Идеална возраст за брак

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Може и една анкета :)
Јас мислам дека идеална возраст за брак е некаде од 26 до 30 години... Но ако чекаш да заработиш за кола, стан и други тракатанци ќе останиш немажена/неженет :)
 
Oти ко ќе завршиш факс, нема дерман да видиш од телефонот што ќе ти звони на секој 5 мин со понуда за работа. И таман за 3 години што ќе поработиш, оп ете ти станче, кола и некој динар на страна за на меден месец :)
Ама ова за во Шведска, овде малце морген. :)

Абе нема ни да можеш мирно да одиш по улица,ќе те влечат да работиш за нив.После факс и оп работа,немаше да има 35% невработеност.После факс две години на интервју нема да те викнат,а камоли да се вработиш,плус и платата таман за женење ќе ти биде,почетничка :)
 
Најдобрата возраст за брак зависи од оние што стапуваат во таков тип врска. Кога ќе се јави желбата, кога ќе дозволат можностите - тогаш. Мене лично ми се малку малограѓански поставувањата на некакви временски рамки и инсистирањето на нив по секоја цена. И додека за нас е малку поедноставно, кај женскиот пол (од она што сум чул) посебно во внатрешноста на Македонија, тоа со бракот и годините може да биде прилично непријатна работа. Законитостите на чаршискиот менталитет се мошне ригорозни кон оние кои си дозволиле самостојност и контрола врз сопствениот живот и решиле да стапат во брак подоцна или воопшто да не стапат.
Лично сметам дека годините од 25 до 35 се оптимални, посебно ако се планира семејство т.е. деца.
 
Важно е да се проживеани и со самото тоа - созреани. Ако партнерите се такви, бракот ќе им дојде како логично крунисување на нивната зрелост и почнување на втор заеднички сплотен живот. Во просек некаде би му дошло - 30 години. Сепак, да не се коси со биолошкиот саат (ако сакаат да имаат потомство).
 
Koga ti si mislis togas e najdobro sekako da odlucis na zdrav mozok.
 
Шо знам мене се некако ми се врти во глава бројката 28 години...ќе видиме што ќе испадне.
 
Мислам дека 25 до 28години за женското се ок, а машкото зависи од 26 па до 30 најкасно, веке 31 мислам дека е касно
 
Идеална бројка?мислам дека не постои таква...според мене тогаш кога си спремен,кога мислиш дека си зрел за имање семејство...
 
јас вака мислам, да си над 21-на година и да имаш добро платена работа, зашо џабе ти е и на 25 или 30 да се жениш или мажиш ако неможеш да издржуваш фамилија, ех вака циганиве да размислуваа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom