До кога светот ке биде машки?

Статус
Затворена за нови мислења.

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ej a zenite ne znaat da igrat fudbal podobro od mazite, kosharka, i na zena-bilder ne moze rakata da i se "nabie" 50 cm kao nekoi shto jas gi znam.
Ne sum cinicen, sakam da ja oziveam temata...
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Светот никогаш не бил машки, а ни женски.
Светот е на оној кој е помудар, пофраер да наметне мислење, да се избори за своето и да го насочи и другиот да се стреми кон остварување на неговото. Понекогаш е мажот, понекогаш жената, значи се` зависи од личноста, не од полот. Не го држи жената мажот во рака, ниту обратно, држи оној чии мисли и идеи се побрзи, а богами и поитри. :wink:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Светот машки?хмм.некој рекол:Мажите заповедаат со светот,а жените заповедаат со мажите.Заклучокот од ова е очигледен...Само не знам дали точно ја кажав мислата,ама битно смислата е таа,а јас се согласувам со неа...
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Toa ti kazuva deka mazot e jebac, a zenata e jebena...
Mazot moze vo sekoj slucaj da si poigruva so zenata, zatoa shto ima muskuli... Moze da ja kloca po gazeto, ako saka, zatoa shto ima i jaki noze a voedno i listovi na nozete...
Mazot znae po nekogash da bide i popameten od zenata, cisto onaka radi naturalisticki pobudi...

So edna vakva simplifikacija, ja mislam dostigam eden stepen na racionalen iskaz, za toa shto jas mislam za mazot, kako cudovishte vo vselenata, i subjekti koj se dvizi so brzina na svetlinata, a zenata e samo edna crna damka, ili objekt koj smeta i najcesto na golemoto platno, no sepak dobra za da se dolovi nekoja prilicno afektivna nijansa, nijansa koja znae da popreci sonceto da prodne, kreira senka, a senkata e taa koja stvara nov vizuelen objekt a toj objekt ja obogatuva slikata za ushte eden objekt...

Razbirash li? Sakash po "razglabeno"*?

*Ova cisto kako potkraduvanje na leksika...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Па научно е докажано дека мозокот на мажите е поголем од на жените што упатува на тоа дека имаат поголема умствена сила или не знам што не е многу важно. Поентата ми е дека многу работи кои ќе пробаат да и се објаснат на жената не и стануваат така јасни или да кажам со премногу емоции ги работат работите (нормално има исклучоци)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Па научно е докажано дека мозокот на мажите е поголем од на жените што упатува на тоа дека имаат поголема умствена сила или не знам што не е многу важно.
Големината на мозокот не е никаков индикатор за интелегенција. Морони и дебили имаат огромни мозоци

А, на темава...Баш и не гледам дека светов е машки. Ама гледам дека жените многу почесто запаѓаат во патетики и емотивни мелодраматики кои им го заматуваат свесното расудување.
Затоа, заслужено, мажите добиваат позиции кои се однесуваат на општествено важни нешта. Лично, познавајќи го женскиот просек, не би се осеќала удобно ако некое класично женско раководи со нуклеарна централа или банка, на пример.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Ова ќе го сватам како навреда :wink:

Со секој елемент на удирање во гради се предизвикува спротивниот пол,акција реакција.За инат може се да се каже,се вклучувам и себе си.
Од моето работно искуство,можам да потврдам дека шовинизмот е длабоко засаден во Македонецот.Многу неправди се случуваат,недоверба во жената,но и многу контрадикторност.Ако се бара,брзо и темелно завршување на работите,тука се потпира не женски рамена.Поставување на функции на мажи,само за оддавање впечаток на цврстина пред партнерите,иако знае дека е за украс.Резултатите се на друго св,но се надевам ќе дојде време кога ќе се цени поединецот и истовремено ќе се наградува.
Како што има способни мажи има и жени.
Се надевам еден ден ада ќе ги вложиш парите во банката во која јас ќе бидам одговорна :wink:
 
Научно е докажано дека мажите се поспособни за функционирање во површни односи со голем број на единки, кои не бараат емотивна инволвираност.
Жените пак, се многу поспособни кога се работи за мали, блиско поврзани заедници во кои емоциите се нишката на заедништво.
Статистички податок пак, е дека мажите покажуваат успех во водење огромни корпорации, додека жените се посклони на формирање мали бизниси, и го прават тоа исклучетелно успешно.
Така да, веројатно се работи за природна поделба на улогите, која не е дискриминација, ниту шовинизам.

На повеќе наврати имам споменато (а, чинам и на темава) дека има бројни исклучоци од таква генерализација. Но, просекот сепак го создал тој стеротип. Поради неговата бројност.

Едноставен пример...Погледни во подфорумот политика. Мене секогаш ме запрепастува малиот број на женски соговорници (а, и оние што се појавуваат од време на време, не покажуваат баш завиден увид во политиката и општеството).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На повеќе наврати имам споменато (а, чинам и на темава) дека има бројни исклучоци од таква генерализација. Но, просекот сепак го создал тој стеротип. Поради неговата бројност.

Едноставен пример...Погледни во подфорумот политика. Мене секогаш ме запрепастува малиот број на женски соговорници (а, и оние што се појавуваат од време на време, не покажуваат баш завиден увид во политиката и општеството).
Токму затоа тој стереотип треба да се отфрли,бидејќи лошо звучи,а и реалноста кажува нешто друго.

За примерот,имам друго мислење.Не е дека не читаат,не е дека не разбираат,едноставно таму неможеш да се разбереш,да бидеш сослушан,да бидеш разбран.Секој бистри политика од свој агол на работите,зарем треба некој да губи време да докажува нешто,кое иднината само може да го докаже?Историјата сите различно ја читаат.
Кој е показателот дека ако дискутираш за политика и историја,имаш поголем капацитет од оние на економија и право,или медицина и психологија?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Токму затоа тој стереотип треба да се отфрли,бидејќи лошо звучи,а и реалноста кажува нешто друго.

За примерот,имам друго мислење.Не е дека не читаат,не е дека не разбираат,едноставно таму неможеш да се разбереш,да бидеш сослушан,да бидеш разбран.Секој бистри политика од свој агол на работите,зарем треба некој да губи време да докажува нешто,кое иднината само може да го докаже?Историјата сите различно ја читаат.
Кој е показателот дека ако дискутираш за политика и историја,имаш поголем капацитет од оние на економија и право,или медицина и психологија?
Не зборам за поголем или помал капацитет. Зборам за полиња на интерес.
Имаме различни сфери на кои сакаме да се докажеме. И тоа не не прави полоши или подобри. Само покажува дека сепак се разликуваме, што е и евиднентно.

Лично, иако сум женско, отсекогаш сум пројавувала интерес за нешта во кои нема многу емоции и кои се однесуваат на широки сфери како политка, општество, историја итд. И секогаш соговрниците ми биле машки. Едноставно, до сега не сум успеала да најдам женско со кое ќе можам соодветно да дискутирам за такви теми. Затоа што не пројавуваат интерес.
Исто како што не сум наишла на машко со кое би плачеле за пропаднатите ни врски или со кое би си ги разглабале емоциите.

На тоа ме научило животното искуство. Па, не го сметам за стереотип. Оттаму, ништо не може да ми го смени ни ставот.
 
Ada самото твое присуство таму покажува дека и жените можат да бидат добри во сферите каде владеат стереотиповите.Се сметаш себеси како добар познавач на состојбите?
Јас зборам,дека жените се добри колку што се и мажите,нема подобар.Ако ти си таму единствена жена,може си подобра од сите нив,но никогаш нема да ти признаат.Ако ги има мнозинство во некоја област незначи дека се најдобри.Затоа овој стереотип не ми се допаѓа.
За ова болдираново...имам напишано и на многу други теми,незнам дали само моето окружување е такво,што можам да зборам на сите теми.Моите другарки имаат интереси од различни сфери.Дискутираме за финансии,медицина,политика,истражувања,религија,спорт...значи буквално на сите теми и воопшто не се сеќавам да имало дискусија за скршен нокт:)
Затоа е мојот став таков.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Леандра, ќе нагласам...Зборам за просек, мнозинство.
И не велам подбори/полоши, велам само различни.

Жената има мајчински инстинкт, жената уште од давнина била онаа која се грижела за целовитоста на семејството и ја имала доминатнтата улога во одгледувањето на поколенијата...Значи жената е создадена како некој кој умее да ја даде примарната грижа, да заштити, да негува...Како некој со изразена емотивна интелегенција.
Мажот пак е оној екстровертниот, експанзивниот. Оној кој е подготвен на големи ризици, на чисто рационални и понекогаш сурови одлуки...Баш затоа што е ослобеден, или, поинаку, осакатен, во сферата на емотивната интелегенција.
А, двајцата, како целина, го прават совршениот баланс...На микро и макро, на пасивно и активно, на екстровертно и интровертно, на емотивно и рационално.
Не залудно сме создадени различни.
Замисли што би било ако жените оставаат мали деца за да одат на експедиции на Антартикот, или ако мажите лансираат ракети погодени од некоја љубовна расправија...
И едниот и другиот протип се неопходни. И подеднакво добри во сферите за кои се создадени.

А, исклучоци, како што реков, има во буквално се, па и тука.
Сум среќавала десет пати поемотивни мажи од мене, сум била запрепастена од патетиката на некои мои другари...Отстапувања има на секој чекор. Ама тоа не е глобалната слика.
Глобалната е онаа која ги направила жените поемотивни, а мажите по студени поради некоја поголема цел, а не поради потхранување на шовинизам.
Е, сега тоа што разни исфруструирани примероци од двата пола ги земаат разликите и ги преувеличиваат, како сексистичко оружје, давајќи им квалитативен предзнак, е друга работа. Суштината е во тоа што тоа се само разлики, а не квалитативни категории.
Белото не е подобро од црното, и обратно. Само е различно.
Личните преференци се друг муабет.
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Секад бил,секад и ќе биде.Незнам шо само се буните коа сите го знаат тоа само шо не признаваат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи збориме за различни тематики.
Ќе го доправиме муабетот,бидејќи морам да спијам,утре ќе раскажувам за монетарните концепции :)
Благодарам за дискусијата,пријатна како и секогаш:back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom