Сирота Македонијо, што дочека... И од ликот на Тачи се создаде култ... Кажеш ли збор против него, подготви се за линч од поклониците на ’најмакедонската’ партија!?
Не сум поклоник на ниедна партија, не создавам култ кон никого, кажувам просто математичко гледиште на досегашните настани.
Мојот став е сите да се смират, како што порача и груевски, како што порачаа и ЕУ и НАТО дипломатите, затоа што кризно време е (косово, грција, ЕУ, НАТО... да не набројувам). Ако се бараат реформи, дајте реформи да правиме, не да плачеме и да се тепаме (и илјадници амандмани да поднесуваме)
„Сите дипломати со кои разговараше „Дневник“ едногласно велат дека ситуацијата не треба да се драматизира, но и дека не смее да се остави да се влошува. Сите се согласуваат дека атмосферата е негативна и се добива лош впечаток оти Македонија се оддалечува од ЕУ и НАТО.“
А според моја проценка, СДСМ, ДУИ и ЛДП се тие што нешто „влошуваат“ затоа што ја искривуваат вистината и кочат се живо од владата.
Ако се најде Тачи крив и јас сум за да се превземат мерки, ама еднаш нека престанат од ДУИ и СДСМ да серат.
Јас гледам дека Тачи не реагира најкултурно, ама па ДУИ ептен, си свикуваат собранија во тетово (ко да не можат во собрание), си имаат вооружено обезбедување, и покрај тоа што се третирани како загрозен вид, уште ни на седници не можеш да ги задржиш.
Теута била „претепана“ а уствари истото и се случило како на таа некоја госпоѓа Икс Ипсилон, кога на Бучко му гореше под нозе, и Шема (ваљда тој беше) ја држеше вратата, ко џек мевосек да беше од другата страна.
Според Ryms, тачи рекол на друго место да ги решаваат работите (без разлика дали мислел да се тепаат или да зборуваат, битно не во собрание). Тоа за мене е прифатливо. Ако некој има некаков проблем, се знае како се решава, 2 начини има, еден начин е крвав, :pos2: за него има санкции и казни, ама да не е за во собрание.