Oд каде знаеш дека не постои?
Дали поплавите и земјотресите го предвидуваат крајот на светот?!

Астролозите и пророците велат дека 2010 година нема да биде лесна. Многу од нив мислат дека земјотресите, глобалното затоплување и економската криза се знаци за крај на светот.
Луѓето што го проучуваат Нострадамус споменуваат дека мистериозната девица и појавата на немилосрден лидер ќе владеат со мечот и огнот оваа година. Во едно од неговите пророштва се споменувале девицата, која некој сака да ја види мртва, проблеми со трговијата.
Тие мислат дека е можен почеток на Трета световна војна во ноември. Во неа ќе биде употребено хемиско и биолошко оружје, најверојатни судири што се споменуваат во пророштвата се помеѓу западна Европа и САД, и меѓу Франција и Велика Британија. Исто така постоела и можност за вооружен судир на Крит и некои видови катастрофи на подрачјето околу Црно Море.
Во Европа економските проблеми ќе бидат поголеми, а глобалното затоплување ќе го уништи земјоделството. Многу фирми ќе банкротираат, што ќе предизвика верски и етнички немири, глад.
Русинката Екатерина во блиска иднина предвидува низа земјотреси во Русија, војна помеѓу две големи држави во ноември, четворица кралеви кои ќе се сретнат во битка со која ќе почне Третата светска војна.
Според предвидувањата на баба Ванѓа годинава ќе почне Трета светска војна со нуклеарно и хемиско оружје. Стариот континент до 2016 година речиси ќе остане без луѓе поради војната што ќе се води на нејзина територија. До 2018 година Кина ќе стане нова светска сила. До половината на 21 век Америка ќе развие ново климатско оружје. Во 22 век луѓето ќе се претворат во луѓе машини и ќе формираат подводни колонии.
Баба Ванѓа колку за потсетување ја предвидела смртта на принцезата Дајана, потонување на “Курск“, нападот на Светскиот трговски центар, пренесува “Тпортал хр.“.
Извооооор