од филм со таква репутација (12 оскари мислам имаше), па тој ги задоволи моите апетити.

Инаку за музиката: Подобро е вметната музиката на Армагедон:


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Tournament.



Турнир на платени убијци кој што се одржува еднаш на неколку години. Во филмов една од главните улоги толкува Винг Рејмс и делумно го гледав заради него. Тој што ќе го гледа да не очекува некаков сиу трилер, филмов е чиста акција, крв и насилство....
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
THE DAMNED UNITED

Уште еден глупо-досаден филм за англискио фудбал и нивната нарцисоидност околу тоа прашање толку ногу се досадни веке со вие филмови тоа е чудо....Иначе филмо е за еден менаџер кој шо почнува од дното па се до врво и у целио филм е претставена страста околу англискио фудбал ,глупио акцент,англичаните како морони и глупото време у Англија ветер и дожд шо ви иде си праете харикири ама буквално у ниедна сцена нема да видете ведро небо шо нервира ногу едноставно гуше.Па ко толку фрлат пари по филмови нрека напраат некој порнич со кралицата ногу по јако ке биде него вие депресивни, глупи и несмислени филмови со исклучок на неколку рака на срце(ама малку се).Don't Watch This....please:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
THE DAMNED UNITED

Уште еден глупо-досаден филм за англискио фудбал и нивната нарцисоидност околу тоа прашање толку ногу се досадни веке со вие филмови тоа е чудо....Иначе филмо е за еден менаџер кој шо почнува од дното па се до врво и у целио филм е претставена страста околу англискио фудбал ,глупио акцент,англичаните како морони и глупото време у Англија ветер и дожд шо ви иде си праете харикири ама буквално у ниедна сцена нема да видете ведро небо шо нервира ногу едноставно гуше.Па ко толку фрлат пари по филмови нрека напраат некој порнич со кралицата ногу по јако ке биде него вие депресивни, глупи и несмислени филмови со исклучок на неколку рака на срце(ама малку се).Don't Watch This....please:smir:
:pos2:

Само да видиш колку ни се разликуваат рецензиите:


The Damned United (2009)


За малку ќе му дадев чиста деветка, но некако предвреме ја скратиле приказната, а ова е дефинитивно филмче од кое сакаш уште. Многу допадливо, многу интересно, со врвна глума на главниот актер Michael Sheen, филмот е приказна за најуспешниот англиски фудбалски тренер во историјата, Брајан Клоф, поточно за неговите 44 очајни денови во Лидс Јунајтед.

Почнувајќи како тренер на анонимниот Дерби Каунти, тој е навреден од тренерот на нивниот противник Лидс Јунајтед, по што настанува вечна пресметка меѓу овие двајца и помеѓу двата клуба. Оваа пресметка, и амбицијата која го води Клоф, човек кој ретко кога затвора уста, ќе го доведат до фудбалските височини, но и до фудбалското дно. Подоцна, Клоф ќе премине во големиот ривал Лидс Јунајтед, само за да докаже дека е подобар од неговиот вечен противник, Дон Риви. Филмот зборува и за гордоста, алчноста, суетата, и за други особини кои знаат да постанат препрека во животот.

За жал, по 44-те дена во Лидс, и неговата акриера предходно, филмот завршува со инсерти од вистинските Брајан Клоф и неговиот помошник Питер Тејлор. Ќе беше добро да ја продолжеа приказната до самиот крај, но очигледно намерата на филмот не била таа. Штета за тоа, но сепак, 8.0 од мене и препорака за гледање, посебно за оние кои сакаат фудбал.
Не навлегувам во дискусија, ми се допаѓа твојот пост! :vozbud:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Get along doggies, get along get along.

Ја има шармантноста како и во секој филм. Wacko во одредени ситуации, знае да долови лик подобро од секој иако мислев дека во случајов требаше да му се додаде малце контраерзност на ликот. Џони (Дилинџер) Деп како локален кој подоцна преминува во интенационален mobster, кој ограбил доста голем број на банки и, како што кажа INTERISTA, фаворизиран од страна на народот. Иако е окарактеризиран како public enemy #1 oд страна на тогашната влада и биро кое не бира начини да стигнат до него. Christian Bale* ја носи фасадата на негативец во филмот, иако далеку е тој од истото. Одлично ја игра улогава, смирен, објективен. Женската на Дилинџер, која според мене со својата природна убавина и харизма му дава на филмот уникатност провлечувајќи се низ приказната со една тажна романса. Приказна од 1933та - Public Enemies. 8/10 ради не доволно присуство на тензија за 2ипол-те часа. Сепак одличен филм.

Кога сме кај Christian Bale, aктер од кој сум фасциниран вечерва - Аmerican Psycho.
Човекот е способен да глуми позитивец, негативец, психички растроена личност и што ли уште не.

Аnd tonight, I just had to kill a lot of people!

Филмот поседува доста морбидност што највеќе ме привлекува и затоа ке го оценам повисоко. Patrick Bateman e 27 годишен успешен во кариерата но е психички пореметен и има потреба да убива. Филм за еден сериски убиец. 8/10.


Следен за гледање, Inglourious Basterds. Се надевам нема да е грешка одлука со оглед на изборот вечерва. :smir:
 
П

Паган-др

Гостин
The Hangover



Комедија, во која 4 пријатели одат во Лас Вегас на ергенска забава на едниот од нив. Вечерта се дрогираат незнајно, и дента откриваат што све им се случувало. Да го раскажувам цел нема интересно да биде. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Дефинитивно најубавата и најсмешната романтична комедија за годинава (од досега изгледаните). Кетрин Хегјл е фантастична а Жерард Бутлер не е ништо помалку :pos2::pos2: Филмот е за телевизиска продуцентка чија телевизија е пропаст со рејтинзи и за да го покачат рејтингот доаѓа Мајк (од познатото шоу „Гола вистина“). Тој всушност и е најантипатичниот лик на Аби. Но ќе и се допадне откако ќе ги послуша нејзините совети за да се фати со дечкото кое го посакува, но... што ќе се случи меѓу нив :toe: е тоа останува да го изгледате па подоцна да коментирате :vozbud:

Закон!
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
Public Enemies 2009



После неколку прекрасни рецензии (позитивни и негативни) што ги прочитав за филмот решив да го изгледам. Земав да го гледам на кино снимка веднаш кога филмот испадна (пошто неможев да дочекам), но ме здоболе главата (иако не беше лоша кино снимка). Па еве почекав да најдам ДВДРип.

Излезе дека не било до снимката. На филмов му фали динамика, и подобра режија, пошто некои сцени се така снимани што не се гледа ништо (причината што добив главоболка), иако има некои сцени со пукање со доста добри кадри што подсеќаат на FPS компјутерска игра (изгледа режисерот бил или сеуште е некој гејмер).

Во врска со сцените со пукање мразам филмови каде што "волумето" на дијалозите е на 3 (од скала 1-10), а кога има пукање го одкршуваат на 10. Го гледав филмот со англиски субтитли, и кога имаше некој муабет нормално ке попуштев малку за да ги слушам подобро. И неднаш доаѓа сцена со пукање и ке те мрдни од место. Кој курац. Нека биде пукањето по гласно, ама нека не биде сто пати по гласно од муабетот у пм.

Дејството е од 1933 а и муабетите во филмот се застарени како да се од таа година или десетина наназад. Верувам дека Џони Деп ја прифатил улогата ради тоа што му се присакало да одглуми филм каде што ке биде вистински ганстер (а не како Дони Браско), којзнае ... Едноставно не ми е јасно што е толку посебно во овј филм. На моменти е интересен но повекето од времето е спор и досаден.

Од мене

3,5/10

p.s. Да не ме разберете погрешно, филмот за Дони Браско е прва лига.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Saints And Soldiers

За филмов прочитав на темава, ама не можам да го најдам сега мислењето. Бидејќи сакам филмови поврзани со I и II Светска војна веднаш го симнав и не се покајав. Дејството се одвива во II Светска војна каде по една пресметка во Белгија Германците вршат масакр на над 70 американски војници. Од ова успеваат да се извлечат неколку војници кои треба да ја преминат германската линија и да стасаат до своите сојузници. Прекрасно изрежиран филм, со многу интересна приказна(посебно судбината не Декон). Од мене чиста 10ка!
 

alex_death

To be or not to be!
Член од
10 октомври 2008
Мислења
583
Поени од реакции
90
Public Enemies (2009)

После долго време конечно еден добар гангстерски филм. Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969) и Bonnie and Clyde (1967) имаат добро друштво во биографската приказна за Џон Дилинџер, славниот ограбувач на банки од времето на „Големата депресија“.


Приказната ги обработува последните години од животот на Џон Дилинџер, човек кој ограбил преку 20 банки, два пати избегал од затвор и бил сметан и идолизиран како „Модерниот Робин Худ“. Филмот е еден од оние филмови за „добрите негативци“, филм кој не гледа црно-бело (криминалците-лоши, федералците-добри), туку ве тера да се запрашате: кој е тука вистинскиот државен непријател? Филмот сведочи за раѓањето на една нова сила (подоцна позната како ФБИ), под водство на Џеј Едгар Хувер, нејзиниот прв и озлогласен шеф, кој ја претвори оваа институција во нешто блиску до Гестапо, полициска сила која применува и незаконски методи само да дојде до целта.

Како и да е, филмот биографски горе-долу се поклопува со реалните настани од животот на Дилинџер, барем оние покрупните (апсењата, бегствата, смртта). Главната улога совршено ја одглуми Џони Деп. Од филмски аспект, кореографијата и посебно сцените од ноќниот живот се совршени, секој најмал детал се поклопува со сликата за 30-тите години од минатиот век. Пресметките помеѓу бандите и полицијата се исто така одлични, како и грабежите на банките. Музиката е одлична а во центарот на приказната е вметната љубовна приказна која го прикажува Дилинџер како обичен човек со емоции како и сите други.

Она што не ми се допадна се некои од сцените во притвор и други затворени објекти кои се (намерно, незнам од која причина) снимани без никакви ефекти, нешто слично на снимки од документарец. Имал некоја идеја авторот ама мене не ми се допадна. Исто така, можеби е малку предолг филмот.

Му давам 9/10, не сакам да барам многу мани, навистина ми се допадна филмот.

P.S.

Го изгледав на добри слушалки, му даваат на филмот звучни ефекти сличен на кино. Филм не е филм ако ударот на вратата од автомобилот или чекорењето по лисја не се погласни од зборувањето на луѓето. Ако ме разбирате...
Денес го гледав филмов и навистина е многу добар. Едно не ми се допаѓа во приказната дека на крај
умира Џон Дилинџер
. И да, звучните ефекти се многу добри. :) И јас му давам 9/10. :)

Едит од модератор: ставајте спојлери кога откривате премногу, како на пример крајот. Инаку крајот си е каков што е затоа што приказната е биографска :)

Неколку постови погоре ќе бидат избришани, пак вие новајлиите... Не пишувам повеќе зошто сте оф-топик, на секои 2-3 страни повторувам. Читајте наслови на темите пред да пишувате.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Bowling for Columbine.


Уште еден документарец од низата на Мајкл Мур, го имав гледано и претходно само не цел. Дејствието е за американското опшество, нивниот криминал, оружјето и најновата мода која што излезе од кај нив и се префрли кон остатокот од светот а тоа е масовните убиства во нивните училишта. Причините кои се доведуваат личностите во нивното опшество за да направат такви злосторства.....
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Последен гледан филм Wrong Turn 3.
Се работи за глупа луќе кој ќе капмуваат во една шума,но во таа шума живеат луѓе мутирани од некакво хемиско оружјеи имаат тотално психичко и физичко пореметување.
Тие мутирани луѓе уживаат да убиваат други асални луѓе и покрај тоа што ги убиваат и ги јадат.
Сите 3 дела од филмов се добри и може да ги погледнете.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Eден од најтешките филмови што ги имам изгледано. Трилер со science fiction елементи. Се работи за двајца инжинери кои случајно ќе откријат начин за патување низ времето. (time travel is always in) Филмот е снимен со буџет од само 7.000 $ но без прашања заслужува 10/10. Мust see филм.

Primer





Многу клишеа. 40 минути буквално ништо не се случува, океј некој своевиден развиток кој очигледно само режисерот го гледа. Па кога некако почна беше толку очигледен и идиотски што во неколку наврати се прашував зошто го гледам. Алба по дифолт треба да даде повисока оцена на филм во машките очи. :icon_conf didn't happen. Друго што ме привлече во актерската екипа за да го симнам филмот беше Mischa Barton. Но со оглед дека филмот е од 2000та и таа не беше turn on. 0 за глума, 0 за приказна, 0 за непредвидливост.. 2/10

О.. Independence day го гледав по 3та пат. Филмот ме потсеќа на детството. Одсекогаш сум го обожавал. Го знаете. Чисто да го спомнам и да го оценам со 9ка. Можеби заслижува толку можеби не, оценкава е без трошка објективност. :)

ПС. Inglorious Basterds беше кино снимка па го одложив. Следни за гледање Surveillance и Skeleton Key.

ПС. Јес да обожавам филмови, али не сум толку очаен да правам по цели денови тоа. Болен сум па изолиран од секаков вид на социјализирање.

:back:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Anger management



Сношти го гледав, филмот (иако е постар) закон е :). А и што може да се очекува од Адам Сендлер освен комедија :smir:
 
В

Вори

Гостин
Дечко и девојка,двајцата музичари ..Машково свири и пее во рок бенд,а женсково свири виолина или не знам што беше.
По една ноќ помината на една клупа,девојкава дознава дека е бремена.Кога му кажува на татко и,тој се противи на тоа и не сака таа да го има детето.
После расправијата со нејзиниот татко,девојкава ја удира кола.
Оди во болница..после извесно време иде нејзиниот татко и и кажува дека таа го изгубила бебето(што подоцна ќе се покаже дека татко и лажел,и бебето било дадено на посвојување).
Дечково вооптшто не ни знае дека девојката е бремена од него и дека чекала дете.
Така двајцата си одат по свој пат.
После 11 години......

Филмов е многу добар..музичка-љубовна драма..која ќе ве остави без зборови и многу ќе ве разнежни.
Робин Вилијамс е еден од главните глумци.
Се на се..моја оценка за филмов.

9/10
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom