Дали би одбрале вечен живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390
Секако дека да. Нема ништо лошо во тоа.

Уствари имаше еден црн период така, ко жареше и палеше инквизицијата... али штом тоа го поминав, немам гајле. Сеа нешто комунистите кажуваат за 2012та година, демек маите нешто претскажале али то се чисти шпекулации, зборев со Апокалипто... ми кажа дека коефициентот за крај на светот е 2.15, затоа сите веруваат во тоа.
 
Би сакала.....тешко ќе ми е за најблиските, али затоа тука ќе ми се внуците правнуците, праправнуцуте....и така натака :pos2: ќе се дружиме :smir:
 
Па мислим кој ќе ме стрефи смртта нема више да постојам,така да нема да ми биде ни забавно ни досадно.

Ти повеќе сакаш да не постоиш отколку да постоиш.:)

Тоа дека ќе ти биде досадно...не верувам.:smir:
 
Па не би одбрал вечен живот, ама подолг сигурно. Едно 200-500 години.
 
Ти повеќе сакаш да не постоиш отколку да постоиш.:)

Тоа дека ќе ти биде досадно...не верувам.:smir:

Абе знам дека многу е интересно да правиш едно те исто цел живот,ама сепак,си стојам на своето :)
 
Абе знам дека многу е интересно да правиш едно те исто цел живот,ама сепак,си стојам на своето :)

Проблемот кој се наметнува во вашите избори,е всушност самите варијации,кои си ги правите...

Ограниченоста која се наметна,е всушност дека бирате меѓу вечен живот и просечен живот,што е тотално апсурдно од јасна гледна точка :
Во вечниот живот,се содржи и просечниот живот,само N пати повеќе.

Вашиот избор,кога гледате дали би избрале вечен живот или не,треба да биде од призмата на споредба на две варијанти :

1.Вечен живот.
2.И нормално,спротивното од вечниот живот,смртта.


Desire,сфаќам дека е досадно да правиш едно те исто (според твоето сфаќање),но кажи ми што има толку попривлечно и интересно во смртта?

As far as we know,можда после смртта си затворен меѓу 4 ѕида,и цела вечност дремеш.
Поинтересно?


Дајте,зар само јас и Tender ја гледаме големата слика :(
 
Абе знам дека многу е интересно да правиш едно те исто цел живот,ама сепак,си стојам на своето :)

Како бе едно те исто?
Секоја година можеш на различни места да одиш на одмор, на пример.:potsmev:
Секогаш има нешто ново што можеш да направиш...да се едуцираш уште повеќе, да истражуваш, да гледаш некој нов филм, да го слушнеш најновиот албум од твојата омилена пејачка, пејач или група...:potsmev:


Добро, сепак се откажувам.Дури и ти да посакаш вечен живот-пак нема да го имаме.:nesum::)
 
Desire,сфаќам дека е досадно да правиш едно те исто (според твоето сфаќање),но кажи ми што има толку попривлечно и интересно во смртта?

As far as we know,можда после смртта си затворен меѓу 4 ѕида,и цела вечност дремеш.
Поинтересно?

Абе јас не реков дека ја бирам смртта,реков дека не сакам животов да ми биде вечен.
Ама еве да речеме сум ја одбрала смртта, од кај знаеш па дека не е поинтересно?
Од кај знаеш што ќе те чека па во вечниот живот?Може некој ќе те затвори меѓу четири ѕида и ќе останеш таму вечно.

Сега,колку што те разбрав, смртта ја претставуваш како процес живот после смртта,што е исто со вечен живот,само си мртов,и се дружиш со мртвите другарчиња:)
Ја на смртта гледам како крај на нешто,после неа нема ништо,не постоиш повеќе и нема тука забава/досада:toe: .

Инаку темава е да се бира помеѓу вечен живот или смрт,или само дали би сакале животов да ни стане вечен?

Како бе едно те исто?
Секоја година можеш на различни места да одиш на одмор, на пример.
mysmilie_3144.gif

Секогаш има нешто ново што можеш да направиш...да се едуцираш уште повеќе, да истражуваш, да гледаш некој нов филм, да го слушнеш најновиот албум од твојата омилена пејачка, пејач или група...
mysmilie_3144.gif



Добро, сепак се откажувам.Дури и ти да посакаш вечен живот-пак нема да го имаме.:nesum::)

Ама ти збориш за вечен живот за сите,и за тебе и за другите,јас не.
 
.Инаку темава е да се бира помеѓу вечен живот или смрт,или само дали би сакале животов да ни стане вечен?

Ама ти збориш за вечен живот за сите,и за тебе и за другите,јас не.

Ако не сакаш животот да е вечен, тоа значи дека ја бираш смртта, без разлика дали темата е поставена за да се одбира меѓу овие две работи, тие не одат заедно.

Па секако дека зборувам за вечен живот за сите.Нема некој да умира а некој вечно да живее.:)
Вечен живот во кој не постои смртта.
 
Ако не сакаш животот да е вечен, тоа значи дека ја бираш смртта, без разлика дали темата е поставена за да се одбира меѓу овие две работи, тие не одат заедно.

Па секако дека зборувам за вечен живот за сите.Нема некој да умира а некој вечно да живее.:)
Вечен живот во кој не постои смртта.

Ама темава е сепак за вечен живот на еден човек,не на сите.И сепак нема да е толку интересно кога ќе испоумрат сите,а јас ќе останам една и единствена.
И кога би имало вечен живот за сите како што кажа,еден ден пак ќе ти се здосади и ќе сакаш да прекине сето тоа.
 
Вечен живот во смисол вечно млад може и би одбрал, но неуништив и бесмртен... не баш. Еден ден далеку далеку животот може да стане кошмар од кој нема будење. А телото сметам дека и онака придонесува за заспаност на духот. Ограничување. Добро искуство секако но и ограничување барем во овој контекст.
Затоа сите одиме кон смртта, кон нешто подобро или полошо, како на коцка.
Така, сакале нејќеле, сите сме шизици на ризици. :smir:
 
Кога велите дека не би одбрале вечен живот, потсетете се дека инстиктот за преживување е најсилниот човечки инстинкт, а стравот од смрт, најголемиот човечки страв.
Тие прават луѓе да се борат да останат живи и кога се изложени на најсурови маки, односно кога делува дека е многу полесно да умрат.
Но, ни во такви случаи, повеќето не го прават тој избор, туку решаваат да се борат до последниот миг.

Како би било тек кога нема мачење?
Мислам, живеете во просечни, вообичаени услови и некој ви ја нуди шансата да живеете вечно...Колку би рекле не?
60 луѓе од 6 милијарди на светов? (а, и од тие 60, главниот процент, веројатно, би отпаѓал на суицидални особи).

Ок, ситуацијата понудена на темава е премногу хипотетичка, и не може да се побие или потврди, но кога ќе се земе во предвид кои се најсилните човекови нагони и стравови, некако логично е да речеме дека скоро сите би одбрале вечен живот.

И тоа не не прави себични или шо знам..Не прави само луѓе.
 
Ада, вечно тело значи вечно нели? :) Да нема шанса за смрт исто како што во овие околности нема шанса за вечен живот? Не, фала. Ако такво нешто не ми е наметнато од страна, јас да го изберам никако. Слободна волја - тоа е кучка што рекол некој, но фала му на Бога имаме ограничен избор. Во ред, субјективно и хипотетички.
Ехм...
Кој ја чува својата душа ќе ја изгуби, а кој ќе ја изгуби поради мене... :smir:
 
Физички вечно нема потреба да живеам? Зашто? Се што правам, стекнувам и се трудам сето тоа има почеток па и крај така и животот. Низ животот поминувам многу испити така да смртта е испитот кој ќе го паднам. Не сакам да сум вечна, зашто сите мои најблиски нема да се тука и нема да ми е убаво. Глупост е да мислиш да си вечен, кога реалноста е друго, зашто да се залажуваме со такви помисли.
 
Se razbira deka bi odbral Vecen Zivot.

Zaso da ne uzivam non - stop, u ona sto me opkruzuva i sto me pravi sreken ... !!!* :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom