Сигурен?Андромеда е оддалечена 2.5 милиони светлосни години од нашата галаксија.Значи положбата на Андромеда која ние ја гледаме сега е иста од таа што била пред 2.5 милиони години.Сега воопшто незнаеме дали постои.
Според оваа твојава теорија сите астрономски откритија паѓаат во вода...
Не, значи Андромеда е галаксија која се гледа и со голо око, човекот знае за неа од кога знае за себеси (или така нешто
), но во последните децении, нели со усовршувањето на технологијата е утврдено во која насока се движи и Андромеда и нашата галаксија и многу други, и со голема сигурност (би рекол 100% сигурност) се знае дека во иднина за милиони години нашата галаксија и Андромеда ќе се судрат.
Не реков дека е лажна.Туку зборувам за временска разлика.Ние не ја гледаме Андромеда во сегашно време,туку ја гледаме Андромеда пред 2.5 милиони години.Таа светлина патува толку време од Андромеда до овде.
Како што пишав погоре, нејзиното движење е набљудувано повеќе децении, така да со сигурност е утврдено дека ќе се судрат. И за тие милиони години што ќе поминат ниту едно друго тело нема да и ја смени траекторијата, затоа што исто така е утврдено дека нема такво тело во близина.
Не сум многу упатен во астрономијата па затоа ако може некој да ми разјасни некои работи.
Можеби Human.
Со оглед на тоа што барем половината од ѕвездените системи се двојни ѕвезди не гледам зошто нашето сонце би немало придружник.
Што ако Нибиру воопшто не е планета туку втора ѕвезда.
Дали ако таа ѕвезда е brown dwarf ќе биде видлива за телескопите и за кои телескопи.
Колкава е температурата на таквата ѕвезда?
Сретнав податок дека е активен телескоп кој работи на само еден степен над апсолутната нула. Зошто е потребна толку ниска температура.
Што ако само еден два или три телескопи се способни да ја приметат Нибиру но луѓето кои стојат позади нив немаат интерес тоа да го соопштат.
Значи вака, за кафеавите џуџиња.
Кафеавото џуџе може да се рече дека преставува нешто помеѓу ѕвезда и планета. Кафеавите џуџиња (постојат и бели, али за нив на друга тема...) се неуспешни ѕвезди, т.е. кога настанувале, немало доволно материјал (материјал кој веќе го "зела" ѕвезда во близина), а со тоа не настанала доволно висока температура за да отпочне фузија во кафеавото џуџе како кај нормалните ѕвезди. Но, во јадрото на кафеавото џуџе постои фузија која не е доволна за истото да "засвети" како нормална ѕвезда. Интересно е тоа што се претпоставува дека постојат двапати повеќе кафеави џуџиња, отколку ѕвезди.
Уствари, еве и една добра
статија за кафеавите џуџиња.
Е сега дали наводната Нибиру е кафеаво џуџе или планета:
Постојат две (колку што знам) теории, дека Нибиру орбитира околу нашето сонце по многу издолжена (елиптична) орбита и дека еден круг прави за 3 600 години. (докажано е дека постојат такви тела, но уште не е докажано дали тие тела можат да достигнат големина поголема од Јупитер). Во оваа теорија би можело да се тврди дека Нибиру е кафеаво џуџе или нешто слично на него.
Другата теорија е дека Нибиру кружи околу неутронска ѕвезда, околу која исто така кружат повеќе помали планети. Значи според оваа теорија Нибиру е дел од друг систем.
Сепак сето тоа се само теории и додека не бидат докажани (2012
) тоа и ќе останат.