Која ви е целта во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Medea
  • Време на започнување Време на започнување
Да купам ЛИЧНО СВОЈ стан. Јбг сега може некои ќе речат што му е на овој прост, материјалист глупак идиот :) Ама тоа не ме интересира, работава е што колку и да си ја сакам работата колку и да имам СИЛНА и ВИСТИНСКА љубов никогаш нема да бидам задоволен додека не сум сигурен дека сум на раат. Под ова сакам да кажам дека никогаш во мојов живот не планиран да одам да живеам како домазет или пак ТАА што би била моја избраничка не би ја носел дома да живее со моите. Сакам живот на раат јбг. Да, јасно е дека во живтотот никогаш ништо не се знае, незнаеш во каква ситуација ќе се најдеш итн. Како и да е ќе направам се за да станам самостоен човек и тоа е мојата цел ;)
 
1. Духовно просветлување.
2. Доволно пари да прехранам семејство свое, т.е. да имам за пристоен живот.

Едит: да преживеам 60+ години.:)
 
Da iam zensko dete so golemi obrazi. Ako saka nekoja da mi rodi, neka pise pp. :se_ molam
 
ова
oscar-award-statue.jpg

мојот живот ќе биде целосен.
 
1. Спорт и да сакам неможам.. Знаат сите спортисти како иде во Македонија ако сакаш да станеш успешен..

Целта ми е да си изградам кариера.. Добра работа и семејство.. Пристоен живот.. Неќам ни премногу пари ама да имам доволно за основни потреби..
 
da gi osvojam amerika i rusija:smeshko::smeshko::smeshko:
 
Еден ден да потпишам за ДЕТ РОУ издавачката кука на тупак ,да иам пари ,еден син,едно куче истото што го иам многу трева жени и љубов и ништо ми нетреба више и да да го достигнам максималното ниво на свест што може да се достигне во овие 3 димензии на нас познати
 
Нормална работа, платена според образованието, жена, 2-3 деца и да можам ко човек да си дозволам патување во странство, затоа што денешниов систем сега, а се плашам и во иднина, не го остава просечниот човек да гледа и мисли нешто подалеку од својот дом, семејство, работата..а патување надвор не доаѓа во предвид. А во светот има толку многу убави работи кои треба да се посетат и доживеат. Како за краткорочна цел еве да речиме до 30-та година да ја посетам мојата родна земја, а до 50-та година да ја посетам Источна Азија :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom