Се надевам дека ќе ми текне да ставам и слика кога ќе појдам дома. Инаку имам Onkyo појачало 4х70 синус, тјунерче и cd-player исто од Onkyo истата серија.
Еве понова верзија од појачалот разликата е во едно копче, тоа pure direct го нема кај мене и во еден влез кај мене нема DOCK пошто во тоа време кога го купував MP3 плеери беа мисловна именка:
Звучките ми се пар, B&W довосистемски бас и високи во висока кутија со призма систем, 120W музичка сила односно 91dB, со можност за BiWire врзување со појачалото. Нажалост подобри слики од оваа кога ќе си дојдам дома од звучките
Инаку кога станува збор за слушање на добар звук, чист и исполнет а не за шурки комплетно го поддржувам Лет3 дека појачалото треба да биде појако од звучниците за да може комплетно да ги подигне. И сто така е битно да се знае дека во еден релативно мал затворен простор џабе ќе ставате појако озвучување кога после одредено ниво повеќе не се ни чувствува разлика во гласноста иако се дава повеќе сила на звучниците, бидејќи звукот се „угушува“, и кога во момент би се зголемила просторијата би се почуствувало нагло сголемување на гласноста.
Сам ова го имам пробувано дома.