ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Ова у договор со Сатори ја отвори темата? Just kidding:smir:
Пројде времето кога светот беше машки. Дури и во ваква патријархална средина ко Мк, се менуваат итекако нештата. Затоа сметам дека рамноправноста помеѓу половите не е веќе само идеја на хартија, туку реална состојба.
Штом жената покаже здрава доза на цврстина и тревзвеност(која рака на срце не ја демонстрира баш често), тогаш половите разлики се губат и може да застане рамо до рамо со секое машко. Но треба прво да го посака тоа, а потоа и да докаже дека љубовните бајки, парфемите и шминките(ова условно кажано) не и го заматиле разумот.
Нормално е дека физичките разлики помеѓу половите ќе прават секогаш или машкото или женското да имаат предност во одредена област. Но како што со ножички не може да пресечеш дрво, така ни со моторна пила не можеш да разубавуваш бонсаи. Едноставно се има предност во одредени нешта, па така и половата припадност.
Да, има случаи на тешка полова дискриминација, сексизам и шовинизам. Но, затоа пак има и случаи ко во земјите од Скандинавија, каде што машките се такоречи дискриминирани.
Екстреми и исклучоци има во се. Но, гледано во глобала, не постои повеќе онаа машка надмоќ коеја ја угнетува жената. Денес таа ги има сите средства на располагање за самостоен успех. А, ако не знае и не сака да ги искористи не и се криви ни машките, ни шовинизмот, него единствено самата таа.