Што ако Грција стави вето за Влез во НАТО?

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ned mora, ne e krsenje na vremenata ako ne se ratifikuva vo nivniot parlament. Doduse, oni i nema da velat deka ne ratifikuvaat, nikade ne stoi deka ima vremenski ogranicen rok vo koj mora da se ratifikuva pokana za clenstvo.
Vidi go statutot na NATO.
Да, но ако грција остане последна која сеуште не не ратификувала, и одолговлекува во тоа, тоа е веќе јасно прекршување на спогодбата, бидејќи е попречување во интеграција на организации каде грција веќе членува, а тие потпишаа дека токму тоа нема да го прават.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Trn, ajde dokazi deka ratifikacija ne se odolgovlecuva bidejki nemaat vreme poradi sustinski i znacajni raboti otkolku celodnevna rasprava za edna pokana vo NATO.
Kolku vreme e predolgo?? Definicija na odolgovlekuvanje?? Sto e razumen rok?? Po cija procenka?? Nasa??? Nivna??

ABC - Ne veruvam. :):) Ne be.
Barem ne vo Bugarija do Ljubco, hehehehe.

Ne be, ne e los Gvujo, ama tie okolu nego ili se deca i ne znaat ili se star kov kriminalci. Zatoa ne moze, go kocat ili neiskusnite, a stom trgne go kocat lopurdite stari i iskusni.

Neki medzu nama nisu nasi, ti tekinja.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ne veruvam.
barem ne vo Bugarija do Ljubco, hehehehe.

Ne be, ne e los Gvujo, ama tie okolu nego ili se deca i ne znaat ili se star kov kriminalci. Zatoa ne moze, go kocat ili neiskusnite, a stom trgne go kocat lopurdite stari i iskusni.

Neki medzu nama nisu nasi, ti tekinja.
Па тие окулу него се деца на оние "стари и искусни" а знаеш дека во Македонија "крушата паѓа под круша",и не е како на друго место таа да се истркала далеку од дрвото.:)
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Скопје, 10 февруари (МИА) - Портпаролот на Владата на Република Македонија Ивица Боцевски осврнувајќи се на вчера објавената информација на телевизија Сител дека Владата донела 12 насоки на делување во случај Грција да стави вето на нашиот влез во НАТО рече дека нема да коментира хипотетички ситуации.
- Владата на Република Македонија нема да коментира хипотетички прашања, вклучувајќи го и ова прашање што се однесува за евентуалното вето од грчка страна при нашиот прием во НАТО, меѓутоа гледаме дека оваа позиција станува извесна. Државниот врв е во редовна комуникација, а се разбира дека Република Македонија како секоја нормална и организирана држава во една ваква ситуација ќе ги преземе сите мерки што и стојат на располагање како одговорна членка на меѓународната заедница, рече Боцевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфернеција во Владата.
Телевизија Сител вчера објави дека Македонија официјално ќе ја прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои, како и дека ќе се прекинат сите разговри и преговори за името со Грција и со било кого доколку Грција стави вето на приемот на Македонија во НАТО.
Во тој случај Македонија, како што објави Сител, ќе упати и официјално барање до ОН за признавање под уставното име и ќе започне процедура за тоа. За таа намена Македонија ќе се обрати до Советот за безбедност или до Генералното собрание, или пак до двете институции доколу оцени дека така е најдобро.
Според Сител, во случај на грчко вето во Македонија ќе се организира рефередум за задржување на уставното име на кој сите граѓаните би излегле да гласаат со цел да му биде оневозможено да помисли за промена на уставното име на земјава како опција на било кој сегашен и иден политичар на вискоа финкција. Исто така, ќе се започне и процедура за враќање на старото знаме имајќи во предвид дека промената на знамето не придонела за намалување на проблемот со името, а се очекува оваа идеа да биде прифатена бидејќи и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, нагласува Сител.
Телевизијата вели дека од истите причини ќе започне и процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати за да се одоброволи Грција, а на соодветен начин ќе се започне и со правната постапка за малцинското прашање на Македонците во Грција, како и за имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.
Една од мерките што ќе ги преземе Владата, како што посочи Сител, е и враќање на испраѓачот на на целокупната пошта која ќе биде испратена со референцата ПЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна југословенска република Македонија, со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во Република Македонија.
Сител тврди дека стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали и плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носта имињата на големите македонски личности од античкиот период и оти ќе се изградат голем број нивни споменици во повеќе градови, а ќе се преименуваат и повеќе села и градови.
Според Сител, трасата Табановце-Богородица од коридорот 10 ќе се именува како автопат Александар Македонски, а новиот аеродром во Штип ќе се вика Филип Втори.
Телевизијата предвидува дека ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар и оти ќе продолжи зајакнувањето на сојузништвото со САД и Турција, како и дека ќе има обележја од македонската антика на дресовите на македонските спротисти и репрезентации.



Хмммм... нешто заби се покажуваат од наша страна. Само на кај ќе е? Што знам.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Скопје, 10 февруари (МИА) - Портпаролот на Владата на Република Македонија Ивица Боцевски осврнувајќи се на вчера објавената информација на телевизија Сител дека Владата донела 12 насоки на делување во случај Грција да стави вето на нашиот влез во НАТО рече дека нема да коментира хипотетички ситуации.

