Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
.

Не се плашам на начин дека е готово крај на моето свесно постоење само не сакам да ја прекинам комуникацијата со луѓето што ги познавам
и да ги пропуштам политичките и другите промени и случувања во државата и глобално на планетата. Смртта за мене претставува момент кога нашата душа го напушта нашето тело.
 
Kika-17

Trouble maker
Член од
21 декември 2008
Мислења
240
Поени од реакции
5
Не се плашам од смртта,секако ке дојде,но ако умирам сакам да умрам во сон...
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Јас се плашам, и се трудам да не размислувам на таа тема.
 
_iva*

Шмизла у хороскоп
Член од
6 декември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
8
Не се плашам од смртта. Ама ако веќе умирам, сакам да видам како ќе умрам, да имам слика како се случило тоа.
Можеби смртта е најубавото нешто што може да ни се случи. :helou:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Смртта е нешто природно.Тешко би рекол дека некој не се плаши од неа.Таа страв се базира на страв од непознатото и тоа што го нуди смртта.Се поврзува со задгробниот живот и дел од нашиот мозок се резервира на тоа.Секој пат кога се наоѓаме во тешка положба размислуваме дали би ни бил подобар животот без проблеми,но проблемот е тоа што никој не се вратил да раскаже дали тамошниот живот е без проблеми и дека е подобар од овдешниот.Од телевизија и од медиумите животот во рајот го замислуваме како тежок и мачителен, додека животот во пеколот носи една монотоност на живеење која никој не ја сакаме.Некогаш пред спиење размислуваме за нашиот краток живот и дали сакам е да умреме.Стравот доаѓа од тоа што се плашиме од бесконечното и непознатото.Се прашувам како им е на оние кои одат и се жртвуваат за својата татковина.Тие ја имаат мојата почит.Исто така се прашувам како е можно некој да размислува да си го одземе животот?
Тоа што го чини овој живот посебен е смртноста.Се би било бесмислено ако знаевме дека сме вечни и дека ништо не може да ни наштети.Би го замислил тој живот како една катастрофа каде секој бесмислено живее.
 
~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
"I'm not scared of dying
I just don't want to.."

Не постои константен страв! Не ни размислувам за тоа! Ја прифаќам како дел од природниот процес! Се плашам за смртта на моите секогаш кога знам дека се на пат!
Ме обзема некое чувство на неудобност, морничавост можеби и страв секогаш кога ќе се качам во авион! Чудна работа, пред да полетам секогаш им праќам порака на моите дека ги сакам што не е случај кога патувам со било какво друго превозно средство!
Мислам дека само по аеродромиве ми се јавува такво чувство!
Налудничаво!
Морничаво!
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Под дифолт сите се плашат од смртта.Глупо е кој си дома на сигурно,сигурен дека нема ништо да ти се случи да речеш дека не се плашиш.
Сите имаат периоди на суицидалност,рамнодушност,ама кога се соочуваат со “моментот“ се борат до последни сили,никој не се препуштил туку така да рече “ај има нешто подобро“,или “тоа е само природна појава сите што не стигнува“.

Не знам што има после црната дупка два метри под земја,ама знам дека животов е еден,сега,тука.И да има друг живот понатаму,сигурно нема да биде како овој,сигурно нема да имам втора шанса или продолжување од овој,така да гледам да си го искористам колку што можам и колку што ми дозволува стравот од смртта.

Да,се плашам од смртта,се плашам од тоа што може мене да ме случи,а особено се плашам од тоа што може да им се случи на другите,не можам да поднесам смрт на некој близок,фактот што никогаш повеќе нема да ја видам таа личност ме убива,и затоа не сакам да создавам таква болка на некој друг.

Да,смртта е нешто најприродно и најнормално,и не треба да се преувеличува фактот дека некој отишол на подобро место или се ослободил од маките или едноставно само умрел,ама па како можеш и да останеш скоро рамнодушен на такво нешто и да речеш дека секому се случува?Ама добро,ако некому тоа му е утеха...
Интересно е како на некои луѓе им е “сеедно“ и велат дека тоа секому се случува,се додека не ги стигне нив или некој од најблиските и тоа “секому се случува“ се претвора во “зошто мене ми се случува“.

И на крај,се плашам од смртта,ама не се плашам доволно за да не го живеам животот со полна пареа.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Samo verata vo Boga ni go otstranuva sekoj strav od smrtta ... se prasuvam kakov ke bide momentot koga duhot ke mi se dvoi od teloto ....hmmm zanimlivo... ne znaes koga ke nastapi toj cas seto toa ne tera na razmisluvanje na nasite postapki... smrtta e most koj vodi do vecen zivot ...premin
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Смртта е нешто природно.Тешко би рекол дека некој не се плаши од неа.Таа страв се базира на страв од непознатото и тоа што го нуди смртта.Се поврзува со задгробниот живот и дел од нашиот мозок се резервира на тоа.Секој пат кога се наоѓаме во тешка положба размислуваме дали би ни бил подобар животот без проблеми,но проблемот е тоа што никој не се вратил да раскаже дали тамошниот живот е без проблеми и дека е подобар од овдешниот.Од телевизија и од медиумите животот во рајот го замислуваме како тежок и мачителен, додека животот во пеколот носи една монотоност на живеење која никој не ја сакаме.Некогаш пред спиење размислуваме за нашиот краток живот и дали сакам е да умреме.Стравот доаѓа од тоа што се плашиме од бесконечното и непознатото.Се прашувам како им е на оние кои одат и се жртвуваат за својата татковина.Тие ја имаат мојата почит.Исто така се прашувам како е можно некој да размислува да си го одземе животот?
Тоа што го чини овој живот посебен е смртноста.Се би било бесмислено ако знаевме дека сме вечни и дека ништо не може да ни наштети.Би го замислил тој живот како една катастрофа каде секој бесмислено живее.
Не се плаши од неа,туку се плаши од тоа што понатаму,што ќе се случува со него итн.
Јас лично не се плашам,а не се ни обидувам да размислувам за тоа.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не се плашам од смртта, но ужасно ме потресува староста. Старост со 80 и кусур, каде ништо не функционира од телото како што треба, си предмет на исмејување, и ти требат два добри саата да си обуеш кондури :(

Ме фаќа огромна паника кога ќе помислам на губење на некој свој, сакан, од болката што ќе се обвие околу моето срце...од мојата смрт немам воопшто страв.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Да се плашам, и има од што. Животот е многу убав дури и во годините н старост. Животот е прекрасен , утрото е прекрасно, работота е прекрасна, пријателите се прекрасни. Прекрасна е вечерта и помислата дека утре е нов ден , дека утре ке биде подобро. Не сакам да умрам, и ке се борам за живот се до последната воздишка.

Не се плаши од неа,туку се плаши од тоа што понатаму,што ќе се случува со него итн.
Јас лично не се плашам,а не се ни обидувам да размислувам за тоа.
Шо се случува, де објасни ми??
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да се плашам, и има од што. Животот е многу убав дури и во годините н старост. Животот е прекрасен , утрото е прекрасно, работота е прекрасна, пријателите се прекрасни. Прекрасна е вечерта и помислата дека утре е нов ден , дека утре ке биде подобро. Не сакам да умрам, и ке се борам за живот се до последната воздишка.
Па нормално дека не сакаш да умреш?Ретки се таквите.Животот е прекрасен се додека не ти се случи нешто лошо.Тие се тие моменти што ги наведуваат луѓето да помислат да си го одземат животот.
 
Да нои се случи нешто лошо, не треба да престанеш, бидејки после дожд секогаш иде сонце...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да нои се случи нешто лошо, не треба да престанеш, бидејки после дожд секогаш иде сонце...
Да точно е тоа но тие моменти понекогаш изгледаат безнадежни и без крај.Тоа чуство што го дава тој момент не ти дава да размислиш дека ќе дојдат подобри времиња...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom