Идеална возраст за брак

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Никој немора да се жени/мажи.
Богатиот кога ке спаси бедна девојка, кога ке ја извади од кал и кога ке и покаже раскош што другиот неможе, не принц, како бога на бели орли ке го гледа. :)
Лично јас, не сум планирал никад да се женам. Ако се најдам у ситуација да сакам да живеам со некоја едноставно ке живееме заедно, после некое време ако треба ке потпишеме у општина дека сме у брак. И ке си дадеме збор за добро-лошо. Тоа е интересна ситуација, даваш збор... Сите даваат збор за џабе.
 
Добро бе зошто така го замислувате принцот...принцови веќе не постојат...а извини ти каде спаѓаш во коњушарот???
а постои и поинаква дефиниција за принц освен богатства,престиж,изобилие....можеби тој што успева да задоволи в кревет е принц?! можеби е само улога во некој филм за возрасни,во реалниот живот принцот е принц,претстолонаследник!
 
оф леле,ти девојче знаеш што е стандард и работнички права?! колкава е светската инфлација и дека сега се рачуна на милијарди евра во поново?! милионите изгубија важност....е ама ние ќе сме преживееле со 200 евра,која илузија.....храни фамилија,плаќај сметки и рата за стан и автомобил-неопходни работи па да те видам

Абе момче младо...70% од жителите на ваа држава живеат така...си се свртел околу тебе да видиш??? И/??? Пак се живи...може не потполно среќни ама ја наоѓаат среќата во други работи...во ваа држава стандарт нема...има само на ТВ.
Он топик...брак - кој кога е спремен и кога мисли дека може да чува деца и да гледа фамилија...

а постои и поинаква дефиниција за принц освен богатства,престиж,изобилие....можеби тој што успева да задоволи в кревет е принц?! можеби е само улога во некој филм за возрасни,во реалниот живот принцот е принц,претстолонаследник!

Прилично сме оф топик не станува збор сега за принцови и принцези...не поставувај прашање пред ти да го одогвориш веќе поставеното...
 
Абе момче младо...70% од жителите на ваа држава живеат така...си се свртел околу тебе да видиш??? И/??? Пак се живи...може не потполно среќни ама ја наоѓаат среќата во други работи...во ваа држава стандарт нема...има само на ТВ.
Он топик...брак - кој кога е спремен и кога мисли дека може да чува деца и да гледа фамилија...



Прилично сме оф топик не станува збор сега за принцови и принцези...не поставувај прашање пред ти да го одогвориш веќе поставеното...
таа среќа се распаѓа за неколку години,неповратно :(
 
не знам,на жените во кодот им е да го бараат принцот на бел коњ.....

Колку само грешно го разбирате концептот за принц на бел коњ. Тоа е останато заради приказните со Снежана и Пепелашка и тоа е само термин. Никој не бара совршенство. Под принц на бел коњ секој различно дефинира. Принцот на бел коњ го означува човекот кој посакуваме да го најдеме со кој покрај љубов ќе не врзува и взаемна компатибилност, желба за компромиси и волја сето тоа да успее.

И мажите ја бараат својата “принцеза“, само што никој не го користи тој термин, затоа што цртаните за машките се малку со друга тематика.

Сите го бараме оној/онаа правиот/а, кога ќе го најдеме, повеќето се решаваат и за големиот чекор - брак.

Што се однесува до возраста, сметам дека е различно, ма да, сметам дека е потребно време за созревање, затоа што јас лично бракот го гледам како нешто свето. Посебно бидејќи планирам и да дадам завет и во црква (поради моите религиозни уверувања), секако дека нема да влезам во брак толку лесно и да кажам ДА пред Бог, ако не сум 300 посто сигурна дека тој човек покрај кој стојам е правиот за мене. Бракот е светост и нешто што треба да се земе многу сериозно, така што сметам дека по 26та година, кога веќе луѓето (повеќето) почнуваат да се стабилизираат, добро е да почне да се размислува кон таа насока, но тоа не значи и не гарантира успех, секако.

Никогаш не знаеме животот што носи, не знаеме ништо како ќе заврши и дали ќе заврши успешно, но можеме да се обидеме...
 
сите сме луѓе и бараме благосостојба и посреќен живот,меѓутоа брак само од љубов не успева,не во денешно време!!! има повеќе фактори,на крај краева не зависи СЕ од нас ! животот е борба и треба да се издржат сите тешкотии и премрежија,меѓутоа ситуацијава во државава не нуди иднина и просперитет и затоа СЕ повеќе тешко се донесуваат одлуки за брак.....по мене возраста не би требало да игра посебна улога ако се е како што треба,всушност репрудоктивните можности на човекот се можни и пред станувањето официјално ПОЛНОЛЕТЕН/НА....па види ти:wink:
 
Па никој не кажа дека не е тешко. Се што вреди во животот е тешко. Ништо не е лесно. За се треба труд и нега. Пред се, разбирање и желба за компромис. Ама треба и за тоа зрелост.
 
Само глеј да не имаш проблеми со реумата кога ќе идеш да ги зимаш децата од градинка.

Секој со аспирациите и целите во животот... Некој ги има своите исполнето до 22ата, па што друго му останува? За мене е 30 идеално, за секој различно, нормално. :smir:
 
Машко 28-30 (со обезбеден стан, плата, автомобил и работа)
Женско 26-29 (со обезбедена работа, може и стан)

И двајцата, секако треба да имаат кристално јасна визија за блиската иднина, во врска со формирање на семејство, и негување на истото.
Сметам дека доколку се влезе во брак порано (на пр. 23-25 год.) постои шанса за побрз развод, создавање проблеми со оглед на тоа што сеуште не се изживеани некои работи од животот, тешко е да се обезбеди работа, пари, а да не зборам за стан (куќа) за живеење итн.
 
Пред 2-3 дена случајно го забележав еден мој комшија (1 година поголем од мене, минатото лето правеше свадба) со неговата жена се качија во кола и заминаа некаде.. мене ми беше смешна/чудна ситуацијата, поради годините.. еве јас за 3 дена ќе наполнам 22 а во ниеден момент не сум помислил за брак. Неможам уште да се видам јас како татко, сопруг... Сеуште се чуствувам како да имам 16 год. и дури не сакам засега да помислам за брак. Мислам дека најдобра возраст за брак е помеѓу 27-28 за машко а за девојка 24 или 25
 
Идеална возраст за брак според мене, за машко 27-28, за женско 25-26.
 
Искрено сакам на 29 ...Сакам како мајка ми и татко ми на повоздрасни години...Секогаш се огледувам на нив и сакам така :))))
 
Искрено сакам на 29 ...Сакам како мајка ми и татко ми на повоздрасни години...Секогаш се огледувам на нив и сакам така :))))

делам исто мислење со тебе... 29 плус/минус една година
 
Па некаде 28-33 години
 
Машко од 27-30 години.
Женско од 25-28 години.

Сите кои ке останат неженети или немажени после поминување на овие старосни граници многу е мала веројатноста дека тие ке се оженат/омажат, т.е стануваат стари беќари, и стари моми :))).
Поздрав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom