Ех, барем ова се лесни прашања. Ок, да го дадам мојот поглед на работите.
Вака беше. Околу човекот се случуваа многу работи за кои тој не можеше да даде објаснување. Затоа човекот почна да ја објаснува природата во рамките на тоа што тој го разбира. Човекот многу добро го разбира каузалитетот - неопходната врска помеѓу еден настан кој се вика причина и друг настан кој се вика последица, при што првиот настан го предизвикува вториот. Со тоа човекот се соочува секој ден. Тој делува, а неговите дела имаат последици. На пример, ако улови нешто ќе јаде, ако не улови ќе гладува. Ако ја удри главата до ѕидот на пештерата ќе го боли. Тоа си го научил од искуство. Па, оттука човекот претпостави дека за да удри гром нешто мора да го предизвика громот. А за човечкиот ум само луѓето можат да предизвикаат да се случи нешто, па оттука човекот заклучи дека за да удри гром, мора да постои некој си човек што го фрлил громот. Го зедов примерот за громот зошто е многу чест. Богови на громот има во Грчката, Словенската, Нордиската религија(Зевс, Перун, Тор). Велам религија, а не митологија, зошто за нив тоа и било религија, а за нас, секако е митологија, исто како што за луѓето во иднината Христијанството и сите други сегашни религии ќе бидат митологии. Тоа не значи дека нема да постојат религии, но многу е веројатно дека историјата ќе се повтори, т.е. дека сегашниве религиозни убедувања ќе бидат заменети со нови, како да кажам, апдејтирани. Исто како што Христијанството се надоврзува на Јудаизмот, а Исламот на Христијанството. Исто како што многу народи се откажале од своите "стари" религии за да се пробратат во "нова", помодерна религија. Таква е реалноста, самите религии еволуираат, се усовршуваат за подобро да одговараат на човековите потреби. Не е ни чудо што од ден на ден излегуваат нови религии како печурки по дожд. Природно е. Во човековата природа е да измислува богови бидејќи на тоа ниво на научна мисла тие се единственото рационално објаснување.
Заклучок: религијата е плод на човековата интелектуална немоќ, очаен обид да се даде смисла на една потплно бесмислена егзистенција. Сакаш да ја знаеш вистината. Еве ја вистината. Човековото постоење не е ништо друго освен резултат на збир на природни процеси кои се одвивале самостојно без ничија интервенција. Во универзумот се тече и се' се менува, самиот универзум еволуира, се менува под влијание на природните закони. Едниствено, неговите закони се константантни.
Но, што да се каже, на луѓето им е одбивна помислата дека се нус-појава, незбежна случајност. Зошто велам неизбежна случајност? Па, ако постои начин по природен пат да се создаде жива од нежива материја, при дадена бескрајна временска рамка и бескраен простор, условите да се случи живот неизбежно, сами по себе и сосема случајно (без ничија интерванција) ќе бидат исполнети. Размисли за ова. Освести се и немој да се залажуваш себеси со слатки лаги, за да не ја не мораш да ја гледаш грдата вистина.