Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Vamos Rafa
Сакам да се врати од се срце без него не ми се гледа тенис !
 
Таман , за УС Опен се враќа и има на сите да им ја скрши кичмата ! ! !
 
Надал во иднина само на Гренд-слем !?

Рафаел Надал во иднина најверојатно ќе настапува само на големите четири Гренд-слем турнири. Според, пишувањата на шпанските медиуми младиот светски рекет број 1 е толку начнат со повреди што едноставно мора да ја дозира својата програма.

Најдобриот светски тенисер, кој вчера можеше да му ја препушти првата позиција на АТП листата на Швајцарецот Роже Федерер (со победа во вчерашното финалето на Вимблдон над Родик), мора да ги смени приоритетите, тврдат и лекарите.

Надал, како што е познато не настапи на Вимблдон поради повредата на коленото, а специјалистите за такви повреди велат дека е неверојатно така млад човек да има таква повреда. „Неговите колена се како на 30 годишник, а не на дваесет“, кажаа лекарите по прегледите.

Сега е ред на Шпанецот, кој моментно се опоравува на Мајорка, да одлучи дали ќе ги послуша стручните лица. Според, личниот лекар Руиз Котор, Шпанецот би требало да биде подготвен за игра за три до четири недели. Тој треба најпрвин да се појави на турнирот Мастерс 1.000 во Монтреал, а потоа ќе следат подготовки за Ју-Ес опен, еден од четирите Гренд-слема.
 
Мала корекција рекет број 2 е.:tv:

Не стигна до вториот пасос изгледа. :icon_roll

Најдобриот светски тенисер, кој вчера можеше* да му ја препушти првата позиција на АТП листата на Швајцарецот Роже Федерер (со победа во вчерашното финалето на Вимблдон над Родик), мора да ги смени приоритетите, тврдат и лекарите.
само што не е тоа поентата на тексот.

*текстот им е пишуван пред завршетокот на финалето
 
Одма почнаја овие Рекет број 2....хммммммммммм....Рекет број 1 беше тогаш кога е пишуван текстот така да не се бунете одма...

И наското ке биде повторно рекет број 1...на Федерер нема да му се игра многу кога ке добие деца...во фамилијата....верувајте...

Тоа е правилото за секој спортист....Ке нема мотиви да игра понатаму..

Очекувам Родик да биди во прв план за Ус Опен, како домашен фаворит...Па после сите тие....другите...

Се надевам дека Рафа ке се врати посилен од кога и да било...
 
најдобар и најискисен тенисер е рафаел надал
 
најдобар и најискисен тенисер е рафаел надал

За најдобар, беше најдобар, ама за најискусен, треба уште многу муви да јаде, за да го стекне она искуство што го имале и го имаат останатите тенисери како Федерер, Родик, Хјуит, и слично...
 
Nadal is back!!!!!! :vozbud::vozbud::vozbud:
Денес првпат имал тренинг после повредата. Вика дека тешко ќе му биде да се врати во топ форма до крајот на сезонава зашто после повеќе од 1 месец пауза го има изгубено ритамот... ама е задоволен сега за сега.
 
Ајде ѕверу , полека да се опоравиш и да им докажеш на сите хејтери(а ги има многу)дека си едноставно најдобар.
Толку се опасни тие повреди , што најверојатно нема да игра на секакви турнири.:(:(
 
На Канал 5 плус го даваат овој турнир.Инаку Надал денес игра против Дел Потро.Не знам точно во колку часот...

Од 2,15 е.Не знам дали ќе пренесуваат.
 
Немаше никаква игра со која ке му парира на Дел Потро. Дали тоа значи дека уште го мачат повредите?
 
Надал отиде од понеделник на 3 позиција
 
Надал е далеку од формата пред повредата, нема што да се очекува од него. Самиот призна дека не е во форма и очекува да загуби, како што и се случи. Се надевам барем до US Open дека ќе се подобри. Ја загуби и втората позиција но разликата е минимална, може да ја врати и на следниот турнир, но само ако ја подобри играта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom