Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не се плашам од смртта јас. Се плашам истата да не дојде во погрешен момент, во периодот кога баш и нема да сакам да умрам.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Се плашам, секој човек се плаши од смртта само некој мисли повеќе а некој помалку за неа. Мислам дека кога ќе умреме нашата енергија продолжува да кружи во природата, а нашата душа...? Е не знам баш за нашата, затоа може и се плашиме од смртта. Ама сигурно не исчезнува...
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Пред година дена онака почна во главата да ми врти наеднаш нешто во врска со смртта. Почнав да си велам во себа лееј ќе умрам што ќе биде и како ќе биде. Но подоцна сватив дека сите умираме и дека е природно тоа. Се помирив и веќе можам да кажам дека не се плашам од тоа. Единствено што се плашам е дали ќе боли што ќе е како ќе е тој процес кој сепак не ни сакам сега да го дознаам.
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Најискрено не немам страв од смртта... колку и да викаат нкои тоа не е возможно секој има страв од смртта не верувам во тоа зашто просто јас немам и не се замарам со смртта воопшто.
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
не се плашам... порано се плашев многу дека брзо и таа ќе дојде.. ама сватив дека е залудно да го трошиш целиот свој живот размислувајќи за смртта кога можеш да ги поминеш миговите во смеа и со најблиските , па да го дадеш својот максимум... многу е краток животот, прекраток за да биде исполнет со безкорисни нешта.. Смртта не ја доживувам трагично.. Не се плашам од неа, но не сакам да дојде ( роби вилијамс) :smir:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Стравот од смртта произлегува од стравот од животот. Човекот чиј живот е исполнет е подготвен на умре во било кој момент!!! :pipi:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Кој и да рече дека не се плаши од смртта лаже. Сите се плашиме од неа, тоа е најнормално нешто. Тој страв не одржува и нас и животните во живот. Сепак прекумерната страв од смртта е целосно непотрбно.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Кој и да рече дека не се плаши од смртта лаже. Сите се плашиме од неа, тоа е најнормално нешто. Тој страв не одржува и нас и животните во живот. Сепак прекумерната страв од смртта е целосно непотрбно.
Не се плашам од смртта и не сум лажго :smir:.

Стравот од смртта произлегува од стравот од животот. Човекот чиј живот е исполнет е подготвен на умре во било кој момент!!! :pipi:
Ауууууу добра мисла твоја е? Па и не е битно важно е дека сум импресиониран.
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
45
Поени од реакции
1
Зошто да се плашам од смртта,зошто кога јас сум тука-таа е далеку, а кога таа е присутна-јас не постојам.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Во ситуација кога, рецимо, сте свесни дека во наредниот половина час ќе умрете, баш ме интересира колку "нема" да се плашите.

Ние не сме свесни за нашата смртност. Рационално, како некое приближно сознание, да...но, никогаш вистински. Затоа си веруваме дека се "носиме" со фактот за нашиот неизбежен крај.

Затоа валидни се тврдењата дека оние кои зборат како не се плашат од својата смрт, всушност лажат.
 
S

smart ass

Гостин
Чудна е темава но и смрта е чудна ке одговорам се плашам ама не мислам на тоа:toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Во ситуација кога, рецимо, сте свесни дека во наредниот половина час ќе умрете, баш ме интересира колку "нема" да се плашите.

Ние не сме свесни за нашата смртност. Рационално, како некое приближно сознание, да...но, никогаш вистински. Затоа си веруваме дека се "носиме" со фактот за нашиот неизбежен крај.

Затоа валидни се тврдењата дека оние кои зборат како не се плашат од својата смрт, всушност лажат.
Пак овде на оваа тема ме нарекуваат лажго, не се плашам од смртта и не лажам. Уствари не ни размислувам за смртта, кога ќе размислам ја прифаќам како дел од животот и затоа не ме плаши. И во следниов момент да знам дека ќе се случи тоа нема да се уплашам.
 
Член од
11 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
2
Ponekogas znam da pomislam na nea, no voopsto ne me zaplasuva. Site ke umrime eden den porano ili podocna... :toe:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
54
Поени од реакции
1
Се плашам од смртта меѓутоа повеќе за таа на моите на најблиски за луѓето што ги сакам и се околу мене...неможам да си го замислам животот без нив.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
за плашење незнам дали се плашам.... ама сум радознал.. ме интересира што потоа...

а ако дојде момент на пример.. онака ми речат тајмерот ти куца уште некоја недела има да те нема.. тогаш праам се шо не сум смеел да напраам.. поздрави честички кишчиња.. и сам ке се средам.. ке го заебам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom