До кога светот ке биде машки?

Статус
Затворена за нови мислења.

Sasence

V.I.P-very important princess
Член од
21 ноември 2005
Мислења
154
Поени од реакции
1
Да се вратиме во минатото...после матријахатот во ниту едно општество нема рамномерност мегу мажот и жената.Поголемиот дел научници,творци,пронаогачи се мажи.Скоро сите владетели се од машкиот род.
Како минело времето растела желбата и девојките да учествуваат во активностите.Образованието,работата им биле предизвик...Но се разбира тие права им биле ограничени од околината.
Стасуваме до денес.Имаме еднакви права со нив но нели ја гледате моралната разликата?Можеби некои области се целосно рамноправни,но зошто секогаш мажите се оние кои што можат да направат за степен повеке.Дали сте размислувале некогаш на оваа тема?
 
Член од
14 август 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
pa...da mnogupati imam razmisluvano na ovaa tema i sekogas doagam do istiot zaklucok deka maskite se sekogas podobri od nas i deka i tie skoro najcesto go imaat glavniot zbor? mozebi vinata e do nas bidejki toa taka zapocnalo i traelo so godini da tie bidat glavni vo se a nesto sto trae dolgo vreme tesko e da go izmenime
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
1. Денеска жените мислам дека имаат во секој поглед еднакви права и шанси со мажите. Ако некоја женска е паметна ќе добие стипендија, ако ја бива ќе добие работа и покрај тоа што можеби ќе е единствена жена меѓу десет машки.
2. Ако во некои области преовладуваат машките, единствен виновник се жените! Што од срам да не прават „машки„ работи, некои сами си се ставаат во подредена положба за да си поминат полесно во животот, некои сами бираат да бидат гуски у магла што зависат од мажите и слично.
3. Жално е што денеска ако излезе човек на улица поголеми се шансите да види пијани девојки како се тепаат и скубат... Поточно жално е што некои жени еднаквоста со мажите ја гледаат во право на пијанчење, тепање и јавно понижување.
4. Секоја чест на оние жени што вистински се борат, со разум и труд да покажат дека вредат колку и мажите. Има многу примери за такви жени што се истакнале во наука, уметност, политика и браво за нив. Исто така секоја чест за мажите што ги подржуваат жените и што не патат од помала вредност и што разбираат дека не се помалку мажи со тоа што ќе признаат дека некоја девојка е подобра од нив во одредена работа.
5. Јас лично никогаш не сум се осеќала понижена или помалку вредна од машките. Можеби дека растам во фамилија каде што се почитуваат жените па сум воспитана да не дозволам некое машко да лечи комплекси на мене. Можда секогаш сум се трудела да дадам се од себе и да ја заслужам почитта на другите без разлика на полот. Колку што сум опкружена со мажи што ги ценат жените, толку сум и опкружена со жени горди на себе. Сметам дека живеам во време, дека сите живееме во време каде што, пред се, се ценат вредностите, а не полот и секој, доколку се труди, ќе го добие тоа што го заслужува, ќе добие шанса без разлика дали е машко или женско. И на крај краева, денес сите највеќе ги гледаат парите, па ако некоја женска е пообучена и ќе им донесе повеќе пари од некој маж... нема да згрешат и да му дадат предност на машкото.:toe:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
нај искрено , ама многу мразам нафурани феминистки ...и се надевам понатака у темава нема да се појават такви ...до сега ми се свиѓаат признанијата дека мажите повеќе постигнуваат и сл.

Жените да имаат еднакви права со мажте,...ДА.
Да се заштитат жените од насилство од страна на мажите ...и тоа ДА.
ама тоа дека жените се еднакви со мажите,...НЕ.
прва работа,....скоро се што се однесува на физички предиспозиции , машките несомнено тепаат.
а што се однесува пак до некои интелектулни дејности ....како што може машко да и се посвети на некоја работа ниту една жена неможе така.мажите во науката и уметноста покажале поголема посветеност и оддаденост.и многу нормално се покажале подобри резултати од тие на жените...
али секоја чест има девојки што вредат за 10 машки , и знаат да покажат интелектуална способност , за разлика од грото нивни врснички.

леле ја утнав темата...
абе светот ќе си остане машки, не гледам како жените би ги надмудриле мажите.
за да владееш во некое општество, се што ти треба е да се економски и воено јак,
и сега ако се поделиме на едната страна од линијата, мажи и на другата жени...што мислите кој ќе тепа и кој ќе завладее со светот.ееееееееееее,најголмиот дел од жените ќе размислуваат како да се нашминкаат не размислуваќи на многу побитни работи
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
и сега ако се поделиме на едната страна од линијата, мажи и на другата жени...што мислите кој ќе тепа и кој ќе завладее со светот.ееееееееееее,најголмиот дел од жените ќе размислуваат како да се нашминкаат не размислуваќи на многу побитни работи
А мажите ќе коваат тактика како да се пикнат во кревет на некоја од жените на другата страна, па така ќе прејдат од истата страна..

Грешиш Империјо..Грешиш. Не е само шминкањето.
Не сум нафурана феминистка, ама сигурно е то дека има многу поуспешни жени од мажи.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
леле ја утнав темата...
абе светот ќе си остане машки, не гледам како жените би ги надмудриле мажите.
за да владееш во некое општество, се што ти треба е да се економски и воено јак,
и сега ако се поделиме на едната страна од линијата, мажи и на другата жени...што мислите кој ќе тепа и кој ќе завладее со светот.ееееееееееее,најголмиот дел од жените ќе размислуваат како да се нашминкаат не размислуваќи на многу побитни работи
Не се работи за надмудрување... Башка колку само машки има, од тие посветените на работа, што одјебале и семејство и работа и се само за да и удоволат на некоја нашминкана цурица. Тоа не е многу паметно. Економска и воена сила не можеш ти да бараш меѓу машки и женски, па уште и за владеење на светот. Економска и воена сила се глеа за држави ебате. САД има економска и воена моќ и праи што ќе и текне. Жена од САД тука доаѓа со своите цел куп долари и вреди појше од наши десет машки, без разлика што машките се утепуваат од работа, а она мисли дали да купи Гучи или Прада штикли. Типката ќе ги глеа како да се никој и ништо, а они ќе се осеќаат помалку вредни од неа. Или баш читав у весник како стари и богати Европејки иделе у Африка мислам пошто таму машките „сакале„ постари жени. Денеска уопште више не се глеа дали си машко или женско, туку дали имаш пари, а има многу богати жени или паметни жени што ги командаат нивните мажи со пари, сеедно. Пак ќе кажам, ако некаде се јави нееднквост, тоа е по вина на жените, поради нивната неукост или незаинтересираност. И колку сакате зборете, ама има многу жени што вредат колку машките, за секој успешен маж, паралелно во истата бранша може да се најде успешна жена, исто како што за секоја машка пропалица може да се најде и неупотребљива женска.:toe: А за физичките предиспозиции... има случаеви каде што машките страдаат од семејно насилство, од насилството на жените, тоа сигурно не е затоа што се посилни од жените...
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Светот бил машки?! А јас пак си мислев дека жените со големи цицки владеат со светот! :baeh:
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
мислев на светот,жената едноставно не ја бива за водење политика или така речено мажите се заштитници на жените
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
Не се работи за надмудрување... Башка колку само машки има, од тие посветените на работа, што одјебале и семејство и работа и се само за да и удоволат на некоја нашминкана цурица. Тоа не е многу паметно. Економска и воена сила не можеш ти да бараш меѓу машки и женски, па уште и за владеење на светот. Економска и воена сила се глеа за држави ебате. САД има економска и воена моќ и праи што ќе и текне. Жена од САД тука доаѓа со своите цел куп долари и вреди појше од наши десет машки, без разлика што машките се утепуваат од работа, а она мисли дали да купи Гучи или Прада штикли. Типката ќе ги глеа како да се никој и ништо, а они ќе се осеќаат помалку вредни од неа. Или баш читав у весник како стари и богати Европејки иделе у Африка мислам пошто таму машките „сакале„ постари жени. Денеска уопште више не се глеа дали си машко или женско, туку дали имаш пари, а има многу богати жени или паметни жени што ги командаат нивните мажи со пари, сеедно. Пак ќе кажам, ако некаде се јави нееднквост, тоа е по вина на жените, поради нивната неукост или незаинтересираност. И колку сакате зборете, ама има многу жени што вредат колку машките, за секој успешен маж, паралелно во истата бранша може да се најде успешна жена, исто како што за секоја машка пропалица може да се најде и неупотребљива женска.:toe: А за физичките предиспозиции... има случаеви каде што машките страдаат од семејно насилство, од насилството на жените, тоа сигурно не е затоа што се посилни од жените...
тоа со парите се глупости американците немааат грам мозок парите не ги постигнаа со знаење,тие во школите се насочуваат само кон еден предмет а ние учиме од се на крај ништо не знаеме,тиквари остануваме,пракса немаме,едноставно не ја користиме интелегенцијата.мажи жени не е битно двете страни можаат да ги работат истите работи
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Светов пука од естроген денеска.
И за се се' криви мажите. Правите убер-мажи, кои исчезнуваат како Ти-Рекси после метеорски удар после судирот со асал жени.

Каков машки свет човече... светов е Пичкоцентричен.
Повикувам на бој, со сето расположиво оружје :vozbud:
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
Светов пука од естроген денеска.
И за се се' криви мажите. Правите убер-мажи, кои исчезнуваат како Ти-Рекси после метеорски удар после судирот со асал жени.

Каков машки свет човече... светов е Пичкоцентричен.
Повикувам на бој, со сето расположиво оружје :vozbud:
бој??? против кој???:) мислиш на жениве ќе мора да се изнасмеам прво пред да почнам да војувам.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
па прво би размислил со што би се бореле бидејќи сте нежен пол
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom