Што би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

  • Креатор на темата Креатор на темата city park boy
  • Време на започнување Време на започнување

Што Би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?


  • Вкупно гласачи
    238
Дефинитивно ке му помогнам без разлика на последиците,ако ми е добар другар и близок ДА,но најчесто не слушаат зборењето никогаш не помага...а и + ако цело друштво почне најпаметно е да се отргне човек од такви...
 
Би го врзал за дрво у шума па нека му текне па де се дрогира мајке му га ...
 
Под ова прашање подразбирам тешки дроги - првенствено хероин

Џабе е луѓе , ништо не помага ,ако сам не му текне да прекине - нема шанси друг да го натера ,оди најди му замена за филингот од хероинот - неможеш:toe: , само правец К.Вода ,иако и ова е бедно решение -повеќето пак си зимаат роба кога ќе се вратат .

Кое помагање :uvo:, изгледа сте немале другари зависници од тешки дроги ,во никој случај нема да го одбегнувам - шо ми напраил на мене (нишо посебно) ,сам се уништува - сам ќе си најде желба за прекин .
 
Море жив чоек веќе не знам што не пафнал барем еден џ., а ја уште "нескинат" останав. :(
 
Не ми е логичн во едно исто друштво некој да се дрогира, некој не. Вообичаено тие што се дрогираат си се дружат со такви лица,кои исто така се дрогираат. Ако некој пуши марихуана можи има шанси да му се помогни, но ако е на некоја потешка дрога мислам дека тешко има враќање назад.Тоа е долг и макотрпен процес и тешко дека можи да се извлечи од тоа. На почеток ќе шробам да му укажам дека тоа што го прави не е во ред, дека треба да побара помош и сл, но ако тоа не помогни, ќе се дистанцирам од него. Едноставно не сакам да сум во контакт со такви луѓе. На крај краева секој си го бира својот пат, секој сам си ја крои судбината. Ако тој решил свесно да се самоуништи јас тука не можам да помогнам.
 
интересна тема... претпоставувам сите у близина или у околина имате по некој шо користи дрога без разлика лесна тешка....
едно ке кажам.. имам братучед у таква ситуација и сите го знаат и дома го знаат и џабе... муебтот ама баш ништо не вреди.. ептен ретко некогаш али шансите се 1:10000
 
Не се дружам со дрогираши неќам да ми зимаат од дрогата !
 
Ќе му помогнам и нема а размислувам на последиците само доколку истиот побара помош. Во спротивно, немам никакво право да се мешам. Има родители, старатели и служби кои нудат помош на наркозависниците. Плус, тој свесно посегнал по дрога, никој не го натерал или не му вршел притисок. Не е мало дете па да не знае дека тоа штетно ќе му се одрази. Ако сака да си го уништи животот, колку и да ми е другар, нема зошто да го разубедувам. Другарите се за дружење. Грижа на совест ќе почувствувам само доколку јас влијаам врз неговата одлука да посегне по дрога, но во спротивно, немам ништо направено за некој да си го уништи животот, па и немам право да се мешам во таа одлука, ниту пак да држам лекции за тоа што е правилно а што не според мене.
 
Не се дружам со дрогираши неќам да ми зимаат од дрогата !
А кој би сакал да се дружи со нив?:wink:Но, ако ти е другар еден од подобрите и се дружиш со него и отпосле дознаеш што ќе биде?Јас искрено прво би го кажал на родителите да си превземат мерки, бидејќи со зборење ништо нема да постигнеме си има посебни санкции за тоа!:helou:
 
Шо че праам? Ќе гледам да не ми краде од дрогата..нема друго фајде...:drk:
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: ke mu se pridruzam :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
што сака нека прави...ако си го уништува животот нека си го уништува.
нели демократија сме :)
 
Не би се дружел со нив, бидејќи ако користиш дрога стварно ти фали нешто - според мене.
 
Нивен живот.. пола мои другари се дрогираат па никому ништо.. дај му совет ако го прифати ок,, ако не нека си тера
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom