Кошаркарска репрезентација на Македонија

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.429
Поени од реакции
8.555
Ако не си знаел до сега, еве да ти кажам постои копче "Цитирај" ако веќе му се обраќаш на негого.
Второ да цената на билетите е многу важна бидејќи во квалификациите федерацијата заработува само од билети. Споредбата со Словенија беше во однос на првиот дел од мојот коментар дека се потребни средства во федерацијата за успех а не само квалитет, нормално дека паричните средства само од билети не се доволни за успех на една репрезентација.
И на крај да ние како народ секогаш плукаме и плачеме и по цена на карти и по успеси на репрезентација и никогаш не сме задоволни од тоа што е постигнато.
Ај јас да го прицнам копчето :smir:
Од каде беова само до влезници федерацијата заработувала?телевизиски права што ќе ги правиле па спонзори гледам витаминка на дрсовите пиши со поголеми букви од Македонија па после ако сакаш тие таблите на теренот што го означуваат и од нив земаат нешто .Слушај ИЧ да не ја жалиш федерацијата имаат пари тие кога прецедателот е толку јак човек
Друго за споредбата со словенија е глупа во секој смисол не брат само во праите како што викаш ти не велам дека нема голем удел и финасиите но забораваш многу важни работи а тоа е закон за спорт дури не се изгласа квалитетен ќе стагнираме или тониме во секој спорт па и овај исто така и ќе се радуваме на инцидентни успеси како пред една година на европското (да не повторвамд ека со малку повеќе среќа и смиреност ќе бефме и на светско во турција)потоа имаш работа со клубовите и младински тимови кој за жал кај нас не функционираат или се на ниско ниво што по некој ентузијаст пробува нешто да напрваи за разлика од словенија
Како народ вистина дека по некогаш и ние претеруваме и бараме влакно во јајцето ама тоа дека не сме задоволни се лажеш нели нашата реперзентација на европското во полска беше најсилно бодерна па ако сакаш и ракометната во хрватска нашиот народ е желен за победи и успеси и во секој случај знае да го награди секој успех и да даде несебична подршка но тогаш работи нашиот менталитет и паќаме резулатаски пред се поради не доволно подготвеноста на психолошки план
Да се разбереме јас сум за картата да биде 200 денари но мора да му се дадат карти и на навивачите за да може да го кренат и остатокот од салта на нозе ако ен да се игра во друг град каде што ќе биде празник да игра репрезентацијата и секоја односно било која навивачка група ќе даде огомна подршка но овие од кфм умот му е во праите а не друго да ен имаат трошоци за превоз и сместувања па играат во ск е две убајни нема кај нас или сакаш публика навивачи или сакаш пари да направиш :smir:

Заборај утре ќе тепаме гарант со 8+ и ќе ги зголеми шансите за европско но јас босанците ги гледам како конкуренти а е британците во секој случај мора да победиме утре ако не ќе решва повторно последната утакмица во босна :salut:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.910
Поени од реакции
7.481
И Словенија била 4-та на Евробаскетот поради цените на билетите :pos: Да, 4-та е, ама не поради цената на билетите, туку оти инвестираат на прави места. Нашата младинска селекција веќе четири години не е дел од А-дивизијата па сега види ти кај одат тие пари од билети. Инаку цената на билетот воопшто не е скапа, ако ја гледаш како поединечен билет, но за жал некои не можат да одат на сите натпревари :)
A 9-тото место колку и убаво да звучи, за таа селекција што ја имавме тогаш ми звучи како неуспех. Прокоцкавме предност од околу 20 поени против Хрватска, предност која веројатно ќе не однесеше на СП
Пропуштивме 20 поени предност со Хрватска и победа против Русија..кога она Мираковски инвалидот утепан утна зицер...сепак немам што да им замерам на другите едноставно сум задоволен од тоа како играат за репрезентацијата.

Да се надоврзам на претходните...напишав 1000 поста во кои спомнувам дека 200 денари не се ништо за карта на ваков натпревар. На никој од надлежните не им е гајле дали ти ќе идеш сам,ќе идеш со баба тетка вујна или дедо...цената е реална и секој има право на избор да реши дали ќе оди на 1,2 или 3 утакмици,колку можеш да си дозволиш на толку ќе одиш..и бтв на крај краишта како што реков салата нема да остане празна ако не отидат 1/2/3/4 особи на кои им е многу да дадат 200 денари. И да, мерак ми е што дадов 200 денари за првата утакмица и што ги утепавме Унгарците...и фала за одвоените 20 секунди да го прочитате ова:smir:

--- надополнето ---

Да,16:00 нивно време,17:00 наше време.Коефициентите се 1.45 за победа на GBR и 2.80 за победа на Македонија.(според betclic)
Но ако тепаме,нема да се изненадам.Премногу не потцениле со коефициентиве,280 ејјј.GBR не се некоја велесила во Кошарка.
Ќе можеш да ми кажеш дали може да се игра Кошаркава Сингл во кладилница?:salut:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Да збориме реално, за нашиов менталитет цената (за една Унгарија у кошарка) 200 денари е малку голема. Сеа незнам дали низ цел циклус ќе бидат истите цени, али малку претеруваат и нашиве.

Али не сме толку штедлив народ, ако ни иде и ако тепаме утре со ГБР, сигурен сум дека после ќе биде полна Борис Трајковски.

Сепак, и да има 6000, ако нема вистинско навивање ондак е срање! Треба МКФ да им понуди на Комитите барем 50 места, или тие самите да си побараат билети, па дури и по помала цена. Мислам дека МКФ нема ништо да загуби од тоа, туку само ќе се добие одлична атмосфера!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пренос нема да има ниедна телевизија од Британија не била заинтересирана. Тоа е причината значи не е до А1 и според тоа не барајте залудно стримови. Како и да е ќе следиме резултат на ФИБА Европа.
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Пренос нема да има ниедна телевизија од Британија не била заинтересирана. Тоа е причината значи не е до А1 и според тоа не барајте залудно стримови. Како и да е ќе следиме резултат на ФИБА Европа.
Ај уште еднаш отвори го линкот мој и прочитај што пишува од лево.
не е телевизија ова шо ќе пренесуе,што и да е...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Ај уште еднаш отвори го линкот мој и прочитај што пишува од лево.
не е телевизија ова шо ќе пренесуе,што и да е...
Ќе видиме утре што и да е, ако не овоа, лајв статистиката од ФИБА секако не ни бега :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Да збориме реално, за нашиов менталитет цената (за една Унгарија у кошарка) 200 денари е малку голема. Сеа незнам дали низ цел циклус ќе бидат истите цени, али малку претеруваат и нашиве.

Али не сме толку штедлив народ, ако ни иде и ако тепаме утре со ГБР, сигурен сум дека после ќе биде полна Борис Трајковски.

Сепак, и да има 6000, ако нема вистинско навивање ондак е срање! Треба МКФ да им понуди на Комитите барем 50 места, или тие самите да си побараат билети, па дури и по помала цена. Мислам дека МКФ нема ништо да загуби од тоа, туку само ќе се добие одлична атмосфера!

Па цената е висока 200 денара за со Унгарија која е тотален странец незнам шо мислат да прават сеа следната со Босна.
Денеска ако победиме сигурно ќе минеме дома би требало и двете да ги тепаме трите и во гости бар уште со Унгарија а со Босна во гости не верувам дека ќе тепаме.
 
M

mercenary

Гостин
Коефициентите се 1.45 за победа на GBR и 2.80 за победа на Македонија.(според betclic)
Но ако тепаме,нема да се изненадам.Премногу не потцениле со коефициентиве,280 ејјј.GBR не се некоја велесила во Кошарка.
Во Sport Life,коефициентите се 1.50 за победа на GBR и 2.40 за победа на Македонија.
Добро,и 2.40 не е лошо.;)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Коефициентите за Македонија не се лоши, но Британија има доста силни поединци. Она што ме плаши е тоа како ќе се справат нашите играчи со Денг и Менса-Бонсу. Кога пред две-три години игравме со Летонија доста се намачивме против нивниот НБА центар Биедринс. Менса-Бонсу против Унгарија имаше импресивни 18 скока, а кај нас најдобар скокач е Дамјан со 5.5 скока, што е смешно, прво со бројката, а второ со тоа што Дамјан е ниско крило. Денг веројатно ќе биде чуван од Војдан и Дамјан (па и Дарко Соколов) кои се одлични дефанзивци, но прават и доста лични грешки. Со центаров стварно не знам како ќе се справиме, но Антиќ, Гечевски, Самарџиски и Чековски мораат да го држат што подалеку од обрачот. Би било феноменално да победиме и денес, во тој случај ќе бидеме речиси пласирани на ЕП. Доколку ја играме нашата игра не се сомневам дека дома ќе се вратиме со победа :)
 
Овој е најдобар кога седи на клупа.:pos:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па цената е висока 200 денара за со Унгарија која е тотален странец незнам шо мислат да прават сеа следната со Босна.
Денеска ако победиме сигурно ќе минеме дома би требало и двете да ги тепаме трите и во гости бар уште со Унгарија а со Босна во гости не верувам дека ќе тепаме.
Ако ги добиеме Британија и Унгарија на гости со Босна во последното коло можеме слободно да загубиме бидејќи сигурен сум дека Босна ќе киксне најмалку на еден меч на гости. Како и да е денес со победа ќе се одлепиме многу и со оглед на тоа што следните два меча ги играме во Борис Трајковски против Босна и Украина мислам дека ќе немаме конкуренција. Значи денес е клучен меч.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom