Инцестот, Еволуцијата и Библијата
Откако промената на полот, сексот меѓу исти полови, па дури и бракот и посвојувањето на деца од страна на такви „брачни“ заедници се прогласени за легални и дури „нормални“ во голем дел од светот, дали истото нема наскоро да почне да се случува и со инцестот? Се чини дека новиот проект на „модерната“ морална декаденција, ќе биде токму легализација на инцестот. Нема да зачуди, ако педофилијата следи потоа.
Ова не е тешко да се „пророкува“, следејќи го внимателно развојот на настаните во земјите со најлиберални морални гледишта, како што е на пример Германија и добро популаризираниот
тамошен случај на инцест, како и долгогодишниот судски процес околу легалниот статус на инцестот.
Затоа оваа тема сметав дека заслужува краток осврт.
Една од најинтересните научни области во која се случуваат неверојатни пробиви денес е генетиката. Така на пример, за прв пат имаме 100% начин да се утврди татковството во сомнителни случаи, или роднински врски меѓу изгубени/раздвоени сирачиња, итн. Генетиката е егзактна наука, каде податоците се недвосмислени и не можат да се толкуваат „вака“ или „онака“.
Така едно неодамнешно открие ги вознемири научните, социолошките и теолошките авторитети, преку масовното генетското испитување на сите краишта на светот кое потврди дека сите луѓе на светот се потомци на еден комплетно „еволуиран“ маж и една комплетно „еволуирана“ жена. Не само што ова ги збуни еволуционистите кои претпоставуваа дека се случувала симултана еволуција на повеќе места, со повеќе еволуирани „хомо сапиенси“, туку ги збуни уште повеќе заради добро познатите опасности од дегенерација при инцестно размножување.
Ова откритие беше презентирано во два документарци на познатите ТВ станици National Geographic со наслов
„Потрагата по научниот Адам“ и Discovery со наслов
„Вистинската Ева“.
Како што е општо познато, децата зачнати преку инцест, имаат многу поголема шанса да бидат дегенерирани, т.е. кај нив да се јават сериозни вродени маани (ретардација, инвалидитет, аутизам, итн.). Иако сите овие појави се јавуваат и кај нормално размножување, при инцест, процентот на дегенирани потомци е многу поголем.
Еве и зошто. Секој човек носи два гена за секоја функција: еден од мајката, еден од таткото. За да се случи сериозна вродена мана, неопходно е и двата гена кои ќе ги наследи детето за одредена функција, да бидат дефектни.
Ова може да го илустрираме вака:
Здрав ген = З, Дефектен ген = Д
Татко Мајка Дете
-------------------------------------
З Д З
Д З З
Д Д Д
Се разбира, кај мајката и таткото кои се носители на дефектниот ген, најчести се првите две ситуации (кога тие се родиле). Но тие продолжуваат да бидат носители на дефектниот ген, и во случај да се случи оплодување со член на истото семејство кој најверојатно е исто така носител на скриениот дефектен ген токму на истото место, шансите се многу поголеми дека детето ќе има дефект. Тука е проблемот со инцестот. Инаку, сите луѓе носат дефектни гени, но парејќи се со нероднини, шансите дефектен ген да има и другиот партнер баш на истото место се многу мали. Кај роднините, дефектите се секогаш на истите места.
Резултатите од овие генетски истражувања имаат неколку кнедли за еволуционистите.
1. За успешна еволуција, потребни се многу обиди, години и многу размножување. Како е можно, наместо „многу“ да има само една успешна еволуција? Зошто ниеден друг хомо сапиенс не еволуирал? И зошто, не е само еден, туку баш двајца: маж и жена?
2. Зарем не паѓа во вода теоријата на еволуцијата (прогрес), ако генетиката недвосмислено има докажано дека всушност се случувал инцест (регрес)? Односно, знаејќи дека потомците на инцестоидно размножување се најчесто со сериозни ретардации и мутации, значи ли тоа дека сегашното човештво е само некаков неуспешен обид, т.е. дека ние сме само дегени, во споредба со првиот човек?
Каде сега влегува тука Библијата? Се разбира, дека и таа, исто како и научните откритија, тврди дека човештвото настанало од еден маж и една жена, преку инцестоидни врски во првите генерации.
Се разбира, инцестот е строго забранет и строго (смртно) казнуван подоцна
(Книга на Левити 18:6-18; 20:11-12, 17-21; Повторени Закони (5 Мојсеева) 27:22-23; 1 Коринќаните 5:1-2). Но предноста на Библиската објава во споредба со дарвинистичкиот секуларен модел на настанок на човештвото, е што таа нема проблем да ги објасни „проблемите“ кои настанаа со новите генетски откритија.
Имено, двата проблема, воопшто не се проблем за Библијата, бидејќи таа тврди:
- На самиот почеток постоеле само еден маж и една жена. Засега, не се пронајдени докази дека постоеле и други луѓе, вон пра-родителите, сакате наречете ги Адам и Ева, како што ги нарекува Библијата или „Научниот Адам“ и „Вистинската Ева“ како што ги нарекле генетичарите.
- Проблемот со дегенезам е проблем кој исклучиво ја засега теоријата на еволуција (т.е. прогрес). Зошто? Јасно е дека за да се има напредок, генетската структура на еден вид, мора да ги отфрла слабостите и грешките, во следната генерација, која ќе биде слободна од овие маани. Но, инцестот ги зголемува грешките и слабостите во генетскиот код, што значи дека дефакто доведува до регрес. Од една страна еволуцијата треба да го движи видот напред, но инцестот сериозно и докажано го влече назад.
Од друга страна, Библијата воопшто не тврди дека има напредок (туку дури го тврди и спротивното) на човековата раса.
Второ, според Библиската објава, на самиот почеток немало скриени дефектни гени, бидејќи човекот започнал од совршенство. Со тоа, регресот бил невозможен барем во првата генерација на потомци. Според Библискиот модел, гревот ги донесува мутациите, грешките, слабостите, болестите и другите зла со кои човековиот денешен ген е оптоварен. Така, возможен станува и инцестот и избегнување на дегенизмот, кој со поинаков модел, (освен со почеток од совршенство) е невозможно да се објасни.
Чудно како современата генетика се повеќе го доведува во прашање секуларниот еволутивен модел, а ја потврдува Библијата. Ќе има ли предефинирање на еволуцијата, и ќе и се придаде ли конечно повеќе значење на Библијата како книга која зрачи (според христијаните) со многу божествени вистини, или во најмала рака (според науката и нехристијаните) со голема мудрост запишана од древните пера на нашите далечни предци?
превземено од блогот на http://marko.blog.com.mk/