Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кога го плескаш светскиот рекет бр. 1 на 21 година, нормално е да ти треба време да го стигнеш во достигнувања на хартија, иако си му докажал на цел свет дека си подобар тенисер од него. :wink:
Муабет за најдобар тенисер на сите времиња е беспредметно и нелогично. За таков муабет треба да ги собереш најдобрите играчи во најдобрата форма и години па да ги пуштиш да играат, а тоа не е можно.И Федерер ги плескаше Сампрас, Агаси, Кафелников, Хјуит (последниов не е многу стар) кога беше млад, па мораше да направи уште еден гренд слем за да биде подобар од Сампрас... Нормално да новите генерации генерираат нов начин на игра со која ќе ја скршат веќе видената игра на докажаните професионалци. Не е тоа никакво мерило за јачина на еден играч. Мерилото е достојноста во играта, малкуте киксови, доследноста и константното напредување и знаењето да не се прилагодуваш на туѓа игра, туку да го натераш играчот да се прилагоди на тебе.
Федерер е најдобриот играч на сите времиња - засега.
Ако Надал достигне повеќе од него, тогаш зборувај дека докажал дека е подобар тенисер од него. Бидејќи Федерер знае што требаше да направи за да докаже дека е подобар од Сампрас, иако го „плескаше“ уште ко тинејџер.
И Федерер ги плескаше Сампрас, Агаси, Кафелников, Хјуит (последниов не е многу стар) кога беше млад, па мораше да направи уште еден гренд слем за да биде подобар од Сампрас... Нормално да новите генерации генерираат нов начин на игра со која ќе ја скршат веќе видената игра на докажаните професионалци. Не е тоа никакво мерило за јачина на еден играч. Мерилото е достојноста во играта, малкуте киксови, доследноста и константното напредување и знаењето да не се прилагодуваш на туѓа игра, туку да го натераш играчот да се прилагоди на тебе.
Федерер е најдобриот играч на сите времиња - засега.
Ако Надал достигне повеќе од него, тогаш зборувај дека докажал дека е подобар тенисер од него. Бидејќи Федерер знае што требаше да направи за да докаже дека е подобар од Сампрас, иако го „плескаше“ уште ко тинејџер.
Муабет за најдобар тенисер на сите времиња е беспредметно и нелогично. За таков муабет треба да ги собереш најдобрите играчи во најдобрата форма и години па да ги пуштиш да играат, а тоа не е можно.
Да не заборавиме дека Федерер зеде најмногу Grand Slams кога немаше вистинска конкуренција, секогаш беше едно ниво погоре од другите, го спомнуваш Сампрас ама тој беше на крај на кариера и не знам колку се смета конкуренција ако изиграле само еден натпревар, Кафелников, против него има негативен скор, Агаси, кога беше помлад го плескаше Федерер, ама после беше престар за да му се спротистави, Хјуит не го сметам за никаква конкуренција на Федерер, Надал, Мареј или било кој од денешните топ 20.
Ако бил Федерер најдобар зошто има негативен скор против Мареј, Надал, можеби и уште некој, а да не заборавиме дека Надал успеваше да го победува кога Федерер играше во најдобра форма. Дали тоа значи дека тие се подобри од најдобриот?
Си го утнал Фан клубот , кој фактор си ти да кажуваш во овој фан клуб дека еден плачко е најдобар , и споредбава ти е катастрофа , ај нека игра со МекЕнро да видиме! ! !
Мораш да го земеш и во предвид факторот дека не е крив Федерер што освојуваше гренд слемови во време на неконкуренција... Тогаш немаше потреба од негов напредок во играта, бидејќи неговата игра како таква беше повеќе од доволна за да биде на 1 ниво подобар од сите. Едноставно немаше човек што ќе го победеше. Дојде Надал со подруг пристап на игра кој беше нелогичен за Федерер, и нормално дека е потребно време да се прилагоди на таа игра и да најде начин како да ја скрши, бидејќи сигурен сум дека Надал добро ја имал анализирано играта на Федерер, кој веќе објективно не може да се носи со новиот стил на игра кој го носат младите играчи. Нормално, новата генерација е подобра од старата. Но, за почит е снаодливоста на Федерер во новава ера на тенисот, кој предобро се држи засега. Ако е беспредметен и нелогичен муабетот за тоа кој е најдобар на сите времиња, тогаш не знам што се замараат верните фанови на Надал за тоа која статистика ја има Федерер и стално го истакнуваат меѓусебниот скор со Надал. Се работи за различни стилови на игра кој некогаш одговараат - некогаш не.
Беспредметно е да се споредува, нели.
Не ми е утнат фан клубот бидејќи реплицирав на Фан на Надал и во мојот пост немаше ништо навредливо, како твојот болд. Но, те разбирам, во недостиг на зборови се служиш со најлесното. тс. мња. чаос. Си одам кај плачкото фан клубот. :\
не реков дека имаш пишано навредливо , туку споредбата што си ја правел со играчи на крај на кариера како Сампрас и со млад играч не ти е во ред , а тоа што е болдирано е така , кога некој јавно ќе заплаче заслужува да се нарекува така !
Ако се врати ке биде долга пауза, и не верувам дека ке се врати во неговата фантастична форма, сигурно ке му падне формата. Да веруваме дека ке се снајде и ке си ја врати формата ако одсуствува подолго. А тоа со кариерата не верувам башка да се повлече, ке одмара неколку време па ке почне пак.Знам читав за тоа дека кариерата му е во опасност и бев свесен за тоа уште пред година дена. Не сум му ја крив на Надал што тој повеќе употребува трчање во играта отколку тактика. Сепак штета ќе биде ако се повлече вака млад, мада не верувам да се случи тоа, за 3-6 месеца ќе биде како нов.