Леандра, ќе нагласам...Зборам за просек, мнозинство.
И не велам подбори/полоши, велам само различни.
Жената има мајчински инстинкт, жената уште од давнина била онаа која се грижела за целовитоста на семејството и ја имала доминатнтата улога во одгледувањето на поколенијата...Значи жената е создадена како некој кој умее да ја даде примарната грижа, да заштити, да негува...Како некој со изразена емотивна интелегенција.
Мажот пак е оној екстровертниот, експанзивниот. Оној кој е подготвен на големи ризици, на чисто рационални и понекогаш сурови одлуки...Баш затоа што е ослобеден, или, поинаку, осакатен, во сферата на емотивната интелегенција.
А, двајцата, како целина, го прават совршениот баланс...На микро и макро, на пасивно и активно, на екстровертно и интровертно, на емотивно и рационално.
Не залудно сме создадени различни.
Замисли што би било ако жените оставаат мали деца за да одат на експедиции на Антартикот, или ако мажите лансираат ракети погодени од некоја љубовна расправија...
И едниот и другиот протип се неопходни. И подеднакво добри во сферите за кои се создадени.
А, исклучоци, како што реков, има во буквално се, па и тука.
Сум среќавала десет пати поемотивни мажи од мене, сум била запрепастена од патетиката на некои мои другари...Отстапувања има на секој чекор. Ама тоа не е глобалната слика.
Глобалната е онаа која ги направила жените поемотивни, а мажите по студени поради некоја поголема цел, а не поради потхранување на шовинизам.
Е, сега тоа што разни исфруструирани примероци од двата пола ги земаат разликите и ги преувеличиваат, како сексистичко оружје, давајќи им квалитативен предзнак, е друга работа. Суштината е во тоа што тоа се само разлики, а не квалитативни категории.
Белото не е подобро од црното, и обратно. Само е различно.
Личните преференци се друг муабет.