Он.нет со нови Solo (adsl) пакети!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас сакам да научам уште нешто. Пиши ми и на мене пп.

Јас само знам дека он.нет да се 4 пати подобри, 4 пати поефтини и без договор, јас пак со нив би немал работа.
 
Зошто по ѓаволите би понудил некој 10mbps доколку планира да го лимитира сообраќајот? Доколку не планираат да го лимитираат, секоја чест. Конечно и Македонија да види вистински неограничен broadband.

Има тука неколку, барем за мене, нејасни работи. Дали Он.Нет поседува свои кабли и своја инфраструктура преку која ќе ги нуди овие услуги или истите ќе одат преку Т-Ком? Од каде им толкав bandwith за да ги услужат сите корисници кои ќе надојдат доколку понудат неограничен интернет со брзина од 10mbps?
 
А зашто ти се замараш со овие прашања.Ако некој има такво нешто да понуди ич не ме интересира од каде му.Битно е да е КВАЛИТЕТНО.
А овде на нероден петко му се крои капа
 
А зашто ти се замараш со овие прашања.Ако некој има такво нешто да понуди ич не ме интересира од каде му.Битно е да е КВАЛИТЕТНО.
А овде на нероден петко му се крои капа

Како што би кажал еден мој другар, затоа што ми се може. Зошто да бидам неинформиран? Штом се понуди да кажеш како Он.Нет ќе нуди интернет независно од Т-Ком, повели напиши тука, сите да прочитаат и да го тргнеме тоа од дневен ред.

Втора работа, видов 10 пати до сега како некој вика 5gb се доста блаблабла. Ако толку gb ви стигнуваат, убаво за вас. Мене ми треба bandwith и планирам да го користам. Еден HD филм е во просек 6gb, повеќе од вашата месечна потрошувачка, а јас тоа го правам за 6 саати. Секогаш ќе има корисници на кои им се доста 5gb, а ќе има и некои кои нема да бидат задоволни со каков било лимит. Тоа знам дека и на вас ви е јасно.
Но, една работа за која што не се согласувам е тоа што тврдите дека на мнозинството им се доста 4gb и ние што трошиме 100 и повеќе сме чудовишта.
 
Ајде бе на пример дури бев со Он Нет интернетот. Ми дојде на гости една другарка, за помалку од 2 саати ми направи 400 MB (и тоа тогаш на 512 kbps брзина а лимит 10 GB) само на YouTube. Моментално се повеќе е застапен видео стримингот а и ако сакаш радио да слушаш преку нет и тоа црпи од лимитот, Т.Е. све има на YouTube, ако човек се загледа на тоа трафикот лета.

Не значи ако на некој му се доста 5 GB дека на сите им се доста. Треба да се даде флат, или намалување на брзина до разумна мерка (256 до 512 kbps) . 32/32 kbps? Па добро бе ало 21 век сме, во 1999 имав подобра брзина од 32/32. А не ми се верува дека Backbone операторите ги ограничуваат со сообраќај нивните врски. Гледам кабловските оператори почнуваат со далеку подобри понуди од Он Нет/Мт Нет... ама кај мене затоа што немам саглам кабелски оператор немам друг избор освен Мт Нет/Он Нет...
 
Тежок збор е ова.
Потежок од твојата лага, мојот збор не е. Пред саат и кусур ти пратив ПП дека сум заинтересиран за детали како он.нет ќе ја изведе својата НЕЗАВИСНОСТ, уште ништо нема.
 
На предходната страна спомнавте нешто за инфраструктурата......

Па нели Македонски Лелеком беше продаден сосе неа, па после Офнет мораше да им лиже гз(да преговара) за овие да им ја рентаат инфраструктурата по некоја чклј цена? Слободно поправете ме ако грешам.
 
Да и јас така знам, МТ се продаде со се инфраструктура, затоа и беа кавгите кога сакаше да се продава Електростопанство, па цело време се трубеше дека не смее да се направи истото да се продаде топтан се, па се продаде само дистрибуција.
 
На предходната страна спомнавте нешто за инфраструктурата......

Па нели Македонски Лелеком беше продаден сосе неа, па после Офнет мораше да им лиже гз(да преговара) за овие да им ја рентаат инфраструктурата по некоја чклј цена? Слободно поправете ме ако грешам.
Не грешиш...не само инфраструктурата, туку и правото на монопол на сите видови телекомуникации (не сум сугурен на колку години само), така да сите други провајдери уствари ги дилаат пакетите на МТелекомуникации.
 
Ми текна нешто смешно препрочитувајќи ја темава и чекајќи одговор на мојата ПП од Go2bed, ама ништо од бизнисот Dimitarc.
Ве читам нешто многу сме трошеле, ХД филмови сме симнувале, за нас не бил тој интернет, бла бла...
Добро бе Acid, кажи ми ти мене на кој qr ќе му продадеш 10 факен Мбпс конекција ако тој купувач не планира до бајт да ја искористи таа брзина? :)))
Ако му е за дневна проверка на мејл, апдејтирање на портал, песна-две месечно да симне (ко просечен корисник - ти) фино-лепо нека си земе најмизерниот пакет што во моментов се продава кај нас (дајл-ап да не речам). Остај што поефтино ќе си помине (сигурен сум во ова), ама и над 3-4 гига нема да направи трансфер.

Да резимираме: кога зборуваме за хај-теч светлосна, најмодерна, најнова, најдобра брзина на интернет (10-20 Мбпс) значи ти батка планираш да ја користиш нејзе до коска. Што купуваш кола што цепа 220 km/h ако ти си еден возач кој преку 60 km/h богами не ја нагазува педалата? Башка што фичото (60 km/h) како бмв-то (220 km/h) нормално дека не троши.
Ова му доаѓа ко "на ти бмв, ама не вози брзо те молам... затоашто 166 минути ќе возиш бмв, после тоа секој ден пешки ќе одиш на работа".
Толку би траел лимитот од 15 гига со 10 Мбпс брзина според моја груба пресметка. 166 минути. Толку. Ни 3 саати нема да возиш БМВ. Да не беше трагично, ќе беше смешно. Ама толку е смешно, што не можам во исто време и за трагично да го сметам. Не знам, на вас ќе оставам да одлучите како ќе ја сватите шегава на Трендо што ја спремиле со Предраг додека пиеле во некоја кафана.

Трендо: Пер, имам закон идеја како да си подиграме со рајава глупа!
Предраг: Не сери, озбилно?
Трендо: Да пер, пази...
Предраг: Чекај, да наздравиме прво (со насолзени очиња наздравуваат со Трендо).
Трендо: Пази... Ќе им дадеме 10 Мбпс конекција...
Предраг: Не заебавај, ќе не изгорат, мрежата ќе паѓа, кој ќе им плаќа после на овие другиве после за секој надминат ГБ?
Трендо: Слушај бе да му емм мајката, многу избрзуваш!
Предраг: (заќутува)
Трендо: Финтата е што ќе им дадеме 15 ГБ!
Предраг: (со збунет поглед) Гигабајти??
Трендо: (крајно возбуден) Да бе пер! 15 гигабајти месечен трансфер на 10 Мбпс конекција. Ќе ги потрошат за неполни 3 часа а ние фул сметка наплаќаме!! Башка ќе ги закачиме и за телефон преку нас да трошат.
Предраг (пријатно изненаден) Леле човече, како ти паѓаат на ум вакви идеи стварно не знам. Парче ќе направиме!!!
Трендо: Келнер! Донеси уште по една.
Предраг: Хахаха, закон си жими мајка!
Трендо: Хахаха....
 
Потежок од твојата лага, мојот збор не е. Пред саат и кусур ти пратив ПП дека сум заинтересиран за детали како он.нет ќе ја изведе својата НЕЗАВИСНОСТ, уште ништо нема.

имам јас многу попаметна работа ,него да висам на форуми и да се објаснувам со луѓе што воопшто немаат врска што зборат, а и понатаму зборат и тресат зелени.
имаш одговор, во кратки црти.За подолго нема место во ПП
 
Се разбира дека имаш попаметна работа, ама со оглед на тоа дека самиот се понуди да ни објасниш на нас, смртниците, како всушност тоа функционира, а сега одбиваш да го направиш истото - испадна дека ти си тој што нема врска.
 
@Princ само да не се заборави, Пепи изјави дека за домашни корисници ќе има неограничен 10 Мbit интернтет, работава е да видиш да не веруваш, ама да почекаме да излезат тие фамозни пакети.
 
Па не се единствени Он Нет со 10Мбпс ..

Cabletel Rullss !!

[FONT=&quot]Cable[/FONT][FONT=&quot]Tel[/FONT][FONT=&quot]Lan[/FONT]

[FONT=&quot]download[/FONT] [FONT=&quot]10[/FONT][FONT=&quot] Mbps[/FONT]
[FONT=&quot]upload[/FONT] [FONT=&quot]1024 kbps[/FONT]
[FONT=&quot]трансфер[/FONT] [FONT=&quot]неограничен[/FONT]
[FONT=&quot]цена[/FONT] [FONT=&quot]1.500,00 ден.*

Цените се со пресметан ДДВ
[/FONT]
 
Точно дека и Каблетел нудат 10 Mbps али само во првите 3 гига а 3 гига со таа брзина се прават за некој саати и нормално ке ти ја намалат брзината немој да мислиш дека таа брзина ке ти седи цел месец еве како е нивната фер полиса на користење на интернетот за овој пакет кој го прикажуваш горе

CableTel Lan

За надминат трансфер над 3 GB брзината се намалува до 8 Mbps / 1 Mbps

За надминат трансфер над 10 GB брзината се намалува до 4 Mbps / 512 kbps

За надминат трансфер над 50 GB брзината се намалува до 2 Mbps / 512 kbps

За надминат трансфер над 100 GB брзината се намалува до 1Mbps / 256 kbps
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom