Медиуми, пишани и електронски и нивната објективност?

Кои според вас се најобјективни медиуми во Република Македонија:

  • A1

    Гласови: 21 21,9%
  • Канал 5

    Гласови: 7 7,3%
  • Сител

    Гласови: 5 5,2%
  • Телма

    Гласови: 4 4,2%
  • МТВ 1 и 2

    Гласови: 1 1,0%
  • Алсат

    Гласови: 2 2,1%
  • Вечер

    Гласови: 1 1,0%
  • Дневник

    Гласови: 5 5,2%
  • Утрински Весник

    Гласови: 5 5,2%
  • Канал 77

    Гласови: 3 3,1%
  • Ниеден

    Гласови: 42 43,8%

  • Вкупно гласачи
    96

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
realen_07, тој грујо толку комплекси ти набил тоа е нешто невидено.
Толку си преокупиран со тие партии, такво нешто како тебе јас не сум сретнал.
Види мали.
Неам ја никакви комплекси.
Најмалку од Никола.
Ко што он е твој Премиер...исто толку е и мој.
Разликата е во тоа што, мене ми смета задушувањето на демократијата, и слободата на мислата.
Тебе најверојатно не.

Околу тоа и највеќе коментирам.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
Види мали.
Неам ја никакви комплекси.
Најмалку од Никола.
Ко што он е твој Премиер...исто толку е и мој.
Разликата е во тоа што, мене ми смета задушувањето на демократијата, и слободата на мислата.
Тебе најверојатно не.

Околу тоа и највеќе коментирам.
јас во споредба од тебе не бранам ниту една партија.

гледам малце си југоносталгичен еве ти нешто и пази наредниот пат со твоите анализи за мене

како вика Џони...
Што да прави јадниот народ...?
Што бе јаден народ? Секој има глава, нека размислува...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
јас во споредба од тебе не бранам ниту една партија.

гледам малце си југоносталгичен еве ти нешто и пази наредниот пат со твоите анализи за мене

како вика Џони...
Што да прави јадниот народ...?
Што бе јаден народ? Секој има глава, нека размислува...
1. Од кај на тебе констатацијата дека јас сум југоносталгичар. Доколку имаш аргумент, биди љубезен и изложи го.
2. Тоа што ти сам си лепиш етикети, е лично твој проблем.
3. Доколку некому порачуваш да пази со анализите.
Би требало и Ти, да припазиш малку со твоите...анализи.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Инаку медиумите се далеку пообјективни одколку министрите од владата на Гвујо,еве еден практичен пример за тоа како Миле Јанакиески ја лажеше Македонската јавност дека регистрациите на возила ќе поефтинат 30%,а не поефтинија скоро ич:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E3E98204E0345E43AB2E19C881CCB017
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Инаку медиумите се далеку пообјективни одколку министрите од владата на Гвујо
Аман АБЦ токму “Утрински“ ли најде да го цитираш како пример за објективност.:kesa:

Читај, сосема јасно е кажано :
Во овој трошок е вклучена таксата за користење јавни патишта која пред намалувањето беше 2.180 денари. Со намалувањето на оваа такса за 30 отсто, трошокот за користење на јавните патишта за патнички возила изнесува 1.530 денари или за 650 денари поевтино.
т.е. она што е во домен на државата, е намалено за 30%; осигурувањето, кое е во рацете на приватни компании, не може да биде обврска на владата.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Аман АБЦ токму “Утрински“ ли најде да го цитираш како пример за објективност.:kesa:

Читај, сосема јасно е кажано :


т.е. она што е во домен на државата, е намалено за 30%; осигурувањето, кое е во рацете на приватни компании, не може да биде обврска на владата.
Kако може во Бугарија да биде обврска на владата,или оваа влада работи за Бугарските осигурителни компании па ги присилува граѓаните да купуваат и регистрираат возила во Бугарија,се разбира со тоа го поттикнуваат вадењето Бугарски пасош.:toe:
Инаку еве како е објективен Вечер и Сител:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A94C4D0695F9044DB97132EA52EAA96B
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Изнервиран сум....и вчудоневиден.:nesvest:
Изреволтиран....до крајна мера.:pos:
Се утепав чекајќи да го видам ставот на латас, во врска со новата коалиција...т.е. неговите патриоти од ДПМНЕ, и терористите и удбашите (као он до вчера шо ги викаше), искажан во неговата колумна (драпање муда), ама ништо работа....

Чекај си ти реален, ако си немаш друга работа.
Латас ќе ја тупи уште многу време, се додека народот не заборави, што тој самиот пишуваше за ДУИ во неговите колумни...па после одеднаш.......ќе почне да ги фали, и херои да ги прави.

Додуше он уште вчера ги пофали...во еден текст прочитан на страната на сител...кој демек не беше авторски потпишан...ама пошто он има беден фонд на зборови, лесно човек може да претпостави, које е дудлачот на неавторскиот текст.

А...латас, латас....
Настан на деценијата пропушташ без коментар...каков и да е.
А фрустрациите твои лични...ги читаме долго време во твоите колумни-жалопојки.
И сега...пак истото.
Латас плаче оти нема лиценца новинарска, за да може да оди во грција.
Па каква лиценца побогу, па и новинарска.
Ја на тебе ни чобанска лиценца не би ти дал.
5 овци да ти нацрта чоек на лист, ќе ги изгубиш...а камо ли да ги чуваш.

Еве го неговиот беден текст, напишан за кој друг...ако не за новинарите и комунистите....а ја од револт спрема бедата негова...утре ќе направам анализа, да видиме...од што тоа латас е толку фрустриран, па од ден на ден,е се повулгарен, и зошто неговите колумни, се повеќе ми наликуваат на еротски приказни.

_____________________________________________________________

Цитат:
Има едно чудо работи што се случуваат само во Македонија. Само тука и нигде на друго место. Оваа посебност за перверзните значи комплимент, демек ете не сме како другите. За мене не. Повеќе би сакал да имаме досадно и предвидливо, мирно општество како Шведска, Данска или Швајцарија.

Ќе скрши човек нога, знае што го чека: болница, лекар и две недели боловање на државна сметка. Нема изненадувања дали воопшто има лекар во смената кога човекот отишол во болница, па дали има лек за болеста и, најпосле, која тарифа ќе мора да ја плати под маса за све ова претходново да го има кога него му треба, и како што му е потребно.

Истово важи за добрите денови: ако си добар студент, или ученик, во досадните општества скоро сигурно тоа значи дека ќе имаш пристојна работа. И се што следи со тоа, и потоа... и така, во недоглед. Се мирно, и предвидливо.

Е, овде не е така.

Да не прозивам други, да ѕирнам во мојава фела. Се шокирав кога дознав дека комуњарското Здружение на новинари - ЗНМ, она што е основано во комунизмот, па конвертирано со декрет во демократско, и кое го водат лица и прилики кои од времето се кадар во МРТВ и Нова Македонија... значи тоа ЗНМ потпишало пакт со грчката амбасада во Скопје за меѓусебна поддршка. Да. Пактот е следен. Бидејќи ЗНМ до скоро немаше прилив на членови, а биолошки комуњарската конвертирана маса се тенчи од година во година, им текнало да потпишат договор со Грците од нивната канцеларија за врски во Скопје со кој - за нивните членови, од ЗНМ, Грците ќе издаваат бесплатни визи!

И одат новинари, што не се членови на ЗНМ, да бараат грчка виза, кога Гркот им вика: оди зачлени се во ЗНМ, и дојди по виза без пари. Гркот од конзуларно им е трговачки путник, аквизитер на Здружението на новинари што им пакува нови членови.

Одеднаш, во ЗНМ им тргнува бизнисот. Нови членови има секој ден. Благодарни му се на Гркот од конзуларно до небо. Ги вратил во живот, богати. Они, како комуњарски сукцесор знаат добро за сите предности на врзана трговија. Како во нивно време. Кога кафето го немаше, кога беше дефицитарно, ако сакаш да ти дадат кафе во самопослуга заедно со него мораш да купиш и вреќа брашно тип 200. Не е важно што брашното не ти треба, а и што такво не се користи за ништо освен за сточна храна. Нејќеш брашно, нема кафе. Па ти трпи.

Гркот им учинил, па раководството на ЗНМ сега кешира масовно, и нормално станува влијателно бидејќи има стален прилив на нови членови. Сега се поставува прашање како да им возвратат на Грците?

Раководството на ЗНМ, и сегашното, а и претходното, има уреднички места во повеќето медиуми. Од тие позиции добар дел од нив, секој ден, притискаат по Владата да прифати се што Грците бараат за името. Тоа, као, е компромис, и тоа било безалтернативен стратешки интерес за Македонија. Ебати изборот кога е без алтернатива. Тоа и не е избор.
Не дај, боже, како во случајот на дописничките од Брисел, некој да се пожали на нивното известување во врска со ова. Еве ти ги ЗНМ на врат. Мајке ке му се изнаебат на секој што им се спротивставува. Дури имаат и суд на честа, кој суди секого што напишал нешто поинаку од нивните интереси. Една класична идеолошка, комуњарска комисија, која не се произнесува само за свои членови, што би било логично, туку судат секого, дури и за писма на читатели.

Колку оваа Грчко-новинарска комбинација е перверзија, лесно ќе се разбере ако се примени истата варијанта на партии: ако си член на СДСМ, имаш виза без пари, или ако си член на навивачите на фудбалски клуб Вардар плаќаш за виза, а ако си од Работнички ја добиваш бесплатно...

Грците и ЗНМ, така, се здружија на заедничките интереси. Новото здружение, кратко и јасно се вика ГЗ, она Новинари на Македонија не може да стои тука, затоа што повеќето новинари не се членови на ЗНМ.
Се очекува и меѓународна регистрација на ГЗ под назив
- ASSHOLE: Association of Hooker Organisation and Lobbying Editors.
Пишува: Драган П. ЛАТАС

Затворен цитат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И одат новинари, што не се членови на ЗНМ, да бараат грчка виза, кога Гркот им вика: оди зачлени се во ЗНМ, и дојди по виза без пари. Гркот од конзуларно им е трговачки путник, аквизитер на Здружението на новинари што им пакува нови членови.

Одеднаш, во ЗНМ им тргнува бизнисот. Нови членови има секој ден. Благодарни му се на Гркот од конзуларно до небо. Ги вратил во живот, богати. Они, како комуњарски сукцесор знаат добро за сите предности на врзана трговија. Како во нивно време. Кога кафето го немаше, кога беше дефицитарно, ако сакаш да ти дадат кафе во самопослуга заедно со него мораш да купиш и вреќа брашно тип 200. Не е важно што брашното не ти треба, а и што такво не се користи за ништо освен за сточна храна. Нејќеш брашно, нема кафе. Па ти трпи.

Гркот им учинил, па раководството на ЗНМ сега кешира масовно, и нормално станува влијателно бидејќи има стален прилив на нови членови. Сега се поставува прашање како да им возвратат на Грците?

Раководството на ЗНМ, и сегашното, а и претходното, има уреднички места во повеќето медиуми. Од тие позиции добар дел од нив, секој ден, притискаат по Владата да прифати се што Грците бараат за името. Тоа, као, е компромис, и тоа било безалтернативен стратешки интерес за Македонија. Ебати изборот кога е без алтернатива. Тоа и не е избор.
Не дај, боже, како во случајот на дописничките од Брисел, некој да се пожали на нивното известување во врска со ова. Еве ти ги ЗНМ на врат. Мајке ке му се изнаебат на секој што им се спротивставува. Дури имаат и суд на честа, кој суди секого што напишал нешто поинаку од нивните интереси. Една класична идеолошка, комуњарска комисија, која не се произнесува само за свои членови, што би било логично, туку судат секого, дури и за писма на читатели.

Колку оваа Грчко-новинарска комбинација е перверзија, лесно ќе се разбере ако се примени истата варијанта на партии: ако си член на СДСМ, имаш виза без пари, или ако си член на навивачите на фудбалски клуб Вардар плаќаш за виза, а ако си од Работнички ја добиваш бесплатно...

Грците и ЗНМ, така, се здружија на заедничките интереси. Новото здружение, кратко и јасно се вика ГЗ, она Новинари на Македонија не може да стои тука, затоа што повеќето новинари не се членови на ЗНМ.
Се очекува и меѓународна регистрација на ГЗ под назив
- ASSHOLE: Association of Hooker Organisation and Lobbying Editors.
Хахха..колку само добро ги опиша своите конкуренти!

Ова последново е закон :kesa: Затоа Латас си е посебен, најдобро си ги познава колегите и не се срами да ги нарече со вистинските зборови :pos2:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Валканo подметнувањe од „Вечер“ на сметка на „Утрински“




И на врапците им е јасно кој медиум ја има улогата на мегафон на власта
Билјана Јовановска

Дневниот весник „Вечер“ во своето вчерашно издание свесно ги измеша лончињата. Во поднасловот на текстот „СДСМ го пушти низ вода Зоран Заев“, објави валкана клевета за нашиот весник, па од пресот на лидерката на најголемата опозициона партија весникот си извлече заклучок дека „Радмила Шекеринска индиректно го прозва ’Утрински весник‘, нарекувајќи го полициско-партиски мегафон во медиумите“.



Иако и на врапците им е јасно кој медиум, всушност, ја има оваа улога, особено последните две години кога ја користи секоја можност за воздигнување на секој потег на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ќе цитираме дел од изјавата на Шекеринска во која се осврнува на познатата „ексклузивност“ на медиумот кој, очигледно, одбива да си се препознае и топката ја префрла во туѓ двор.

„Ниту Зоран Заев, ниту другите обвинети соработници, ниту, пак, нивните семејства цел ден во неделата не успеаја од официјалните државни институции да ја добијат одлуката на Кривичниот совет, кој им ја одреди мерката притвор. Но, затоа уредникот на Дневникот во 18 часот објави ексклузивна информација за она што ќе му се случува на Зоран Заев и на останатите обвинети“, рече Шекеринска.

Факт е дека лидерката на СДСМ не спомна име на медиумот за кој станува збор, но ако се видат посочените термини, јасно е дека мисли на ТВ Сител и на неговиот Дневник. Медиумот кој при најавата на информациите често ја користи излитената фраза „Сител прв дознава...“, овој пат како да се посрами од објавеното. За да го избегне гневот на Струмичани, ама и на сите кои мислат поразлично, „Вечер“ злонамерно го наклевети „Утрински весник“ и инсинуацијата на Шекеринска свесно ја пренасочи онаму каде што му одговараше на нивниот главен и одговорен уредник.

За волја на вистината, кога по затворањето на весникот стасуваат значајни вести, нашиот уредник на Интернет-изданието ги поместува на официјалната веб-страница на „Утрински весник“. Така се случи и во неделата, со таа разлика што веста е апдејтувана во 21,48 часот, што е далеку од совпаѓање со терминот што го посочи Шекеринска.
Вчера, до нашиот весник стаса и реакција од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во кој се вели дека во „вторничното издание на еден печатен медиум тенденциозно се прават обиди да се искриват фактите кои претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ги изнесе на завчерашната прес-конференција.

Високо ценејќи ја вашата професионалност и напори за објективно информирање на јавноста, сакаме да ве увериме дека нашите забелешки апсолутно не се однесуваат за начинот на кој вашиот медиум ја информираше јавноста за случајот со потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Општина Струмица Зоран Заев“.

Во писмениот допис, меѓу другото, се вели: „Трагично е за демократијата во Република Македонија што наместо извинување за тоа што на 27 јули оваа година, иако Зоран Заев, неговото семејство, ниту неговите адвокати не знаеја каква одлука донел Кривичниот совет при Основниот Суд Скопје 1, уредникот на Дневникот кој објави ексклузивна информација во 18 часот сега преку дневниот печатен медиум, чиј главен и одговорен уредник е, се обидува да го затскрие фактот дека дејствува како партиски мегафон на ДПМНЕ“.

Извор : Утрински Весник
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Мене не ми е јасно како на овие новинари, колумнисти, експерти, интелегенција, не им прпа од она кое ќе ги снајде, па да пишуваат се и сешто.
Или се до толку сврзани со сдс, па треба долгови да отплаќаат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И на врапците им е јасно кој медиум ја има улогата на мегафон на власта


Извор : Утрински Весник
И на врапците им е јасно кој медиум(и) ја имаат улогата на комуњарски мегафони.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
И на врапците им е јасно кој медиум(и) ја имаат улогата на комуњарски мегафони.
Да да.
Исто како што им е јасно и дека овие двајца подолу, очи ќе истерат во натпревар кој повеќе ќе се упика у панталоните на премиерот.

***********************************************************

Парите ја движат битката меѓу А1 и Сител



Вистинската медиумска војна што се води на телевизиите А1 и Сител и во весниците „Вечер“, „Време“ и „Шпиц“ речиси и да нема пример во целата плурална историја на Македонија. Сите овие медиуми се нагласено блиски до сегашната Влада, а сопствениците на Сител и „Вечер“ како лидери на политички партии се и членови на владејачката коалиција. Оваа битка дури ги надминува и границите кога одредени медиуми ги напаѓале политичките противници затоа што е докрај бескрупулозна.

Што е она што ги придвижува громогласните напади врз министерот за земјоделство, Ацо Спасеновски, на А1, во „Време“ и „Шпиц“?

„Нема никаква заднина во критиките спрема министерот за земјоделство и немам никаква намера да го сменам и да ја преземам министерската фотелја. Тоа се глупости, Ленче нема да има каква било функција и Велија нема да потроши ниту еден човек за да постави на функција. Нема никаква врска, се злоупотребуваат многу невистини, многу фантазии во стилот на Латас. Тој стил обвинува, докажува, пресудува и беси. Мислам дека ова е понижувачко за целата новинарска фела“, ја толкува целата ситуација сопственикот на А1, Велија Рамковски.

Тој вели дека целата оваа битка не е за политички поени, туку во прашање се пари. „Во ниеден ресор на власта моите соработници нема да влезат, ниту на локална, ниту на министерска функција. Тоа се апсолутни измислици и сето тоа има заднина - а тоа се само пари. Ако на сајтот на ’Силекс’ стои дека компанијата има 25 илјади хектари земјиште, а имаат министер за земјоделство, а јас немам една педа обработливо земјиште, тогаш таму треба да се бараат одговорите. Во секој случај, во прашање се пари“.

Тој додава дека интересот за секторот земјоделство му е уште од 2006 и затоа фокусот на вниманието и на она што го работи му е насочен токму за овој ресор, а не дека се работи за пресметка меѓу него и Ѕинго.

За целата оваа медиумска кампања лидерот на социјалистите, Љубисав Иванов-Ѕинго, тврди дека сето тоа што е изнесено досега било лага и оти правдата ќе ја бара на суд.

„Веќе е поднесена тужба за сите овие клевети и невистини кои беа изнесени и кој ќе навредува и напаѓа ќе го изнесеме пред суд да каже од каде му се тие информации. Имам две и пол хектари кои се наследени од мајка ми, а на Велија математиката му е слаба што тврди дека имам 25 илјади хектари. Па, цело Кратово нема толкава површина. Сака човекот да стане министер, а потоа и да биде премиер. За тракторите има комисии, учествувавме на оглас и два зедовме од државата на кредит“, тврди лидерот на социјалистите, Љубисав Иванов.

Во медиумската војна на двајцата сопственици на националните телевизии А1 и Сител од двете страни рафално и беспоштедно се стрела, а целта е министерската фотелја во ресорот земјоделство, шумарство и водостопанство, во која седи кадарот на социјалистите, Ацо Спасеноски. Едните обвинуваат дека министерската функција се злоупотребува, а другите дека се води кампања против министерот за да се преземе ресорот, затоа што страста најмногу се разгорела откако Владата објави дека за идната година планира да распредели субвенции за земјоделците од над 70 милиони евра. Оттогаш наваму се' посилни се амбициите на сопственикот на А1, Велија Рамковски, да го преземе ова министерство за каде што, тврдат некои, ја планира неговата соработничка Ленче Николовска, уредничка на емисијата „Фармер“ и член на Агросоветот на Владата.



И во сите овие медиумски скандали, во јавноста еден на друг си ги извадија сите валкани алишта. Обвинувањата за малверзации, криминал и рекет, што деновиве Рамковски и Ѕинго константно ги изнесуваат преку прилозите и текстовите напишани од новинарите вработените во нивните медиуми, ја отсликуваат и жестокоста во борбата за овој профитабилен ресор. Телевизиите А1 и А2 и весниците „Време“ и „Шпиц“ уште во текот на минатиот месец ја започнаа кампањата против министерот Спасеноски каде што беа емитувани прилози и текстови во кои земјоделците велат дека не се задоволни од министерот и од распределбата на субвенциите, кои годинава изнесуваат над 40 милиони евра. На истите медиуми беа изнесени и информациите дека лидерот на социјалистите, Љубисав Иванов-Ѕинго, односно неговите компании „Силекс“ и „Земсил“ имаат десетици илјади хектари плодно обработливо земјиште, истовремено прашувајќи од каде му е толкав имот на Ѕинго. Исто така, дека „кратовскиот земјопоседник“, како што го нарекуваат новинарите од медиумите на Рамковски, нивите ги орал со трактори кои се јапонска донација, а ги добил токму од министерот Спасеноски.

