Изнервиран сум....и вчудоневиден.:nesvest:
Изреволтиран....до крајна мера.
Се утепав чекајќи да го видам ставот на латас, во врска со новата коалиција...т.е. неговите патриоти од ДПМНЕ, и терористите и удбашите (као он до вчера шо ги викаше), искажан во неговата колумна (драпање муда), ама ништо работа....
Чекај си ти реален, ако си немаш друга работа.
Латас ќе ја тупи уште многу време, се додека народот не заборави, што тој самиот пишуваше за ДУИ во неговите колумни...па после одеднаш.......ќе почне да ги фали, и херои да ги прави.
Додуше он уште вчера ги пофали...во еден текст прочитан на страната на сител...кој демек не беше авторски потпишан...ама пошто он има беден фонд на зборови, лесно човек може да претпостави, које е дудлачот на неавторскиот текст.
А...латас, латас....
Настан на деценијата пропушташ без коментар...каков и да е.
А фрустрациите твои лични...ги читаме долго време во твоите колумни-жалопојки.
И сега...пак истото.
Латас плаче оти нема лиценца новинарска, за да може да оди во грција.
Па каква лиценца побогу, па и новинарска.
Ја на тебе ни чобанска лиценца не би ти дал.
5 овци да ти нацрта чоек на лист, ќе ги изгубиш...а камо ли да ги чуваш.
Еве го неговиот беден текст, напишан за кој друг...ако не за новинарите и комунистите....а ја од револт спрема бедата негова...утре ќе направам анализа, да видиме...од што тоа латас е толку фрустриран, па од ден на ден,е се повулгарен, и зошто неговите колумни, се повеќе ми наликуваат на еротски приказни.
_____________________________________________________________
Цитат:
Има едно чудо работи што се случуваат само во Македонија. Само тука и нигде на друго место. Оваа посебност за перверзните значи комплимент, демек ете не сме како другите. За мене не. Повеќе би сакал да имаме досадно и предвидливо, мирно општество како Шведска, Данска или Швајцарија.
Ќе скрши човек нога, знае што го чека: болница, лекар и две недели боловање на државна сметка. Нема изненадувања дали воопшто има лекар во смената кога човекот отишол во болница, па дали има лек за болеста и, најпосле, која тарифа ќе мора да ја плати под маса за све ова претходново да го има кога него му треба, и како што му е потребно.
Истово важи за добрите денови: ако си добар студент, или ученик, во досадните општества скоро сигурно тоа значи дека ќе имаш пристојна работа. И се што следи со тоа, и потоа... и така, во недоглед. Се мирно, и предвидливо.
Е, овде не е така.
Да не прозивам други, да ѕирнам во мојава фела. Се шокирав кога дознав дека комуњарското Здружение на новинари - ЗНМ, она што е основано во комунизмот, па конвертирано со декрет во демократско, и кое го водат лица и прилики кои од времето се кадар во МРТВ и Нова Македонија... значи тоа ЗНМ потпишало пакт со грчката амбасада во Скопје за меѓусебна поддршка. Да. Пактот е следен. Бидејќи ЗНМ до скоро немаше прилив на членови, а биолошки комуњарската конвертирана маса се тенчи од година во година, им текнало да потпишат договор со Грците од нивната канцеларија за врски во Скопје со кој - за нивните членови, од ЗНМ, Грците ќе издаваат бесплатни визи!
И одат новинари, што не се членови на ЗНМ, да бараат грчка виза, кога Гркот им вика: оди зачлени се во ЗНМ, и дојди по виза без пари. Гркот од конзуларно им е трговачки путник, аквизитер на Здружението на новинари што им пакува нови членови.
Одеднаш, во ЗНМ им тргнува бизнисот. Нови членови има секој ден. Благодарни му се на Гркот од конзуларно до небо. Ги вратил во живот, богати. Они, како комуњарски сукцесор знаат добро за сите предности на врзана трговија. Како во нивно време. Кога кафето го немаше, кога беше дефицитарно, ако сакаш да ти дадат кафе во самопослуга заедно со него мораш да купиш и вреќа брашно тип 200. Не е важно што брашното не ти треба, а и што такво не се користи за ништо освен за сточна храна. Нејќеш брашно, нема кафе. Па ти трпи.
Гркот им учинил, па раководството на ЗНМ сега кешира масовно, и нормално станува влијателно бидејќи има стален прилив на нови членови. Сега се поставува прашање како да им возвратат на Грците?
Раководството на ЗНМ, и сегашното, а и претходното, има уреднички места во повеќето медиуми. Од тие позиции добар дел од нив, секој ден, притискаат по Владата да прифати се што Грците бараат за името. Тоа, као, е компромис, и тоа било безалтернативен стратешки интерес за Македонија. Ебати изборот кога е без алтернатива. Тоа и не е избор.
Не дај, боже, како во случајот на дописничките од Брисел, некој да се пожали на нивното известување во врска со ова. Еве ти ги ЗНМ на врат. Мајке ке му се изнаебат на секој што им се спротивставува. Дури имаат и суд на честа, кој суди секого што напишал нешто поинаку од нивните интереси. Една класична идеолошка, комуњарска комисија, која не се произнесува само за свои членови, што би било логично, туку судат секого, дури и за писма на читатели.
Колку оваа Грчко-новинарска комбинација е перверзија, лесно ќе се разбере ако се примени истата варијанта на партии: ако си член на СДСМ, имаш виза без пари, или ако си член на навивачите на фудбалски клуб Вардар плаќаш за виза, а ако си од Работнички ја добиваш бесплатно...
Грците и ЗНМ, така, се здружија на заедничките интереси. Новото здружение, кратко и јасно се вика ГЗ, она Новинари на Македонија не може да стои тука, затоа што повеќето новинари не се членови на ЗНМ.
Се очекува и меѓународна регистрација на ГЗ под назив
- ASSHOLE: Association of Hooker Organisation and Lobbying Editors.
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Затворен цитат.