Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Каде постои комплекс на повисока вредност, постои и комплекс на пониска. Јин и јанг, секогаш се заедно. А постои и делузионистички комплекс, поврзан со релативноста на убавината.

Ти велам, за никаде е работава :smir:

Јас сум и паметен и убав, и свесен сум за тоа, јас сум саде Јанг. единствена мана ми е што сум гревлија чоек и што ми е жал за оние кои не се како мене... тука можеби зирка еден мал мал минијатурен Јин.... скоро неприметен.
 
... за тебе ќе биде Џесика Алба.Таму не може да биде за никаде работата, затоа што секогаш ќе се пронајде некој на кој ќе му бидеш убав.

Додека универзалата убавина ... Грејс Кели, Мерлин Монро и Одри Хебрн компанија секогаш ќе бидат сметани за главните икони на стилот и убавината, а не верувам дека за нив тоа било за никаде.:smir:

Но покрај Џесика Алба, јас ќе се осеќам неубав. Мизерено и ништожно битие ќе сум. Всушност, целото мое битие на само еден мускул ќе го сведам во тој момент.....



.....да, на срцето мислев :pipi:
 
ОК е да си УБАВ, не викам не, но сепак УБАВИНАТА е минлива, УБАВО е кога човек си има внатрешна УБАВИНА, затоа не се залетувам секогаш по некои “УБАВИЦИ“ затоа што незнае човек на што ќе налета, УБАВО е кога некој ти се допаѓа поради тоа што самиот тој е, а не поради неговата надворешна УБАВИНА, мислам имаше во некој претходен пост дадено пример со автомобили, се сложувам со него...затоа УБАВИНАТА не е мерило само за надворешниот изглед кој доста често е шминка нанесена во десет слоеви (секоја чест на исклучоците) ама тие се материјал за насловни страни и списанија...барем според мене...не се замислувам себеси со некоја УБАВИЦА (која секако ќе паѓа во сенка од мојата УБАВИНА :P ) туку со некој што ќе ме надополнува...и не не е секогаш УБАВО да си УБАВ, некако сите очи се вперени кон тебе и се очекува да бидеш беспрекорен речиси во секоја прилика, а тоа и не е секогаш возможно, а и како што напоменав се е минливо па и УБАВИНАТА...незнам за мене е тоа некако ЧКЉ, но како и да е тоа е сепак само мое мислење...доволно кажав и премногу беше употребен зборот УБАВИНА, до тој степен што ми стана излишен...сакам УБАВИ нешта, и ќе ги сакам, како и впрочем сите..но животот носи чудни работи. УБАВИНАТА што ја имало денес, утре може сосема да исчезне..само за еден миг...:nesvest:
 
Јас сум и паметен и убав, и свесен сум за тоа, јас сум саде Јанг. единствена мана ми е што сум гревлија чоек и што ми е жал за оние кои не се како мене... тука можеби зирка еден мал мал минијатурен Јин.... скоро неприметен.

Абе ич немај гајле ти за тие што не се како тебе..Ич од кајш не ги удирај...и така ке го искорениш минијатурниот Јин и ке бидеш саде Јанг :)
 
Убаво е да си убав,млад,без знаци на старост,полн со енергија...!Но,уште пубаво е кога ке остареш,кога природата ке си го стори своето,и веке не си привлечна/ен како некогаш,а сеуште се чуствуваш убаво!Џабе е на некоја ако е убава,па се преценува,го дигнала носот со главата воблаци,и е намрштена,непријатна и незнае два збора да сврзе,џабе и е убавината!што ке тие таква??само да ја покажуваш на другите??па куписи кукла поарно:wink:
Ја лично не би можела да се замислам покрај некој аполон,ако ми кути цело време,ако зборовите му се скапи или незнае да ме расположи,насмее!
Надворешната убавина е за мене потрошен материјал,единствено убавината на душата е бесценета!
 
И таман, извесен период, ќе се убедам дека физичката убавина може да се компензира со интелегенција, ок понашање и сл., се будам од илузијата и сфаќам дека не е така.

Да, дефинитивно е убаво да си физички убав. Ма, прекрасно е.
Убавите го собираат шлагот. Ние останатите може да се надеваме на трошките.

Можда звучи глупо, ама им завидувам на убавите, т.е на сите привилегии кои ги имаат, во секој ебан аспект од животот.

И може сите да се правиме длабоки, или да се тешиме дека физичката убавина е пролазна, бла, бла, али тоа е поише ко фраза, ко нешто ради реда што го викаме, или од љубомора констатираме.
Доволно е да пројде еден убав дечко/девојка и сите такви морално подобни реченички да ги полукаме.
 
Не е важно дали некој е убав или неубав, важно е да е шармантен за да успее да ги привлече луѓето околу себе.
Џабе ни е убавината ако не знаеме како да ја истакнаме:toe:
 
...Да, дефинитивно е убаво да си физички убав. Ма, прекрасно е.
Убавите го собираат шлагот. Ние останатите може да се надеваме на трошките....
Како би било да застанеш пред огледало и да си пукнеш два шамара, да не дојдам ја да ти ги пукнам, и да се издвоиш од нас останатите. Што ти е жено?
Точно е дека постојат еталони за убавина, ама такви мајка раѓа ретко, а фотошоп почесто. Све останато се симнува со млеко за чистење пред заспивање. Или со сапунче.
 
Паметот, душата, шармот и позитивно понашање се многу побитни од самата убавина!
woow...ама го кажав ова...ко бисери на мудроста ебате!...
али така е ;-)
 
Јас така како најлепши момак ќе речам дека убаво е да си убав ако се сакате себеси такви какви што сте, да бидете задоволни од вашиот физички изглед и карактерни способности но да не се преценуваме.
 
А поубаво е да си сакан.:toe:

И најубаво да не се замарате со липосукции,силиконска индустрија која е во полна пареа благодарение на локомотивата цеца-после цеца силиконот стана најбаран производ за билдање его.

и лечење фрустрации,наметнати од ИСО стандардизирани списанија.
 
Па, тоа е меѓузависноста. Убав си = сакан си.
Lucky bastards.

Мала исправка - Убав си = посакуван си.
А за другото...кој ќе ги знае...тие си знаат...лепотаните и лепотиците...дали се сакани или не се...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom