Автогол
Господине квази-претседател на Република Македонија, граѓанину Бранко Црвенковски.
Немој да си помислите дека ова се зборови на Бичиклиски од некој прес на ДПМНЕ (иако не е исклучено споменатиов и да е автор на цитатот).
Вака почнува писмото на осудениците од Идризово, испратено до Претседателот на државата Господинот Бранко Црвенковски, на 05,08,2008. во врска со нивното наводно помилување, а наводно иницирано од аболицијата на претседателот врз градоначалникот на Струмица.
Не е ни прв пат а ни последен, затвореници да бараат помилување од структурите на власта.
И се ќе беше во ред, доколку уште во вториот збор на писмото, не се демаскираше инволвираноста на ДПМНЕ во ова рашомонијада, а се со цел да се зграби уште некое популистичко поенче меѓу обичниот народ, за сметка на "квазипретседателот".
Управникот на затворот Миле Младеновски, веднаш свика прес.
Тема:
Топлите временски услови и психата на затворениците.
Поднаслов:
Јавно читање на писмата од затворениците, за атар на Никола а инат на Бранко.
Никола...среќен до бескрај.
Весници пишуваат...народот гневен...квазипретседателот демаскиран.
1:0 за николче.
А Бранко, си ги лади...
нозете у турска на море, придружуван од колегата негов, турскиот Претседател Ѓул.
И стварно ќе беше анФер од негова страна, доколку не му дадеше + некој ден фора на малиот Никола, за да се дорадува на првиот нанесен, силен удар...(макар и испод појас) врз лицето Б.Ц.
После неколку дена, на пат за накај дома...барајќи законска регулатива со која ќе ги помилува револтираните затвореници и затворенички од Идризово....Бранко наидува на пречка!
Ерор 404!!!
Уставот не му го дозволува тоа право.
Бранко во привидна паника.
Но во желба да ја услиши желбата на засегнатите...копајќи по уставот и зкоаните, доаѓа до неверојатно откритие.
Колективното помилување, такво какво што барат затворениците, било во доменот на Претседателот на владата...и никој друг.
Па не сакајќи да се меша во премиеровите ингеренции, ноншалантно му ја префрла топката на пртивникот.
1:1
Со спектакуларен гол од волеј, во асистенција на Никола.
Бранко се смее.
И таман помисливме дека ќе заврши нерешено.
Те ти ги засегнатите.
Не дават да заврши натпреварот.
"
Со одбивање на појадокот, изутринава сите затворенички и дел од затворениците почнаа со долго најавуваниот штрајк со глад.
Нивните барања повторно ги испратија до Претседателот,
Премиерот, и спикерот Вељановски......"
Никола се чуди.
Договорот беше утакмицата да трае деведесет минути....без продолженија.
Арбитрот Миле Младеновски, кој еуфорично го најави натпреварот...наеднаш го снема од пред очите на јавноста.
Го нама на прес да објасни, чуму овие продолженија.
Та нели однапред беше договорено колку треба да се игра.
Но ете, по незнам кој пат...Груевски ја направи сметката, без да ги изкалкулира манипулативните трошкови.
А манипулативните трошкови (трошкови на оние кои ги изманипулирал), и не се толку мали.
Амнестија од вкупната казна за 30 до 50 проценти и почесто судско практикување на мерката условен отпуст.
И нормално луѓето, какви и да се...во право се.
Тие само одбиваат да останат неми статисти во трилерот.
Во кој главните улоги (барем досега) ги играат политичките магнати Никола Груевски и Бранко црвенковски
А кој носи работен наслов "Star Wars"
Или во превод по нашки "Курчење пред народот,и собирање популистички поени, без пресметан ризик".
Па Никола, топката е кај тебе.
Исполни им ги барањата на затворениците, бидејќи само Ти можеш да го направиш тоа.
И заврши ја играта која наивно ја започна.