До кога светот ке биде машки?

Статус
Затворена за нови мислења.

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Тамарче ти полека забегаваш накај феминистка а?

Не сте: лидери, храбри, пожртвувани за повисоки(националистичко идеолошки) цели, тактичко настроени.
Tебе ако ти речат дека не си лидер, дека си глупав, дека не си тактички настроен и ти ако на то одговориш:-Не, грешиш, не сум таков јас!
И потоа бараш докази за да ти потврди дека си, то ќе те напрај шовинст?
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Момче, гледам дека си во голема заблуда...

Не сте: лидери, храбри, пожртвувани за повисоки(националистичко идеолошки) цели, тактичко настроени.
Како бе не се лидери? Само можеби имаат различни ПОВИСОКИ цели, кои не се “националистичко идеолошки“, туку хуманитарни на пример. А ова со недостатокот на тактичка настроеност каде се познава? Во секојдневниот живот или во војна? Ако е во секојдневниот живот, дообјасни, а за во случај на војна .. неќу да знам. А кога сме веќе тука, да те прашам нешто: за колку жени терористи си чул? Една преку сила. Тероризмот разумен ли е?

Не знаете да соработувате(кога се работи на нешто голема нема место за караници затоа што не ти го вратил некој фенот, личните суети се далеку настрана а жените тоа не можат да го направат се рчкаат за најмала ситница).
Ти збориш за девојчиња у основно и средно. Во светот на возрасните е итекако поинаку. Жените соработуваат на многу нивоа, и тоа знаеш зошто? Затоа што егото не ги спречува да признаат дека им треба помош и истата да ја прифатат кога ќе им биде понудена.

За да бидеш лидер треба да бидеш практичен. Практинчост е автомобилот да биде побезбеден, комфорен, јак, брз, и да троши помалку ресурски(гориво)...а не да биде жолт или виолетов-жените да владееа со светот до сега ќе ги истрошеме сите ресурси.
Колата мора да има некаква боја, затоа што таа ќе ја заштити од корозија. Дали ќе биде жолта, розева или црна, не прави голема разлика во цена. Голема разлика прави она такмичењено “на мене ми е поголем“, ти текнуе? Поголема кола, поголем мотор, поголем (кхм). Ова не е женска карактеристика.

Жените по дифолт кога се виновни за нешто почињаат да се лигават и пекмезат за да не биде така.Се разбира дека такво однесување е најстрого забрането ако сакаш да го владееш светот(сакаш да го кркаш кајмакот треба да знаеш да ги голташ и лајната)
И повторно, зборуваш за карактеристики на девојчиња, а не за жени. И онака светот нема да го владеат деца нели?

Во светот денес има тренд (не ми верувајте мене, прашајте го Google) високо образование да завршуваат многу повеќе жени од мажи. Ако вака продолжи, голема е веројатноста дека во средно далечна идина, повеќе жени ќе држат раководни позиции, додека мажите ќе преживуваат користејќи го она што најмногу ги разликува од жените - сурова “машка“ работна сила..
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Кога веќе момците во овој тип играат на карта познати мажи, дај вака, расположено утрински да ве потсетам дека жените кои се истакнуваа во минатото ... да се сетам, да се сетам ... ааа, да, ги палеа на клада?
Ги нарекуваа курви?
Ги нарекуваа вештици?
Ги бркаа од општествата понижувајќи ги?
Хммм ... можно е тоа да беше.

Како можете да очекувате дека жената во такви буквално робовладетелски услови ќе направи нешто големо, во таков свет „на мажите“.


Б.т.в. Како се води една земја?
Знаете она сила, храброст, тактика и интелегенција?

Да ве потсетам на кралицата Елизабета и на кралицата Викторија, но еве нешто малку посвежо, 1000 поени за тоа кој ја извлече Англија од големата економска криза?

:smiz:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Или уште посвежо,Лидер на опозиција во муслиманска земја,која гниеше во затвор и преживеа атентат:)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Темава забега, пак почнавте со она "кој е подобар" :) :) :)
Нема што тука да се коментира сите најважни откритија ги направил маж а не жена, и ај и ја да боцнам малце некаде порано прочитав дека машките ја користат десната хемисфера од мозокот додека женските левата .... можда зато сте "леви" - no hard felings :smir:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Темава забега, пак почнавте со она "кој е подобар" :) :) :)
Нема што тука да се коментира сите најважни откритија ги направил маж а не жена, и ај и ја да боцнам малце некаде порано прочитав дека машките ја користат десната хемисфера од мозокот додека женските левата .... можда зато сте "леви" - no hard felings :smir:
Не, кој е подобар, туку колку е добар.
 

Ајверсон

Confessions*
Член од
4 август 2007
Мислења
3.116
Поени од реакции
5
Само уште едно прашање, ако зад секој успешен маж стои жена кажете ми зошто таа жена ако е толку паметна не ја превземе контролата у свои раце ?
 

Clarkii

Hold me,Thrill me,Kiss me,Kill me
Член од
13 август 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
Само уште едно прашање, ако зад секој успешен маж стои жена кажете ми зошто таа жена ако е толку паметна не ја превземе контролата у свои раце ?
За пример ќе ти го дадам Алберт Ајнштајн малкумина знаат дека зад неговиот успех е заслужна и неговата жена Милева Мариќ.
Еве и линкhttp://www.pbs.org/opb/einsteinswife/milevastory/index.htm
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Само уште едно прашање, ако зад секој успешен маж стои жена кажете ми зошто таа жена ако е толку паметна не ја превземе контролата у свои раце ?
Кралевите идат и си одат, но кардиналите остануваат.

*спуштање на завеса*
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom