- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
па и не би се сложил баш со тебе да ти кажам право за ова бидејќи одвен денг и менса-бонсу, англичаниве немаат никој друг кој би можел да биде закана. налик се нешто како македонија во времето кога играше пеце наумоски. за овие квалификации не им играат арчибалд од уникаха и колку што можев да видам харт, кои на ланското еп им беа едни од подобрите, потоа саливен незнам од кои причини направил трансфер од самара (русија) во англиското првенство па нема некои јаки натпревари. како опасност може да се сметаат охара од болоња и кларк од естудијантес (посебно овој вториов).Унгарциве не се некое мерило за моменталната наша силина, но сепак сум задоволен од одиграното.
Во одбрана нашите играа добро, не дозволуваа многу лесни и чисти шутеви, во нападот имаше неколку расположени кошаркари и имаше добри акции.
Најдобри на теренот беа Гечевски, Антич и Соколов, а ме разочара Мираковски кој одигра очајно, не погоди ништо, а и постојано некако заглавуваше. Грин одлично ги разигруваше соиграчите, но мора повеќе да шутира, на загревањето имаше доста добра прецизност.
Од Самарџиски очиогледно не бива ништо, и дефинитивно никогаш нема да се научи да ја искористи висината и градбата.
Познавајќи ги нашите мислам дека тешко може да слават во Англија, но сепак со сите победи на домашен терен, и евентуалин 2 гостински порази (со подобар меѓусебен скор) може да се надеваме на ЕП.
гечески, антиќ и самарџиски ќе имаат МНООООГГГГУУУУУУУУУ тешка задача против денг и менса-бонсу, треба и чекоски да го даде максимумот (штета што го исфрлија колариќ толку рано, многу ќе помогнеше на оваа средба, но то е то...), па според мене мечот може да го реши надворешната линија каде со бо би требало да сме посилни, но прв натпревар ќе му биди и не се знае како ќе одигра. ако мислел да го става во ростерот за во англија, тогаш марин требаше шанса да му даде на бо вчера, па колку-толку да се воигра со другите на официјален натпревар.
инаку миракоски треба одма а се ослободи и да си ој дома оти чоеков е ко изгубена честитка и да му се даде поголема шанса на соколв во прв ред и на симоноски и костоски оти групава и не е така силна, дечките ќе стекнат големо искуство, плус во евентуланите припреми за еп и на самото еп ќе добиеме 2 квалитетни играчи на позиција 1 и 2 кои заедно со еден натурализиран странец, браќата стојаноски и антич би требало да ја водат селекцијата во наредните 7-8 години.