Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

  • Вкупно гласачи
    236

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Проблемот е што воопшто не ја разбирате Еволуцијата па си тропкате лични и локално-црквени ставови.
Заедничкото потекло на човекот и мајмунот е една од многуте последици на Еволуцијата. Тоа не е самата Теорија. Тоа е воедно и ЕДИНСТВЕНАТА последица која се судира со вашето ЕГО. Сите други последици ви одговараат, а дел и ви угодуваат.
Не ја разбораме еволуцијата...А да ти дадам цитат од некој кој ја рабира...
Stephen Jay Gould, професор на Хравард и еден од најголемите авторитети во областа не Еволуцијата
"The extreme rarity of transitional forms (missing links) in the fossil record persists as the trade secret of paleontologists,...we view our data as so bad that we never see the very process we profess to study".
Знаеш ли дека во еден процес како што е еволуцијата 99 % од фосилите треба да се во продни форми..
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Од Писмото, знаеме како Бог го создаде и Светот и човекот.
Објасни ми/ни, просветли ме/не, КАКО човекот го создаде Бога? Која методологија и материјали ги има користено? Која е целта и потребата од човекто да си измисли свој бог? Што понатаму со тој бог?
Ех, барем ова се лесни прашања. Ок, да го дадам мојот поглед на работите.
Вака беше. Околу човекот се случуваа многу работи за кои тој не можеше да даде објаснување. Затоа човекот почна да ја објаснува природата во рамките на тоа што тој го разбира. Човекот многу добро го разбира каузалитетот - неопходната врска помеѓу еден настан кој се вика причина и друг настан кој се вика последица, при што првиот настан го предизвикува вториот. Со тоа човекот се соочува секој ден. Тој делува, а неговите дела имаат последици. На пример, ако улови нешто ќе јаде, ако не улови ќе гладува. Ако ја удри главата до ѕидот на пештерата ќе го боли. Тоа си го научил од искуство. Па, оттука човекот претпостави дека за да удри гром нешто мора да го предизвика громот. А за човечкиот ум само луѓето можат да предизвикаат да се случи нешто, па оттука човекот заклучи дека за да удри гром, мора да постои некој си човек што го фрлил громот. Го зедов примерот за громот зошто е многу чест. Богови на громот има во Грчката, Словенската, Нордиската религија(Зевс, Перун, Тор). Велам религија, а не митологија, зошто за нив тоа и било религија, а за нас, секако е митологија, исто како што за луѓето во иднината Христијанството и сите други сегашни религии ќе бидат митологии. Тоа не значи дека нема да постојат религии, но многу е веројатно дека историјата ќе се повтори, т.е. дека сегашниве религиозни убедувања ќе бидат заменети со нови, како да кажам, апдејтирани. Исто како што Христијанството се надоврзува на Јудаизмот, а Исламот на Христијанството. Исто како што многу народи се откажале од своите "стари" религии за да се пробратат во "нова", помодерна религија. Таква е реалноста, самите религии еволуираат, се усовршуваат за подобро да одговараат на човековите потреби. Не е ни чудо што од ден на ден излегуваат нови религии како печурки по дожд. Природно е. Во човековата природа е да измислува богови бидејќи на тоа ниво на научна мисла тие се единственото рационално објаснување.
Заклучок: религијата е плод на човековата интелектуална немоќ, очаен обид да се даде смисла на една потплно бесмислена егзистенција. Сакаш да ја знаеш вистината. Еве ја вистината. Човековото постоење не е ништо друго освен резултат на збир на природни процеси кои се одвивале самостојно без ничија интервенција. Во универзумот се тече и се' се менува, самиот универзум еволуира, се менува под влијание на природните закони. Едниствено, неговите закони се константантни.
Но, што да се каже, на луѓето им е одбивна помислата дека се нус-појава, незбежна случајност. Зошто велам неизбежна случајност? Па, ако постои начин по природен пат да се создаде жива од нежива материја, при дадена бескрајна временска рамка и бескраен простор, условите да се случи живот неизбежно, сами по себе и сосема случајно (без ничија интерванција) ќе бидат исполнети. Размисли за ова. Освести се и немој да се залажуваш себеси со слатки лаги, за да не ја не мораш да ја гледаш грдата вистина.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
И одговорот е повеќе од едноставен, да не ги набројувам сега врстите на луѓе кои се развивале....во потполност е спроведен првиот закон на селекција и опстанок на видовите.......меѓусебно истребување, поспособниот опстанува, и денес е ова сеуште актуелно (некои го викаат расизам).....истребувањето не било преку ноќ, траело и траело долго....а има и една друга теорија која го подржува ова т.е. на една планета може да опстои само еден ист интелигентен вид, не е можен паралелен развој на две различни цивилизации на два вида...причина многу проста, ресурсите и нивниот распоред на планетата...не е можна мирна распределба на истите
За разлика од животните, кај кои различните видови се сосема различни, кај човекот различните видови (раси) се идентични по својата структура. Односно - не постои втор вид човек, ниту пак нешто приближно слично нему...
А гледам во игра уште една теорија...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

На постов, Ниче, Хитлер, Геринг, Мусолини, Селасие и Мугабе, све ѓутуре, би ти позавиделе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ех, барем ова се лесни прашања. Ок, да го дадам мојот поглед на работите.
Вака беше. Околу човекот се случуваа многу работи за кои тој не можеше да даде објаснување. Затоа човекот почна да ја објаснува природата во рамките на тоа што тој го разбира. Човекот многу добро го разбира каузалитетот - неопходната врска помеѓу еден настан кој се вика причина и друг настан кој се вика последица, при што првиот настан го предизвикува вториот. Со тоа човекот се соочува секој ден. Тој делува, а неговите дела имаат последици. На пример, ако улови нешто ќе јаде, ако не улови ќе гладува. Ако ја удри главата до ѕидот на пештерата ќе го боли. Тоа си го научил од искуство. Па, оттука човекот претпостави дека за да удри гром нешто мора да го предизвика громот. А за човечкиот ум само луѓето можат да предизвикаат да се случи нешто, па оттука човекот заклучи дека за да удри гром, мора да постои некој си човек што го фрлил громот. Го зедов примерот за громот зошто е многу чест. Богови на громот има во Грчката, Словенската, Нордиската религија(Зевс, Перун, Тор). Велам религија, а не митологија, зошто за нив тоа и било религија, а за нас, секако е митологија, исто како што за луѓето во иднината Христијанството и сите други сегашни религии ќе бидат митологии. Тоа не значи дека нема да постојат религии, но многу е веројатно дека историјата ќе се повтори, т.е. дека сегашниве религиозни убедувања ќе бидат заменети со нови, како да кажам, апдејтирани. Исто како што Христијанството се надоврзува на Јудаизмот, а Исламот на Христијанството. Исто како што многу народи се откажале од своите "стари" религии за да се пробратат во "нова", помодерна религија. Таква е реалноста, самите религии еволуираат, се усовршуваат за подобро да одговараат на човековите потреби. Не е ни чудо што од ден на ден излегуваат нови религии како печурки по дожд. Природно е. Во човековата природа е да измислува богови бидејќи на тоа ниво на научна мисла тие се единственото рационално објаснување.
Заклучок: религијата е плод на човековата интелектуална немоќ, очаен обид да се даде смисла на една потплно бесмислена егзистенција. Сакаш да ја знаеш вистината. Еве ја вистината. Човековото постоење не е ништо друго освен резултат на збир на природни процеси кои се одвивале самостојно без ничија интервенција. Во универзумот се тече и се' се менува, самиот универзум еволуира, се менува под влијание на природните закони. Едниствено, неговите закони се константантни.
Но, што да се каже, на луѓето им е одбивна помислата дека се нус-појава, незбежна случајност. Зошто велам неизбежна случајност? Па, ако постои начин по природен пат да се создаде жива од нежива материја, при дадена бескрајна временска рамка и бескраен простор, условите да се случи живот неизбежно, сами по себе и сосема случајно (без ничија интерванција) ќе бидат исполнети. Размисли за ова. Освести се и немој да се залажуваш себеси со слатки лаги, за да не ја не мораш да ја гледаш грдата вистина.
О.К. Јас ќе продолажам да исповедам христијански Бог и вера, и на тој начин ќе се залажувам самиот себе. Изборот и последиците од тој избор, сепак, се мои.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
За разлика од животните, кај кои различните видови се сосема различни, кај човекот различните видови (раси) се идентични по својата структура. Односно - не постои втор вид човек, ниту пак нешто приближно слично нему...
А гледам во игра уште една теорија...
Па нормално свиња и коњ се различни...но кај секој од овие има различни раси
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На постов, Ниче, Хитлер, Геринг, Мусолини, Селасие и Мугабе, све ѓутуре, би ти позавиделе.
Најде кој да ми каже....тој што бара смрт за се што не е православно:vozbud::pos2:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Па нормално свиња и коњ се различни...но кај секој од овие има различни раси
Ќе одговорам со извадок од еден текст....за научниот Адам и вистинската Ева..National Geographic
Едно генетско истражување потврди дека сите луѓе на светот се потомци на еден комплетно „еволуиран“ маж и една комплетно „еволуирана“ жена.

Не само што ова ги збуни еволуционистите кои претпоставуваа дека се случувала симултана еволуција на повеќе места, со повеќе еволуирани „хомо сапиенси" туку ги збуни уште повеќе заради добро познатите опасности од дегенерација при инцестно размножување.

За успешна еволуција, потребни се многу обиди, години и многу размножување. Како е можно, наместо „многу“ да има само една успешна еволуција? Зошто ниеден друг хомо сапиенс не еволуирал? И зошто, не е само еден, туку баш двајца: маж и жена?

Каде сега влегува тука Библијата? Се разбира, дека и таа, исто како и научните откритија, тврди дека човештвото настанало од еден маж и една жена, преку инцестоидни врски во првите генерации.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Најде кој да ми каже....тој што бара смрт за се што не е православно:vozbud::pos2:
Посочи ми , во кој свој пост го имам тоа напишано?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќе одговорам со извадок од еден текст....за научниот Адам и вистинската Ева..National Geographic
Едно генетско истражување потврди дека сите луѓе на светот се потомци на еден комплетно „еволуиран“ маж и една комплетно „еволуирана“ жена.

Не само што ова ги збуни еволуционистите кои претпоставуваа дека се случувала симултана еволуција на повеќе места, со повеќе еволуирани „хомо сапиенси" туку ги збуни уште повеќе заради добро познатите опасности од дегенерација при инцестно размножување.

За успешна еволуција, потребни се многу обиди, години и многу размножување. Како е можно, наместо „многу“ да има само една успешна еволуција? Зошто ниеден друг хомо сапиенс не еволуирал? И зошто, не е само еден, туку баш двајца: маж и жена?

Каде сега влегува тука Библијата? Се разбира, дека и таа, исто како и научните откритија, тврди дека човештвото настанало од еден маж и една жена, преку инцестоидни врски во првите генерации.
....Хмммм....некој на форумов бараше докази од областа на генетиката и палеонтологијата-верувам дека ќе се препознае.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
................................Каде сега влегува тука Библијата? Се разбира, дека и таа, исто како и научните откритија, тврди дека човештвото настанало од еден маж и една жена, преку инцестоидни врски во првите генерации.
Само хомо сапиенс, кај е неантрдалецот тука....има тука блиску една пештера се вика Крапина?!?....предходно спомнав истребување.......
.......ова библијата ..како дублер улетува.....ама јебига, славата е кај главната ѕвезда:vozbud:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Неандерталците и кромањонците се Каиновите синови. Плус то, тие битија ништо битно не се разликуваат од современиот homo sapiens. Плус то, за подгрбавениот кромањонец (оној со топузот) не е кажана полната вистина, освен неговиот третман на алка која недостасува...
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Темата вришти.

Слични теми: Па шо знам, сите други од религија? :pos:
А не е ни битно... уствари. Се додека ние уживме во благодетите на човечките технолошки пронајдоци и од друга страна се насладувме од духовноста на нешто толку чисто и свето како што е религијата. Зошто уште имате потреба да докажите дали господ го создал човекот од глина или зошто уште ви е ин концепцијата дека човекот кога бил на маки си креирал бог кој требло да го избави од сите маки и неправди низ кои поминувал. Ептем комуњарски. хаха.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom