Го земам цитатов само колку да ми послужи да се искажам.
Душава моја не може да поднесе да гледа како моите мили стареат и умираат. Тоа е казна, а не благодет.
А кој гарантира дека нашите мили нема да стареат и умираат и сега пред наши очи? Зарем потребен ни е вечен живот за вакво страдање?
Кој може да гарантира дека во овој живот моите деца ќе ме надживеат, па дека јас нема да страдам (ако се случи не дај боже обратното) заради нивната смрт? Што ако мајка ми нема вечен живот, а ме надживее мене? Тогаш нема страдање и болка која душата не ја поднесува?
Иначе да, би одбрала вечен живот кога би имала можност да бирам.
Тоа не значи дека јас не ги сакам своите блиски, дека не би ме погодила нивна болест или смрт.
Болката од загуба е иста, без разлика дали ќе се случи кога би имала 25 или 125 години. Ако се случи на 25, секако дека јас жива во гроб не сум можела да влезам. Би продолжила да живеам со некоја празнина и болка во душата која никој не би можел да ја ублажи. Но, ќе живеам и ќе создавам услови за блискост и со други луѓе кои (ќе) заземаат ново место во моето срце. Тој процес е нормален, живиот со живите живее.
Така да, оние искази дека не сте можеле да поднесете да гледате како вашите блиски ги снемува, ми оставаат впечаток дека не сакате да си признаете дека тоа е неминовно и без вечен живот. Зборувате како да е нешто ново, непознато, нешто што никогаш не сте доживеале или, пак, дека во овој (смртниот) живот не постои.