Лесна му земја, многу е жалосно кога ќе згасне еден млад живот, премногу млад.
Но Тоше Проевски не умре, Тоше уште е жив, жив е во нашите срца, жив е поради делото што го остави зад себе, неговите песни, хуманитарни дела, како и промоцијата за нашата држава го направија Тоше Проевски бесмртен.
Што се однесува до возењето, мора да напменам, дека автомобилскиот транспорт останува најнесигурниот и е тој што носи најмногу жртви годишно. Јас лично никогаш не би влегол во кола на долг пат ако не занм дека јас или возачот (кој мора лично да го познавам) е во топ форма за долг пат. Мој совет до сите е, никогаш да не го потценувате патот колку е подолг толку е поопасен и треба многу да се внимава, зборам од лично искуство бидејќи јас имам патувано големи растојанија со автомобил.