Сум тоа што сум поради се што ми се случило,поради се што сум видела,чула,прочитала.
Се има ефект врз нашите животи без разлика дали ние го сакаме тоа или не.
Значи и најмалите детали имаат делче во градењето на мојата личност.
Првенствено семејството се разбира имало најголемо влијание да бидам она што сум денес.Повеќе пасивно отколку активно влијание во секој случај.Нивните проповеди и совети немале некакво влијание,барем повеќето од нив но преку расправиите со домашните созреав највеќе.За да се разбереш со моите родители ти треба умешност во секој случај...
Второ по интензитет влијание имало образованието и училиштето.Секако највеќе се социјализираме во училиштето,прв контакт со поголема група на непознати личности,правила,обврски ....
Сето тоа сериозно сум го сваќала и од таму чуството за одговорност,потоа читањето,исто така големо влијание врз моите размислувања и ставови.....
И трето другарките и другарите.Со нив исто така имам научено многу работи.Многу имам научено од времето поминато со нив а и ако не беа тие такви какви што се и јас немаше да бидам ова денес,сигурно.
На каква основа ја градите својата личност?
Дали на основа на општеството?... Т.е. Како што треба да изгледа една социјално-општествена личност?
Или,
Ја градите врз основа на својот карактер. Т.е. не ве интересира кој што ќе рече за вашиот стил на облекување, за вашата PUNK фризура, за вашите пирсеви?
Се` се сведува на прашањето... Дали сте во спрегите на општеството или делувате самоволно, слободно?
И оние кои дејствуваат самоволно и слободно се дел од општеството и сепак (за жал) потпаѓаат под негови правила.Јас лично дејствувам колку што можам посамостојно.Воопшто не ме интересира мислењето на другите за мојот изглед или однесување.