Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Унгарциве не се некое мерило за моменталната наша силина, но сепак сум задоволен од одиграното.

Во одбрана нашите играа добро, не дозволуваа многу лесни и чисти шутеви, во нападот имаше неколку расположени кошаркари и имаше добри акции.

Најдобри на теренот беа Гечевски, Антич и Соколов, а ме разочара Мираковски кој одигра очајно, не погоди ништо, а и постојано некако заглавуваше. Грин одлично ги разигруваше соиграчите, но мора повеќе да шутира, на загревањето имаше доста добра прецизност.

Од Самарџиски очиогледно не бива ништо, и дефинитивно никогаш нема да се научи да ја искористи висината и градбата.

Познавајќи ги нашите мислам дека тешко може да слават во Англија, но сепак со сите победи на домашен терен, и евентуалин 2 гостински порази (со подобар меѓусебен скор) може да се надеваме на ЕП.
па и не би се сложил баш со тебе да ти кажам право за ова бидејќи одвен денг и менса-бонсу, англичаниве немаат никој друг кој би можел да биде закана. налик се нешто како македонија во времето кога играше пеце наумоски. за овие квалификации не им играат арчибалд од уникаха и колку што можев да видам харт, кои на ланското еп им беа едни од подобрите, потоа саливен незнам од кои причини направил трансфер од самара (русија) во англиското првенство па нема некои јаки натпревари. како опасност може да се сметаат охара од болоња и кларк од естудијантес (посебно овој вториов).
гечески, антиќ и самарџиски ќе имаат МНООООГГГГУУУУУУУУУ тешка задача против денг и менса-бонсу, треба и чекоски да го даде максимумот (штета што го исфрлија колариќ толку рано, многу ќе помогнеше на оваа средба, но то е то...), па според мене мечот може да го реши надворешната линија каде со бо би требало да сме посилни, но прв натпревар ќе му биди и не се знае како ќе одигра. ако мислел да го става во ростерот за во англија, тогаш марин требаше шанса да му даде на бо вчера, па колку-толку да се воигра со другите на официјален натпревар.
инаку миракоски треба одма а се ослободи и да си ој дома оти чоеков е ко изгубена честитка и да му се даде поголема шанса на соколв во прв ред и на симоноски и костоски оти групава и не е така силна, дечките ќе стекнат големо искуство, плус во евентуланите припреми за еп и на самото еп ќе добиеме 2 квалитетни играчи на позиција 1 и 2 кои заедно со еден натурализиран странец, браќата стојаноски и антич би требало да ја водат селекцијата во наредните 7-8 години.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Бев на натпреварот, салата беше полна но не до крај. Тие што велат дека ни пола не била лажат...имаше уште едно 10 % слободни столчиња. Добра игра на нашите, не играа многу загрижено, повеќе растеретено...Грин многу добар организатор на играта, иако не постигна поени, сепак има голем придонес за победата со голема разлика. И се знае Антиќ, Гечевски и Соколов беа најдобрите на овој натпревар. Мираковски ме разочара, не изигра ништо, исто така и Самарџиски, многу тромав. И да од Кавадарци тргнавме екипа 10 души...

--- надополнето ---

Ако некој го видел само резултатот ке каже дека сме изиграле перфектно, но не.Треба да се исправат уште многу работи да не сутираме од 10 метри ( како Антич), да не играме со глава низ ѕид (како во некои ситуации Гечевски).Но сепак нека ни е честито големата победа :)

П.С Овој Караџовски за во репрезентација е ? :tapp:
За првото што го кажа да, во право си!
Но за Караџовски не знам дали забележа низ текот на првенството не беше под 25 поени од натпревар. А и синоќа од два обида за шут погоди исто толку пати, од далечина се разбира за 2 минути игра.

--- надополнето ---

Ливерпул доаѓа еднаш, а на Македонија овој циклус има 4 утакмици по 200 денари 800 и нормално не сум будалетинка да одам сам и да дремам ко мисир, мора да дое некое другарче, роднина со мене. Значи за двајца да отидат на 4 утакмици е 1600 денари што за наш стандард е ипак многу. Да беше една утакмица не викам не, би било багатела. ;)
Па немора на сите да одиш :) Оди на некоја, една-две...

--- надополнето ---

А што ќе беше ако не ги земавме црнците...несакам ни да помислам
Ќе го земевме Богоев, 100 % ... Во последен момент му откажаа, прво го викнаа а после му рекоа немора.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.910
Поени од реакции
7.481
Унгарциве не се некое мерило за моменталната наша силина, но сепак сум задоволен од одиграното.

Во одбрана нашите играа добро, не дозволуваа многу лесни и чисти шутеви, во нападот имаше неколку расположени кошаркари и имаше добри акции.

Најдобри на теренот беа Гечевски, Антич и Соколов, а ме разочара Мираковски кој одигра очајно, не погоди ништо, а и постојано некако заглавуваше. Грин одлично ги разигруваше соиграчите, но мора повеќе да шутира, на загревањето имаше доста добра прецизност.

Од Самарџиски очиогледно не бива ништо, и дефинитивно никогаш нема да се научи да ја искористи висината и градбата.

Познавајќи ги нашите мислам дека тешко може да слават во Англија, но сепак со сите победи на домашен терен, и евентуалин 2 гостински порази (со подобар меѓусебен скор) може да се надеваме на ЕП.
Незнам што толку зборите за Самарџиски кога човекот изигра максимум 12-13 минути а беше трет наш стрелец...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонија и те како може да слави во ВБ во недела. Мислам дека можеме да ги скршиме нешто слично како Украина. И сметам дека владее добра атмосфера во репрезентација свесни се за противниците што е многу важно. Плус Бо сеуште не влезе во игра такада очекувам фаворитски во групава да дојдеме до прво место.
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
235
Поени од реакции
0
Mirakovski nikogas ne ni izigral ubavo nepa vaaa utakmica sho vikate potfrlil .

--- надополнето ---

Bogoev e izmisen za nego !
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И Самарџиски мора да подобри шутот и лани на ЕП имаше лоша реализација а човекот е планина.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Незнам што толку зборите за Самарџиски кога човекот изигра максимум 12-13 минути а беше трет наш стрелец...
Не ми е мене важно колку поени дал, важно е како игра со тоа што го има. Човек со негова висина, кога ќе ја прими под кош мора експлозивно да тргне на обрач, а не да се наведнува и тегави. Еднаш му ја забија во фаца, еднаш убаво го залепија (кога досудија слегнувачка). Едноставно никогаш не ми се допаѓал како игра, органски ме нервира.
па и не би се сложил баш со тебе да ти кажам право за ова бидејќи одвен денг и менса-бонсу, англичаниве немаат никој друг кој би можел да биде закана. налик се нешто како македонија во времето кога играше пеце наумоски. за овие квалификации не им играат арчибалд од уникаха и колку што можев да видам харт, кои на ланското еп им беа едни од подобрите, потоа саливен незнам од кои причини направил трансфер од самара (русија) во англиското првенство па нема некои јаки натпревари. како опасност може да се сметаат охара од болоња и кларк од естудијантес (посебно овој вториов).
гечески, антиќ и самарџиски ќе имаат МНООООГГГГУУУУУУУУУ тешка задача против денг и менса-бонсу, треба и чекоски да го даде максимумот (штета што го исфрлија колариќ толку рано, многу ќе помогнеше на оваа средба, но то е то...), па според мене мечот може да го реши надворешната линија каде со бо би требало да сме посилни, но прв натпревар ќе му биди и не се знае како ќе одигра. ако мислел да го става во ростерот за во англија, тогаш марин требаше шанса да му даде на бо вчера, па колку-толку да се воигра со другите на официјален натпревар.
Не знам како точно играат Англичаниве, сигурен сум дека тука ќе ги добиеме, ама за гости зборам од лично искуство. Лани тука нели ја победивме Португалија 50 разлика па таму изгубивме 15. Пред некоја година и Естонија мислам таму не победи, па тука тепавме 50 разлика. Кога се наши спортисти во прашање (ракомет, фудбал, кошарка), а играат на гостински терен тоа е веќе сосема друга димензија.
 

katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
Незнам што толку зборите за Самарџиски кога човекот изигра максимум 12-13 минути а беше трет наш стрелец...

Самото тоа што изиграл 12-13 минути на ваква утакмица, а притоа е втор наш центар, со одлично репрезентативно искуство, со еден Гечевски во состав, кој на појака утакмица ќе му искочи срцето низ уста, против мизериине од Унгарија, кажува колку добро изиграл....а и не беше 3 стрелец во екипава.....Гечевски 17, Антич 14, Соколов 12...

Човекот има одлични предиспозии, може да прерасне во врвен играч, ама.....Ај што не напредува, туку од утакмица на утакмица е се послаб. Не можам да го разберам....

Иначе се на се, солидна утакмица, али можеме а и ќе мораме многу подобро да играме со Велика Британија.... Грин одигра добра утакмица, не знам зашто го критикувате, па уште и он да почне да шутира како другиве, кај ќе ни биде крајот....
 
Член од
15 април 2009
Мислења
62
Поени од реакции
2
ја колку што имам информација на комити и фемили му биле поделени по 50 карти, ама некој си ги препродал...
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Унгарија не е екипа за да видиме кој е за во репрезентација а кој не.Да почекаме да дојде некоја по јака утакмица па тогаш ке правиме муабет.
 
П

Паган-др

Гостин
Да не налета некој случајно на слики од натпреваров, доле и на трибини?
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
^ Еве неколку од теренот од FIBA, подоцна ќе качам од мене неколку.













 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.910
Поени од реакции
7.481
ја колку што имам информација на комити и фемили му биле поделени по 50 карти, ама некој си ги препродал...
Информации прва рака а?Хахахах...
Следната утакмица ќе игра Бо или ?Сакам да видам како игра дечкото за нас...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе зошто нема пренос за мечевиве на гости што се играат. Значи само фудбал кога се игра се пренесува во живо ебате до толку нема никоја ТВ што е заинтересирана. Инаку во недела се игра во 16:00 и лично очекувам победа пред се доколку до израз дојде Бо ќе биде многу полесно да се триумфира со оглед на тоа што Грин не постигна поени на претходниве мечеви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom