realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Посебно ме замисли одговорот на Премиерот во фамозното интервју, во врска со референдумот.
На прашањето "Но, дали сметате дека со референдум е можен конпромис и решение на проблемот?"
Премиерот одговара :
"Да. Погрешно е мислењето дека граѓаните не се свесни за фактот дека овој проблем ќе се надмине со компромис. Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање. Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали, се прашања за кои сум сигурен дека македонските граѓани се поголеми експерти, отколку некои .брутално исфрлени од политиката или крајно маргинализирани политичари, односно експолитичари, или пак некој од нив кои не успеале ниту еднаш да ја добијат довербата на граѓаните за да се најдат на управувачка државна позиција, а кои едвај чекаат да се најдат на некој платен список и да заработат."
Подетално.
Прашање од новинарот на МИА:
Дали сметате дека со референдум е можен конпромис и решение на проблемот?"
Одговор од Премиерот:
Да.
Заејќи дека по автоматизам компромисот значи промена на нашето име.
Прашувам....доколку може некој да ми објасни....каде е тука цврстиот став?
Кога Премиерот вели:
Погрешно е мислењето дека граѓаните не се свесни за фактот дека овој проблем ќе се надмине со компромис.
Да потсетам.
До вчера лично тој не убедуваше дека со грците не е можен компромис, и дека компромисот сакаат да го направат непријателите на ова држава, и со тој став, ја заведе цела држава, и многумина на форумов, кои дури отидоа понатаму и поверуваа дека позади "цврстиот став" негов, се крие доброосмислена тактика за зачувување на името.
Сега ставот на Премиерот е дека грааѓаните биле свесни оти спорот ќе се надмине со компромис...
Доколку до вчера, предавници беа оние кои се залагаат за компромис.
Денеска...граѓанинот е свесен дека треба да направи компромис.
Автоматски идам у заблуда и недоумица, која води кон следнава констатација:
Дали тоа Премиерот сака да го неправи цел македонски народ предавник.....за тој и само тој да остане единствениот патриот во ова држава.
Кога Премиерот вели:
Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање.
Неможам да извчлечам друг заклучок освен дека тој лично очекува позитивен исход на референдумот, а сето тоа е поткрепено со понатамошниот дел од одговорот во кој вели:
Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали........
Доколку се организира референдум за да би се изјаснил народот, дали е за или против промена на името, Премиерот во барем мал дел од интрвијуто требало да посвети внимание за исходот од референдумот...на пример, наместо да каже
Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање., можел да каже:
Но каков ќе биде исходот од референдумот, тоа е големо прашање....
Во целосниот негов одговор, преовладува ставот за референдумот, како успешно завршена работа, и цело време се спомнува компромисот, наместо исходот од референдумот.
Кога Никола вели:
Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали, се прашања за кои сум сигурен дека македонските граѓани се поголеми експерти, отколку некои .брутално исфрлени од политиката или крајно маргинализирани политичари...
Тоа е класично бегање од одговорноста, и мудро префрлање на вината на плеќите на народот.
Уште сега можам да го видам референдумот....и да го насетам неговиот исход.
Уште сега можам да ја видам огромната поделеност на народот македонски, после референдумот.
Уште сега можам да видам, кој ќе се чука во гради дека тој не го сменило името, туку направил референдум, за кој уште од сега,меѓу редови кажува дека ќе биде успешен.
И во последниот дел од неговиот одговор во врска со референдумот, Премиерот вели:
...Ниту ние ќе потпишеме документ со кој го решаваме проблемот со Грција околу името пред да биде изнесен на референдумско изјаснување.
Класично разводнување на променетиот негов став, за доведување во недоумица на оние кои го читаат.
Немам што друго да напишам, освен да им препорачам на оние кои сеуште не се маѓепсани од патриотизмот негов, да го прочитаат убаво делот кој погоре го детализирав, и да заземат став.
И во целост се сложувам со ѓеро кога вели:
Груевски ја спрема Македонија за компромис за името...
А јас ќе го поправам и ќе кажам:
Груевски почна да ја спрема Македонија за компромис за името...
Но тоа е само мое лично видување....
Дали сум во право...времето ќе покаже.