Па, сеа цел баш буквално, не знам на што може да се однесува, зашто нели, животот нема само една област, туку повеќе, на пример професија, семејство, пријатели... Значи, имам намера сериозно да си поработам на мааните, сериозно да се посветам на факулетот, па се надевам ќе бидам успешна во тоа па ќе одам и понатаму од дипломирање, планирам да создадам семејство со човек што ќе ги поседува главните критериуми кои мислам дека треба да ги исполни за да го поминам животот со него, уште од сега пробувам да ги приметам работите што треба и не треба да ги правам при воспитување на своите деца, а таа работа се надевам дека добро ќе ја завршам, планирам покрај обврските со работа и семејство, да не го запоставам социјалниот живот... А и од сега ми изгледа онака ептен фино за некоја година да се осамостојам, да живеам сама во некое скромно станче и да возам некое скромно ама симпатично количе. И нормално, кога ќе најдам работа сакам да бидам доволно способна и остручена за да можам да носам пристојни сретства за пристоен живот. И не ми е целта само да имам добра работа, туку да ја сакам таа работа (а сум на тој пат бидејќи сум на факултет кој го сакам) и да сум добра во тоа. Се надевам... Ама не можам да зборам ништо конкретно, зашто нели, не знам уште колку нови опции ќе ми излезат во иднина. А и глупаво е да се збори за една конкретна цел, зашто не сакам животот да ми се сведе на една работа која или ќе ја постигнам или нема да ја постигнам. А што кога ќе ја постигнам? Ќе бидам најсреќна на свет? Чисто сумњам. Верувам дека пак ќе има нешто ново што ќе сакам да го постигнам. Така да, тоа 'цел' е многу дискутабилна работа. Може да се однесува на тоа што реално можам да го остварам од денес за утре, а може и да се однесува на некоја хипотетичка работа која би можела, ама би можела и да не ја остварам. Не може за се да се збори што би било ако би било.