Македонец

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Почеток на 21 век,југоисточна европа во срцето на балканот мојата Македонија.
Над Шара тешки облаци ги милуваат сртовите на планината која како мајка се надвила на плодниот полог од каде се шири миризбата на пресно собраните јаболка, потаму Радика и Бистра како дијамант блеснуваат за низата по Дримот да ја продолжат накај Охридско бисерот наш, Голо Брдо отаму се смешка, галичица се подсмевнува, Преспа се отвара, Пелагонија чека со Егејот да се врзе, мириса на комина во Тиквешијата..натаму Струмичко..луѓе работни како мравки, тука е и Велес и Штип и Малешевијата и Скопје наше подаваат раце за Пиринот, сегде мириса на пресна зимница, на есенски дожд . Жолти лисја шумолат под нозете во воздухот се осекја адреналинот кон првата и единствена љубов-Македонија.
Паметници по секое патче на славното минато, секој камен покрај патот е историја, моја , наша макаедонска.
Луѓе со проблеми ,матни времиња,несигурност..зарем некогаш било и поинаку????
Очи полни со надеж,врела крв низ вените и слатка гозба од патриотски елан.....НЕМА НИШТО ПОУБАВО ОД ТОА ДА СИ ОДБРАН ДА БИДЕШ МАКЕДОНЕЦ !

п.с. така ми иде честопати,па решив со вас да споделам малку )))
 
Можеби политички не се согласуваме, ама текстов е закон. П.С Ако сакате да напишеме, ние што членуваме овде, по некоја прозна реч за Македонија?
 
Можеби политички не се согласуваме, ама текстов е закон. П.С Ако сакате да напишеме, ние што членуваме овде, по некоја прозна реч за Македонија?
Политичкото несогласување сметај го за разонода покрај другите проблеми... ова е тоа што треба да не поврзе нели? :)
 
Пелагонија чека со Егејот да се врзе
Очи полни со надеж,врела крв низ вените и слатка гозба од патриотски елан.....НЕМА НИШТО ПОУБАВО ОД ТОА ДА СИ ОДБРАН ДА БИДЕШ МАКЕДОНЕЦ
!
Прекрасно, браво
 
Политичкото несогласување сметај го за разонода покрај другите проблеми... ова е тоа што треба да не поврзе нели? :)

Токму така.

Искрено....и од дното на душата.
Браво друже огледало.
 
E, заради ова се нервирам...заради ова прекрасно место... заради се што му се случува од разни недоветни личности кои и ебаат мамата кој како и кога ќе стигне...
Македонија е поголема од се, од сите премрежиња...од сите окупатори и предавници...
Браво огледало!
 
Ме наежи постов. Браво огледало!
Тоа треба да не обединува, љубовта кон Македонија, а не партиските определби...
 
Ubav tekst navistina.
Tazno za onie sto neznaat sto znaci da se cuvstvuvas od dno na dusa MAKEDONEC,sto ne si ja poznavat rodnata si zemja, i sto nemozat da im se sladat na ubavinite koi ni gi nudi nasata tatkovina, od gospod podareni.

Neka ni e vecno imeto.
 
Bravo za tekstov i se soglasuvam NEMA NISTO POUBAVO OD TOA DA BIDES MAKEDONEC.:zver:
 
Да ми е тиквешка ракија при рака,
да ми е повардарско вино на маса...
Да ми е Пиринско јагне,
и пиперот од Струмица што расте,
да сум на ветар егејски,
гради што полни...
ќе знам дека сум во рајот,
ќе знам дека сум во Македонија.
 
Тежок збор ти е поимот Македонец.

Вчера цел ден слушам македонски евергрини како:,,Сношти минав покрај вази,,
,,Послушајте патриоти,, ,,Како што е таа чаша,, ,,Калино моме,, ,,јовано,јованке,, ,,Ој,природо вечна убавице,,

и секако не ги испуштам Синтезис!

Е па човеци,треба да си правен од камен за да не се расплачеш на тие македонски песни и треба коефициентот на интелигенција да ти е влезен во минус,доколку не ја почувствуваш величината на Македонецот.

Затоа што:
Големината на еден народ не се брои според бројот на армијата,ниту според големината на државата,ниту пак според бројот на население,туку според духовното богатство и духовните врвови,кои тој народ ги посегнал.

Е,на тоа духовенство можат да ни завидуваат многу народи,вклучително и соседите.
 
Остај романчиња и раскази,дајте конкретни предлози како да си го најдеме местото под сонцето,ама со име и презиме,какво што си сакаме и какво што секој има право да си го користи,во секоја прилика и во секое време.Никој не “паѓа“ на сентиментална база повеќе,не сме 19 век па да ја “обработуваме“ Ана Карењина ебаго.:toe:
 
Е,на тоа духовенство можат да ни завидуваат многу народи,вклучително и соседите.
Мислам дека и го прават тоа. :) Инаку зошто би не негирале па дури викаат дека сме и неспособни сами да создадеме држава па некојси тито таму не создал. Завист нормално. :) А нашите песни што убаво кажуваат кој се се борел за оваа земја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom