Која ви е целта во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Medea
  • Време на започнување Време на започнување
Моите најблиски да се живи,здрави и среќни тоа секогаш на прво место. На второ да бидам здрав и да бидам среќен во животот, да научам да се радувам на малите работи и да намалам со ароганцијата што тешко ми оди. Како трето, фирмата која ја имам да прерасне во лидер во земјава и регионот за развој на IT технологија. Другото ќе си дојде само по себе. Првите две работи не ми се поставени како цел, но се неизбежен дел од основната моја цел, да бидам среќен во текот на поголемиот дел од мојот живот.
 
Целта во животот?
Па...прилично скромна...
Да ми врви работата, да се сите живи и здрави и Господ да не чува.
 
Па да имам мир!
Да биде она тука!
И да станам супер херој и преку ден..
 
Здравје, срека , успех. пари и то .. скромен сум :smir:
 
Да имам убава иднина...среќа, здравје, како и за мене така и за оние кои најмногу ми значат. Исто така сакам да бидам корисна за другите а исто да бидам корисна и за себе.
 
Да спасам некоја принцеза најверојатно :)
 
Aх..потајно се надевам дека еден ден ќе и мавтам на Земјата од вселената:pipi:
Но пред се семејство...
 
Да идам во Јамајка,да поуживам, пред да умрам.
 
Цел во животот би ми била да го завршам факултетот, да имам добра и пристојна работа, потоа да имам добар брак и неколку деца :icon_lol: и многу да патувам (:
 
Живи и здрава да е мојата фамилија пред се, секако да имам едно 3-4 деца и да бидам среќно оженет. Исто така да го продолжам и проширам бизнисот со кој работи татко ми моментално, колку да имам за пристоен живот без да мислам месец за месец. А потајно сакам да станам политичар во Македонија, кој нема да биде „печалбар“ во државни институции .. :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom