ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Не е само љубомора во прашање, и момент на "зачувување на поседот". Се работи и за ментален склоп на сосема различни културни миљеа, на разлики во она што е табу, а што не, на различно поимање на сексуалноста и улогата на половите...сето тоа итекако е одредено временски.А после десетици години, нема да постои стравот од превара? Ада, и сега важи истото. Ваљда и пред 2000 години - а тоа е дека оној кој е многу љубоморен, нема да го издржи притисокот - макар прв пат во живот девојката да легнала "на прва" со него.
Оние кои не се претерано или па речиси воопшто љубоморни - во кои можам да се пронајдам most of the time, aко во комбинација со реалните сфаќања дека и жена со девствени гаќи може да ги извара ако сака; придодадат искулираност за мислењето на (делот од) надворешниот свет (кој нема друга преокупација или љубовна фиксација ко нив/нас па единствено сака да коментира нечив друг живот, поради тоа шо сопствениот им е предосаден) во однос на врската помеѓу две особи кои се опнале на прва....
....можат да поднесат вакво нешто, без трајни последици.
Ако сексуалната револуција и ослободување имале зачеток во САД уште во 60-те, кај нас тие тек пред некои 10 години првпат стапуваат на сцена. И додека Америка веќе го живее пост периодот на таа револуција, заедно со нејзината декаденција, ние сме на почетокот од истата.
Нормално, тука зборам за општество во глобала, значи генерализирам. Јасно ми е дека и пред два века се наоѓала и во Мк, некоја "несташна". Ама индивидуи во случајов не разгледувам, него зборам за мајнд сет на мнозинска група.
Ти, еве велиш, умееш да се носиш искулирано со трачариите на околината. Јас пак, не сметам дека ако легнам со некој од прва сум лесна. Ама тоа си само ти и само јас. И, во случајов, дефинитивно не го претставуваме мнозинскиот став. Мноштвото кај нас резонира на начин кој го изнесов во претходниот пост.
А, тоа дефинитивно ќе биде поинаку за едно 20 години. Доволно е да ги пролистаме hi5 профилите за да ја насетиме бавната трансформација, и менувањето на некои стереотипи и табуа.