- Член од
- 28 јануари 2005
- Мислења
- 2.163
- Поени од реакции
- 18
Македонија
Македонија во Минхен доби поддршка за НАТО, но не и надеж дека Грција може да не стави вето
Предупредување за сериозноста на ситуацијата - македонската државна делегација од Минхен се врака со јасна слика за шансите за прием - сите земји членки се согласни - покана заслужуваат трите држави од Јадранската група, но Грција е решена да стави вето. По средбите со американската амбасадорка во НАТО Њуланд, вчера со секретарот за одбрана Гејтс,германскиот министер Штајнмаер Македонија доби поддршка но не и надеж дека Грција може да биде разубедена од намерата да блокира.
- Имавме прилика да ја чуеме нивната загриженост околу грчките позиции, а тоа е дека постои закана оти ќе биде употребено правото на вето. Дека тоа не се нивни позиции туку на една членка што го има тоа право и дека таа загриженост постои кај нашите пријатели, како и кај нас. Битката продолжува, следниве 3-4 недели ќе бидат клучни. Се надевам дека на крајот ќе дојдеме во ситуација да имаме и резултат за Македонија, да го сочуваме името и да добиеме покана за влез во Алијансата. Ние немаме проблем со основните критериуми и со волјата и желбата на сите останти да бидеме поканети туку само со правото на Грција да го употреби ветото. Немам гаранција дека тоа ќе се случи или не - рече претседателот Црвенковски.
Одлуката е на членките на Алијансата, се наоѓаме во сложена ситуација - изјави министерот за одбрана Еленовски по средбата со Њуланд денеска. Гледа шанса во разговорите по новиот предлог на Нимиц кој се очекува деновиве:
- Наредната недела го очекуваме најновиот предлог на Нимиц и потоа ќе разговараме и со нашите пријатели и со Грците.
Еленовски не навлегува во можните опции на предлогот и што би било прифатливо - тоа го остава на преговарачите. Црвенковски не отфрла можност за договор, но само ако се понуди решение слично на предлогот од 2005та отфрлен од грчката страна, кое нема да оди на штета на националниот идентитет.
Солана не беше подготвен да потврди влезе ли името во критериумите за ЕУ и НАТО:
- Во тек се преговори и се надевам на вистинско решение.
Последната средба на претседателот во Минхен беше со Сергеј Иванов - прв заменик претседател на владата на Руската федерација. Определбата за НАТО и ЕУ не значи определба против Руската федерација - Македонија е заинтересирана за продлабочување на пријателството со Русија.
По сите услови и критериуми за ЕУ и НАТО Македонија ја доби промената на уставното име како барање наметнато од само една земја членка. Следните три недели се пресудни.