Околу темата.
Феноменален потег на Бранко.
И јас така би играл....ама уште од поодамна.
Крајно време беше.
Конечно "предавникот" се тргна на страна.
Сега ќе нема тотално никакви ингеренции за да го "продаде" името.
Кој ќе продава сега драги вмровци ?
Се чудам кон кого ли сега Никола ќе го впере прстот ??
На сто пати пружената рака од Бранко, за споделување на одговорноста....Никола сто пати одговори со популизам, иако ставовите помеѓу нив двајцата во глобала се идентични, освен околу референдумот, кој во последните настапи беше прифатлив и за Бранко.
Груевски сакаше и во наредниве неколку години да ја игра улогата на "спасител", во која воден од популистички побуди, секогаш ќе ја спасува Македонија, кога на Бранко ќе му текне да ја продаде.
Иако малку покасно, вториов ја уконта играта, па и оревот и чеканчето му ги предаде на првиот, така да му го ускрати понатамошното задоволство.
Али грујо не се дава.
Читам денес изјава од Премиерот (во некој од дневните весници) во која вели дека доколку СДСМ го прифати последниот предлог кој допрва ќе дојде, тој бил спремен да го стави на референдум, а ставот околу предлогот (за или против), ќе го соопштел пред референдумот.
Епа кај го има ова бе.
Премиер е он или што кој ... е ?
Злоупотребата на сите во државата заради неговато неспособност да превземе било каков крупен чекор, а со тоа и одговорноста за истиот... не да е очигледна, туку очи вади.
Прво ја злоупотреби глупавата опозиција, која во ситуација на зеро рејтинг, со ставови и изјави се истрчува ко прле пред магаре.
Откако ја истроши неа, предавникот го најде во Бранко.
За разлика од него Бранко има јасен став, кој и покрај критиките, има доблест јавно да го соопшти и да застане позади него.
На крај заради неговата неспособност, Никола е подготвен да го злоупотреби и народот, организирајќи му референдум, за кој шансите да не успее се еден на сто.
И не ми е јасно, до која граница уште може да оди неговата неспособност околу крупните прашања и чекори.
Нека му каже некој на дечково дека освен благодетите кои ги пружа власта, понекогаш треба и одговорност да се преземе на свој грб.
Нека му каже дека денес сме 4-ти ноември 2008-ма година, и дека ДПМНЕ е на власт а тој е Премиер.....а не 4-ти ноември 2005-та година за да изизграва опозиција.
Нека му каже дека е време за одлуки.............било какви.
И дека тој лично е најповикан истите да ги носи....а не СДСМ, Бранко или народот.