- Владата на Република Македонија нема да коментира хипотетички прашања, вклучувајќи го и ова прашање што се однесува за евентуалното вето од грчка страна при нашиот прием во НАТО, меѓутоа гледаме дека оваа позиција станува извесна. Државниот врв е во редовна комуникација, а се разбира дека Република Македонија како секоја нормална и организирана држава во една ваква ситуација ќе ги преземе сите мерки што и стојат на располагање како одговорна членка на меѓународната заедница, рече Боцевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфернеција во Владата.
Rekov jas, pustame patki kon grcite, demek, glejte, mamata ke vi ebeme ako ne VETO-irate, a plus, namignuvame da znaete predvreme za da stokmite soodveten odgovor i reakcija.

Demagogija. Nit poreknuva, nit potvrduva.
Plus, da e seriozna namerata nemase da se lae javno, ke se praese kutenkata (ama toa da bevme нормална и организирана држава i одговорна членка на меѓународната заедница, sto ne sme)


Ili ja gresno citam?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Rekov jas, pustame patki kon grcite, demek, glejte, mamata ke vi ebeme ako ne VETO-irate, a plus, namignuvame da znaete predvreme za da stokmite soodveten odgovor i reakcija.

Demagogija. Nit poreknuva, nit potvrduva.
Plus, da e seriozna namerata nemase da se lae javno, ke se praese kutenkata (ama toa da bevme нормална и организирана држава i одговорна членка на меѓународната заедница, sto ne sme)


Ili ja gresno citam?
Истовремено Гвујо "во акција" поблиску до Грчка граница во Битола за да можат Грците подобро да чујат изјавува дека Името Македонија нема да го смениме ни под разно,што е проследено су бурни овации,од масата која божем очекува некаква друга изјава од него.:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Демагогија.

А бе, шо племе е Н.Г.?
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.797
Поени од реакции
5.565
Грчката дипломатија е пред дилема, пишува грчкиот весник “Елевтерос типос“. Со секој изминат ден јазолот околу спорот меѓу Атина и Скопје за името, се затега уште повеќе. Наскоро грчката влада ќе се најде пред сериозна дилема - дали да ја прифати варијантата на името “Република Македонија“ за меѓународна употреба или да стави вето на членството на Македонија во НАТО, понесувајќи ја тежината на изолација.Според сигурни информации, коментира грчкиот весник, специјалниот посредник на ООН, Метју Нимиц, се насочува кон нов предлог за решавање на проблемот со името, што содржи т.н. тројна формула - уставно име за внатрешна употреба, име за билатерална комуникација и име за меѓународна употреба. Најлошо е, пишува “Елевтерос типос“, што сите варијанти на името содржат Република Македонија испишани на кирилица.Во случај да грчката страна отфрли еден таков предлог, што ќе се јави како сложено име, јасно е дека врз неа ќе се фрли одговорноста за неконструктивна позиција, се вели во изданието.Во веста на “Елевтерос типос“ се додава дека под влијание на САД, Македонија ќе го промени името на аеродромот “Александар Велики“. Целта е, пишува грчкиот весник, да се обесхрабри грчката страна дека Скопје ја нарушува времената спогодба. Следствено, доколку грчката влада го отфрли предлогот на ООН и стави вето, ќе се најде во дипломатска самотија.Извесно е, коментира “Елевтерос типос“, дека министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, ќе има една тешка средба со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

Автор на веста: Нетпрес
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Еве детално што е објавено на Сител.......

ЕКСКЛУЗИВНО:

Сител ги објави плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО

Не постојат пречки за влез на Македонија во НАТО. Критериумите се исполнети, велат политичките аналитичари. Единствената пречка за влезот во НАТО е опасноста од ВЕТО од соседна Грција, поради спорот со името. Неофицијално дознаваме дека државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.

Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.036
Поени од реакции
11.095
И Франција на времето стави вето на Британија за влезот во тогашната Европска Економска Заедница.

Чомбе, кај го најде ова? На сител нема сеуште ништо.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе треба и ние да покажеме малку заби, па нека му ја мислат тие. Зошто ние стално да попуштаме на сите нивни желби?
Треба одлучно да застанеме и зад името и зад тоа да нема референдум и да покажеме дека кај нас не постои колебање во врска со тоа прашање!
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
А бе треба и ние да покажеме малку заби, па нека му ја мислат тие. Зошто ние стално да попуштаме на сите нивни желби?
Треба одлучно да застанеме и зад името и зад тоа да нема референдум и да покажеме дека кај нас не постои колебање во врска со тоа прашање!


Ти навистина помисли дека населението во окупираната територија на Македонија што се нарекува Грција има нешто со кое може да размислува?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.515
Поени од реакции
22.155
Во дилема сум.
Мерките после евентуално вето се одлични ама и несакам баш да ни опнат вето. Ќе видиме како ќе испадне.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.036
Поени од реакции
11.095
Од вечерва се надевам на вето...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom