Гаскоњ се врати на теренот по три ипол години
Поранешната британска фудбалска ѕвезда Пол Гаскоњ се врати вчера на теренот за да игра на добротворен натпревар, неколку месеци по лечењето од алкохолизам и депресија. "
Никогаш нема да можам да го оставам тоа зад себе. Пабови има на секое ќоше, како и дрога. Пиење има насекаде. Но јас веќе нема да пијам. Ќе бидам реконвалесцент до крајот на животот“ - изјавил Гаскоњ.
Тој пред неколку недели јавно проговорил за лечењето од алкохолизам, токсикоманија, булимија и депресија.
Иако има 42 години и се повлече од фудбалот во 2004. година, Гаскоњ играше во Дарлингтон на добротворен натпревар како дел од поддршката на локалната екипа, која е една од најстарите во Англија. Во текот на натпреварот тој постигна и еден гол.
"
Немам играно три и пол години. Фудбалскиот клуб Дарлингтон е од североистокот на земјата и мене многу ми значи“ - вели Гаскоњ, кој по потекло е од тој дел на Англија.
Kone4no