Со контраобвинувања се пушти и телевизија Сител, како и весникот „Вечер“чиј сопственик е близок со Ѕинго. На прес-конференција портпаролот на социјалистите, Малиша Станковиќ, ги изнесе „комплетните гревови“ на Рамковски и тоа уште од времето на распределбата на американската помош за развој на медиумите МДЛФ кога А1 доби два милиона долари кои, наместо да ги искористи за телевизијата, Рамковски ги даде за набавка на пилешки копани. Поради тоа, Американците ги побараа парите назад, но тој одбиваше да ги врати, поради што ниту еден медиум потоа не доби американска помош. Социјалистите натаму обвинија дека Рамковски вршел хајка и врз судот и врз Комерцијална банка од каде што зел кредит од околу половина милион евра и не го враќал, се додека банката не ја активирала хипотеката.

Исто така, тие го обвинија Рамковски дека хајката што ја водеше А1 против градоначалникот Трифун Костовски е исклучиво поради неплатените комуналии, за што градот му поднесе и тужба, за која се' уште се води спор. Последното обвинување од социјалистите е дека Рамковски во борбата за министер за земјоделство да ја постави неговата соработничка Ленче Николовска, наводно, применувал и политички рекет да го смени министерот Спасеноски. Социјалистите тврдат дека имало незадоволство и поради тоа што министерот не сакал да и' ги плати трошоците на Николовска за патување во Холандија, како и на потпишувањето на финансиската спогодба со ЕУ за проекти за рурален развој во Брисел.

Телевизија А1 преку адвокатот на Рамковски ги демантираше овие обвинувања, тврдејќи дека долговите кон американската организација МДЛФ и кон Комерцијална банка се вратени, а дека за долгот кон Градот Скопје се води судски спор.

И додека А1 и Сител заедно со весниците, се препукуваат за сметка на своите газди, а јавноста секојдневно е контаминирана со нивните малверзации, политички амбиции и планови на двајцата главни играчи во оваа „шпанска серија“, се чини сите гледаат сеир. Советот за радиодифузија и Владата стојат настрана и не сакаат да се вмешаат во злоупотребата на медиумскиот простор, а и на новинарите што работат за нив.

Билјана Петковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми, вели дека оваа ситуација само потврдува колку длабоко е навлезена политиката во работата на медиумите.

„Станува збор за злоупотреба на медиумите, за остварување конкретни политички цели и со таквото однесување се нанесува штета врз угледот на новинарската професија и на функцијата на средствата за јавно информирање. Прашање е колку од објавеното е во интерес на јавноста и е примерна комуникација со јавноста што е правило во новинарството“, вели Петковска. Таа предлага формирање независно тело на медиумска саморегулација која би реагирала во ситуации кога се прекршуваат правилата и стандардите на професионалното однесување.

„Во една културна и цивилизациска смисла ова личи на медиумска праисторија, во која има постојана негативна константа. Во овој случај ни се продаваат вести кои се далеку од слободата на изразување и професионалност и објективност. Ова е типична плукачка активност со меѓусебни навреди, клевети и пристрасно новинарство, а нема ништо од професионализмот“, смета комуникологот Климе Бабунски.

И Петковска и Бабунски сметаат дека во ниту еден случај Советот за радиодифузија не смее да стои настрана и на ова молкум да гледа, бидејќи во тој случај медиумската сцена ќе го загуби и кормиларот и компасот.

*********************************************************
Утрински Весник


Постојат ли независни медиуми во Македонија ?

Постои ли национален медиум во Македонија, кој власта сеуште не го контролира на било кој начин.....се разбира освен Утрински и Канал 77.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Каде беше реален-07 сиве 17 години да ги критикуваш “независните“ ни медиуми????

Дај не се фолирај, нема потреба. Се душиме во твојата објективност и критичност.

Мислам дека треба реално да се додадат и Телма, Алсат и Нова тв како политички мегафони на одредени партии.

А за весниците, освен Вечер и Утрински, другите би ги ставил како двојни играчи за двете страни соодветно.

Радио слушам само добра музика, две три станици а и незнам врз која основа ја делиш нивната политичка страна.
Би ти ги наброил сите станици, баш ме интересира дали барем 10% од нив можат воопшто да бидат користени во политичко агитирање.

Во Македонија нема независни медиуми, а богами ни надвор од неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom