Види чоек, кога некој така дрско мава некого, ондак биди муж, и очекувај дека и тебе ќе те мавнат.. па сеа, око за око ваљда? или не?
Имаш право! Бидејќи “проститутката“ Вејсели сега е под туторство на макрото Тачи, (а предходно беше под надзор на макрото Ахмети), имал потполно право да “ја брани“ од “воините“ на другиот табор (ха-ха-ха Положани воин)...
Него алал да му е на Тачи! Направи се што требаше и мораше за да не спушти една платформа (море какво една - 10) пониско сите нас, целото општество, без разлика на етникумите, за да може да игра така како што знае најумешно (насилство и криминал)! А телињата од ДУИ уште не се свесни дека играт по неговите ноти...
... Ова се гледа од епилогот не сета траги-комедија, кога само нивните “насилници“ беа фатени со “прас“ во раце. Небаре дека таму немаше вооружени активисти од ДПА (неколку коли од Тетово тргнати наменски за овој “настан“, а да не збориме за кондовската група, секогаш спремна за ваков вид “журки“), а ВМРО институционално ги вооружи неговите воини (остана само СДСМ, без војници, ама тоа е ОК, бидејќи рејтингот не им дозволува таков лукс)...
И да, имаа право предходните дискутанти, кога тврдеа дека албанците не сакаат стабилна ситуација за Македонија да не влезе во НАТО. Исто така и други дискутанти имаа право, кога тврдеа дека на власта не и одговара да влеземе во НАТО структурите, бидејќи нема да можат да се однесуваат непрофесионално, и да крадат кај што ќе стигнат. Но сигурно влез во НАТО не и одговара и на опозицијата, бидејќи тогаш некој друг ќе ги земе заслугите.
Не ни одговара и нам лично, на граѓаните, на пр. на македонецот Зоран, бидејќи ќе треба да работи 8 ефективни часа во администрацијата, а не цело време да се натпреварува со албанецот Агим, за колку време да ја реши ситуацијата со играта со минските полинја, или Солитер. Да не зборам за влахот Таки, кој што нема веќе да може да калкулира со данокот на профит, да го сведе на минимум. (улогите на Таки, Агим и Зоран, слободно може да се сменат, описот на надлежности одговара за сите, дури и за србинот Синиша, и турчинот Осман).
Дур не стануваме свесни дека треба да исполниме некои елементарни норми за да живееме достоинствено, никој нема да не прими нигде. Не знам за пеколот, ама на друго место нигде, а кога ќе ги исполниме тие норми, тогаш и нема потреба да не примат службено, бидејќи тогаш фактичи сме таму, заедно со другиот дел од цивилизацијата.:baeh: