Споделување на одговорноста, за што? За велепредавство!?
Гадурии...
Добро трн, сите знаеме дека си голем патриот, исто како што знаеме и чиви интереси браниш на форумов, барем во политичкиот дел...така да не мора да глумиш лудило.
Добро бе, партиски војничиња(и едните и другите), ќе дојде ли денот кога своето достоинство ќе го ставите над партиската определба?
Ете јас го ставам своето достоинство над партиската определба која сеуште ја немам, и при здрав разум изјавувам дека Република Македонија можеше да дојде до компромис во кој 80% од нашите барања ќе беа исполнети, и компромис со кој ќе го зачувавме уставното име, националноста и јазикот.....а ќе го загубевме само ексклузивитетот врз историскиот поим "Македониа", кој никогаш и не сме го имале.
Сето ова беше изводливо пред самитот на НАТО во Букурешт. Уште повеќе поради големата наклонетост, не на Америка туку на Буш, кој имаше начин да ги притисне грците да го прифатат тој предлог....всушност тоа тој и го потврди за време на самитот кога до последен момент ја спомнуваше Македонија како трета членка која ќе се придружи во НАТО алијансата.
Но.
Недефинираните ставови од наша страна пред самитот, кои во голема мерка се должеа на неодлучноста на Премиерот за превземање на крупни одлуки, доведоа до одземање на инстурументите со кои Џорџ Буш требаше да делува врз грците пред, и за време на самитот.
Инстурументите беа.
Кооперативност од наша страна, искажана преку зрело политичко прифаќање на поголем дел од предлогот на Нимиц кој ни го достави пред Букурешт, а кој за првпат беше дефиниран како про-Македонски предлог.
Што требаше да направи Македонија, или во случајов оној што ја води, доколку имаше осет за простор и време.
Да свика седница на парламентот, за да со концензус предлогот во најголем дел се прифати. Таа постапка од една страна ќе ги одредеше нашите црвени линии (кои сеуште ги нема), а од друга страна ќе му дадеше легитимитет и тежина на предлогот....инстурумент со кој нашите пријатели, кои од ден на ден се помалку ги имаме, ќе можат да лобираат врз грција за прифаќање на истиот.
Но...што се случи.
Неодлучниот Груевски, свика па ја откажа седницата на собранието.
Најповиканиот за став....немаше став.
На неколку часа пред самитот, срамежливо и тајно го прифати предлогот.... а во Букурешт отиде со зборовите "Со Господ напред".
Но тогаш веќе беше касно.
Јес да е Буш моќен, ама далеку е од Господ за да има каже на грците да не ни ставаат вето, оти Груевски му шепнал дека го прифаќа предлогот.
И ?
Се случи она што се случи.
Добивме вето.
Што се случува после Букурешт.
Сите предлози кои доаѓаат, се далеку понеповолни во споредба со тој кој требаше да го прифатиме.
Што ќе се случува во иднина ?
Обама ќе го диктира развојот на настаните, иако не верувам дека екстремно ќе се промени политиката на новата Американска Администрација кон Македонија.
Но.
Далеку од умот е да мислиме дека посветеноста на новоизбраниот Претседател Обама во врска со спорот, ќе биде иста или слична како Бушовата.
Џорџ Буш сакаше да го затвори спорот во наша полза.
Од кои причини незнам, но очигледно се трудеше.
Ретко се случува Македонија да ја има наклонетоста на еден од најмоќните (ако не и најмоќен) политичари во светот.
Македонија таа наклонетост, која во блиска иднина нема да се повтори....незнаеше да ја искористи.
Во иднина ситуацијата ќе се одвива по замисленото сценарио на грците, кое вели дека статус кво е најдобра варијанта за нив, а Македонија уште долго ќе чека слична ситуација како пропуштената.
Ете трн....за такво прифаќање и делење на одговорноста ти зборувам.
Не ми е јасно, со кого Груевски во наредните години ќе ја дели одговорноста, кога уште некој месец ќе ја има апсолутната власт во Македонија.
Кој тогаш ќе му биде дежурниот Жика живац.