30 дена притвор за Заев

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Па нели спорно е земјиштето? Или не?
Размисли малце барем ти си интелигентен.. Една нива во струмица 8 милиони ли вреди :pos2:
Колку што се сеќам на местото не глобал имаше само железарии и отпадок..МИслиш дека вреди 8 милиони? :tv:
Плус тоа во проектот читко и јасно е напишан и откупот на земјиштето, значи се дало пари и за тоа.
Значи нешто друго е во питање
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
За 24 часа се собраа 10 000 потписи за подршка за ослободување на нашиот градоначалник. Не дека многу ке влијаат , но бидејки сме околу 35 000 народ кој моментално може да даде подршка, а толку дале за 1 ден, тоа е супер.:wink::smir:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Па нели спорно е земјиштето? Или не?
Земјиштето не може да биде спорно затоа што луѓето на кои им било одземено при национализацијата двапати биле обештетени од страна на државата ...Прогласено е за земјиште од јавен интерес и е дадено на користење на Комуналец..уште '68 година..Експропријацијата е завршена уште '57..Со тоа Комуналец има право да гради на тоа земјиште согласно со генералниот план од '87
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка.


За истите семејства што ќе се појават како сведоци има судска одлука дека немаат право на враќање надомест.


„Самото обвинителство има контрадикторност во обвинението. Од една страна, го обвинува господинот Заев дека градел на државно земјиште, а од друга страна се бори да им се врати земјиштето на подносителите на барањето за денационализација“, рече Ване Андреев, адвокат.


Адвокатите покажаа договори на ЈП и градежна фирма, исти како и тоа на Заев за право на користење на градежно земјиште. Тие појаснија и дека Министерството за транспорт еднаш дало насоки за изградбата на деловниот центар, по кои е постапено и по што не реагирале повторно.


„Инспекторатите од Министерството за транспорт и врски и Управниот инспекторат ги немаат укинати, нити поништено одобренијата за градба и одобренијата за локациски услуги. Обвинителството, истрагата би требало да ја насочи и спрема наведените органи при Министерството“, вели Ване Андреев.
Дали по ваквата одлука, некој од Кривичниот совет во догледно време ќе напредува во апелационен судија, прашува одбраната на Заев?


Такви примери досега имаше до судската пракса. Заев наместо во „Александар Палас“ да ја прими наградата од 15.000 евра за општината од Фуере за деловниот центар, остана во ќелија со уште седуммина да ја чека посетата на адвокатите.
Семејството првпат ќе може да го посети дури на 5 август.
Апсењето на Заев беше причина да се јави коалицијата „Сите за правично судење“, поддржана од ОБСЕ и шведскиот Хелсиншки комитет. Го осудуваат спектакуларното приведување на струмичкиот градоначалник, но и поставувањето како топ настан на медиумите.


Од коалицијата прашуваат дали со самото сомневање за кривично дело секој ќе биде жигосуван во интерес на МВР, а со цел да се покаже нивната ефикасност во борбата со организираниот криминал?


Извор : A1
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Don't worry be HAPPY и судија ќе заглави
 
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
Според овие последниве докази кои се изведени од одбраната, судењето ќе заврши уште во првата минута. А се надевам дека ќе биде покрената и постапка за утврдување на вина кај СИТЕ членови на кривичниот совет, судијата и оставка на министерот за правда. Заев да си добие и дебела отштета за нанесената тортура и намалениот углед!
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка.


За истите семејства што ќе се појават како сведоци има судска одлука дека немаат право на враќање надомест.


„Самото обвинителство има контрадикторност во обвинението. Од една страна, го обвинува господинот Заев дека градел на државно земјиште, а од друга страна се бори да им се врати земјиштето на подносителите на барањето за денационализација“, рече Ване Андреев, адвокат.



Адвокатите покажаа договори на ЈП и градежна фирма, исти како и тоа на Заев за право на користење на градежно земјиште. Тие појаснија и дека Министерството за транспорт еднаш дало насоки за изградбата на деловниот центар, по кои е постапено и по што не реагирале повторно.


„Инспекторатите од Министерството за транспорт и врски и Управниот инспекторат ги немаат укинати, нити поништено одобренијата за градба и одобренијата за локациски услуги. Обвинителството, истрагата би требало да ја насочи и спрема наведените органи при Министерството“, вели Ване Андреев.
Дали по ваквата одлука, некој од Кривичниот совет во догледно време ќе напредува во апелационен судија, прашува одбраната на Заев?


Такви примери досега имаше до судската пракса. Заев наместо во „Александар Палас“ да ја прими наградата од 15.000 евра за општината од Фуере за деловниот центар, остана во ќелија со уште седуммина да ја чека посетата на адвокатите.
Семејството првпат ќе може да го посети дури на 5 август.
Апсењето на Заев беше причина да се јави коалицијата „Сите за правично судење“, поддржана од ОБСЕ и шведскиот Хелсиншки комитет. Го осудуваат спектакуларното приведување на струмичкиот градоначалник, но и поставувањето како топ настан на медиумите.


Од коалицијата прашуваат дали со самото сомневање за кривично дело секој ќе биде жигосуван во интерес на МВР, а со цел да се покаже нивната ефикасност во борбата со организираниот криминал?


Извор : A1

Законот за денационализација е многу прецизен,додека трае постапка за денационализација не е дозволено било какво отуѓување до конечно правосилно решение.Во меѓувреме имотот е во сопственост на Р.Македонија па така да тука нема никаква контрадикција.Уште нешто, тоа што има судска одлука дека немаат право на надомест донесена од апелациски суд исто така нема никакво значење ако ја обжалиле на Врховен суд (или по ново Управниот суд ) ,бидејќи со тоа постапката продолжува.Ако стигнале до апелација скоро е невозможно да не продолжиле понатаму.
Она што на мене ми е многу интересно се коментарите дека некои ‘‘ украдени 200 м ‘‘ не се толку важни бидејќи сепак се изградил репрезентативен објект кој сега ете треба да добие и награда.
Јас само би ги прашал дали ќе го имаа истото мислење ако тие ‘‘200 метри‘‘ беа во нивна сопственост,или од симпатија спрема градоначалникот ќе му ги подареа.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Лугето се решени да го затворат Заев додека траат изборите и готово. Не е битно дали ке го осудат. Само лошо е што може да се случи во нашите затвори. Кој ке му стори нешто гроб да нема, на патот да спие цел живот:pusk::smir:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Па Струмикс погоре рече дека судијата не може да се менува како обвинителката. Тоа е друга процедура, така мислам:toe:
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Офф мори мајко читам назад и искрено се смеам на коментарите на струмичани.. заев бил добар го изградил најубавиот трговски...

Ок го изградил НАЈУБАВИОТ трговски ... но дали направил криминал при изградбата или не??? моментално е ОБВИНЕТ дека направил... во тек е постапката која на крај ќе заврше со судска пресуда.. и или ќе биде ослободен или ке биде осуден... во зависност од доказите така да ако е он ПРАВ нема потреба да кревате узбуни ќе си презентира докази ќе ги побие обвиненијата и ќе биде ослободен...

и пак ќе нагласам... ЗАЕВ ГО НАПРАВИЛ НАЈУБАВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР , прашањето е дали на законски начин.... ајт поздрав и не се глупирајте со тоа дека бил добар... најдобар нека е, Законот важи за сите
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Законот за денационализација е многу прецизен,додека трае постапка за денационализација не е дозволено било какво отуѓување до конечно правосилно решение.Во меѓувреме имотот е во сопственост на Р.Македонија па така да тука нема никаква контрадикција.Уште нешто, тоа што има судска одлука дека немаат право на надомест донесена од апелациски суд исто така нема никакво значење ако ја обжалиле на Врховен суд (или по ново Управниот суд ) ,бидејќи со тоа постапката продолжува.Ако стигнале до апелација скоро е невозможно да не продолжиле понатаму.
Она што на мене ми е многу интересно се коментарите дека некои ‘‘ украдени 200 м ‘‘ не се толку важни бидејќи сепак се изградил репрезентативен објект кој сега ете треба да добие и награда.
Јас само би ги прашал дали ќе го имаа истото мислење ако тие ‘‘200 метри‘‘ беа во нивна сопственост,или од симпатија спрема градоначалникот ќе му ги подареа.
По првата точка Заев појаснува дека процесот на денационализација е завршен со правосилни судски постапки со кои се отфрлени новите барања за денационализација и дека од 1968 година на предметниот простор е изграден струмичкиот пазар што стои во сите генерални урбанистички планови.

