Јас сум љубител на добра дискусија, а понекогаш за добра дискусија се потребни и долги објаснувања.
Ете сега ти на пример си напишал 10 точки, но тие 10 точки сами по себе не значат ништо, доколку не се поткрепени со некое твое милсење, аргумент или факт.
Ако Јас ти реплицирам на сите 10 точки, со образложение како твоето, тогаш дискусијата би требало да се сведе на добропознатите
фрази кои се цитирани на форумов најмалку 1000 пати.
Па затоа би почнал со првата точка.
Добропознатата фраза, Бранко го продаде името, не држи вода.
Би требало да знаеш дека името сеуште не е продадено...а дали некој во иднина ќе го продава, не можам да тврдам.
Би требало да знаеш дека FYROM е привремена референца.
Би требало да прочиташ малку и да напишеш, под кои услови е донесена таа референца.
Прочитај малку околу грчкото ембарго кое траеше скоро две години.
Прочитај за ембаргото спрема Србија.
Информирај се која е штетата што Македонија ја претрпе во тие две години.
Знаеш ли колку беше буџетот во 1993 година...сигурно не две ипол милијарди евра како денес.
Знаеш ли всушност, која беше целта на потезите на грција?