Немам ништо со тоа. Нема сеедно да ми е, можам да се обидам да помогнам, но не верувам дека би имало било каков ефект. Сум пробала, и мене тешко дека ќе ме слуша. ...А пошто јас не, има кој знае подобро, иако ни шес иљади пати постручни лица не успеваат, ама океј, поарно тоа. Не дружам глупи луѓе, доволно имаат во глава да знаат што и како прават.
Немам наркомани во најтесниот круг на пријатели моментално, верувам дека нема ни да имам. Познавам, сум комуницирала и сум се дружела и со такви што биле на трева само, имам и другарка која забега апла во текот на последниве 2 - 3 години, и знам дека не сум никаков фактор во туѓ живот по ова прашање. Не сум воодушевена од изборот, во секој случај, сеедно за каква дрога се работи. Сега немам такви покрај себе, али првиот момент кога ќе ми се избаци другар/ка со изјава од типот "само марихуана е де/само понекогаш/не е дека сум зависник/па и на болни се дава...", знам колку е саат. Затоа ми е страв, дури и да е само 2 - 3 пати. Доволно сум видела, и доволно сум загубила од тоа ѓубре.
Башка што посељачки муабет од тоа дека дрогата како лек се користи и здрава е, амин. Тачно, у болница со трева ги кљукаат, и они одма оздравуваат.