Дечки покроце малку, вие да не го имате смешано ова со терминот "estate income tax return"? Бидејќи, секој кога ќе се чекира за на оној свет, му се подготвува последна т.н. "estate" даночна пријава. И според нејзе, точно е дека се плаќа данок на имотот пред истиот да се префрли на име на наследниците. И тоа нема никаква врска со повторно плаќање на државата за да кушиш сопствено земјиште.
Во "estate" даночна пријава мора да се плати данок на капитална добивка, а пораст на вредноста на земјиштето спаѓа во таква. Значи, се зема вредноста на имотот (куќа, стан, земја) кога била купен и вредноста на имотот кога дотичниот починал. Разликата е капитална добивка и на нејзе се плаќа данок. Но, тој данок не го плаќаат наследниците, туку оној што починал, кај него се рачуна добивката што ја стекнал. Идејата е откога ќе се плати данокот, наследниците да го добијат имотот по сегашната вредност и таа вредност да биде базата која ќе се земе кога ќе треба тие да го препишат на своите наследници.
Не знам дали ова го има во МК, ама ова ти е слично на следнава ситуација. Купуваш стан за 50,000, после три години го продаваш за 80,000. На разликата од 30,000 треба да се плати данок на добивка. За државата е исто дали сопственикот е жив или мртов, во моментот кога имотот се продава (односно препишува/поклонува на друг) тој е со зголемена вредност и на таа разлика се пресметува данок.