Извор
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
132
Поени од реакции
9
CUDNA MAKEDONSKA POLITIKA KOJ NAD KOGO E SEGA. ISTRAZEN SUDIJA GO OSLOBODI OD PRITVOR I DA SE BRANI OD SLOBODA ,A NEKOJ SI TAKANARECEN VO "SUDSKI SOVET" DA PREIMENUVA ODLUKA NA IZVRSEN SUDIJA JAS GO PODRAZBIRAM KAKO VOVEDUVANJE NA POLITICKI REZIM NA VLASTA NA POSTEPEN NACIN PREKU NOVO NAZNACENITE PRETCEDATELI SO RODNINSKA VRSKA KAKO OVOJ NOVIOT NA VRHOVEN SUD KAKO STO REKLE SRBITE PEVAJ KAKO STO TI JA KAZEM A TOA E GRUJO I KOMPANIJATA DA UNISTAT COVEK KOJ MOMENTALNO MOZE DA GO FRLI VO SENKA ZA NEKOJA GODINA I NAPRAVI OD STRUMICA 1 PREKRASEN GRAD KOJ TREBA DA MU SE VOSHITUVA CELA MAKEDONIJA NO TOA NA NEKOJ NE MU ODGOVARA ,SEKAKO DEKA SEKOJ KOJ STO NAPRAVIL KRIMINAL TREBA DA ODGOVARA NO TREBA DA SE IMA DOKAZI ZA TOA NEZAVISNO ZA KOJ SE RABOTI I TREBA DA SE PREKINE SO TOA JAVNO PONIZUVANJE NA TELEVIZIJA SE DODEKA NE SE DOKAZI DEKA OVOJ I OVOJ COVEK NAPRAVIL TESKO KRIVICNO DELO A NE USTE NE DOKAZANO OP NA TV PA TOA SAMO GO IMA VO ZEMJI SO REZIM ,KAKO OVA STO SEGA SAKAAT GOSPODATA NA VLAST DA DONESAT ZAKON SO STO PRETSEDATEL NA DRZAVATA KE SE IZBIRA VO SOBRANIE PA OVA STVARNO GO NEMA NIKADE VO KOJ DEMOKRATSKA ZEMJA AKO MOZI DA SE NARECE MAKEDONIJA DEMOKRATSKA ZEMJA KAKO STO GLEDAM MAKEDONIJA STANUVA ZEMJA SO POSTEPENO VOVEDUVANJE NA TOTALITAREN REZIM KAKO VO ZIMBABVE,LIBIJA ,IRAN I KOJ ZNAE KOJ NE DRUGI ZAOSTANATI ZEMJI VO SVETOT.

TESKO NAS SO OVIE MAKEDONSKI PARTII SAMO UMOT NI GO ISPIVAAT A POSEBNO ONAA POLITICKA TELEVIZIJA SITEL SO LATAS NA CELO KOJ GAZOT SI GO PRODADE USTE VO VREMETO NA LJUBCO GORGIEVSKI PRODADENATA DUSA BUGARSKA, I OVAA SEGA SO BUMBAROT ZIV REZIL KOGA BEA TEMITE SO ONAA NA CELO ZA ZORAN ZAEV BESE ZIV SRAM OD 15 STO SE JAVIJA 5 GLASAA ZA DA SE ZATVORI COVEKOT A 10 BEA PROTIV I VIDITE SEGA RAZLIKA TUKA DOJDOV 70 BELI BUMBARI SAMI SI PISAT KAKO STO KE MU NAREDAT SINGO VECNIOT I VMRO ILI KE MU LETAAT GLAVITE KAKO NA PETLI NA TRUPEC KOGA KE STAVIS TOA TI TV SITEL SO STIHOTVORBITE NA MEGDAN ZIVA SRAMOTA .

POZZ
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Оф топик.
Значи може да заклучиме дека Фуере ја зборува вистината, не навлегувајќи во тоа чиј потпис е поточен.
Oф топик - точно, затоа и го ставив во потпис, да не биде дека е само комуњар :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom