Кошаркарска репрезентација на Македонија

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Eве го! И Официјално... :tv:

Мислам ке атакуваат на домашен селектор...би требало Заре, но дали ги поправиле односите со федерација ке видиме.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Кого ке го одберат, прашањето е сега. Инаку ја коа би бирал ви никој случај не би прифатил Татарот да биде тренер!!!

Еве апдејт.

Тодоров е најсериозен кандидат за кошаркарски селектор?



Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Наследникот на Арсиќ ќе го објавиме најдоцна за две недели, но засега не сакам да шпекулирам со имиња. Приоритет во разговорите ќе имаат македонските стратези, вели Даниел Димевски, првиот човек на МКФ




Селекторската фотелја во кошаркарската репрезентација на Македонија веќе речиси два месеци седи испразнета, а, ако и се верува на кошаркарската чаршија, најголеми шанси да седне во неа има македонскиот стратег на бугарскиот прволигаш Рилски спортист, Александар Тодоров. Актуелниот победник во Еврохолд Балканската лига (БИБЛ) е најчесто споменуваниот тренер, кој би бил наследник на Србинот Јовица Арсиќ, кој сам си поднесе оставка по освоеното 9. место на неодамнешното Европско првенство (ЕП) во Полска.

Според доброупатените во случувањата во македонската кошарка, меѓу кандидатите за селекторската функција се уште и селекторот на младинците Емил Рајковиќ, досегашниот помошник на Арсиќ, Марјан Лазовски, како и Марин Докузовски, Боби Митев... Ваквата кандидатска листа доаѓа откако се знае дека интернационалците Заре Марковски, Октај Махмути и Саше Филиповски веќе имаат кажано дека во моментов не се заинтересирани да ја предводат жолто-црвената чета.

- Нормално дека годи да се биде споменат како најсериозен кандидат за селектор на Македонија, но морам да признаам дека досега не сум имал никаков разговор на оваа тема со челниците на МКФ. Знам само дека не би прифатил да се пријавам на евентуален конкурс, а доколку дојде до директни преговори тогаш прво ќе мора да ги чујам нивните размислувања и идеи. Тоа особено се однесува на делот со најавеното откажување од репрезентацијата на неколку стартери. Секако, и понудените услови за работа ќе имаат примарно место при донесувањето на одлуката - ни изјави Тодоров.

Засега е само сигурно дека кошаркарската репрезентација на Македонија својот нов предводник ќе го добие најдоцна за две недели. Тоа барем го вели Даниел Димевски, претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кој засега не сака да шпекулира со имиња. Единствено што со сигурност може да го потврди предводникот на македонската кошарка е дека приоритет во преговорите ќе имаат домашните тренери.

- Сé што во последно време се говори во јавноста е во рамки на шпекулациите. Засега немаме официјален став по ова прашање освен дека конечната одлука за нов селектор ќе ја донесеме најдоцна за две недели. Во моментов собираме информации па ќе почнеме со директни преговори со кандидатите. Приоритет во тоа ќе имаат македонските тренери - ни изјави Димевски.

Кој и да се нафати да биде нов селектор на Македонија ќе има тешка задача да продолжи таму каде што застана Арсиќ. Колку и да имаше противници, српскиот стратег зад себе остави пласман меѓу првите 10 селекции во Европа нешто што ќе биде тешко да се повтори во скоро време без разлика на тоа кој ќе седне на селекторската фотелја. Згора на тоа, наследникот на Србинот ќе има и проблеми со составот откако пред извесно време Перо Антиќ и Тодор Гечевски најавија повлекување од националниот тим.




И Американецот Блекмен во комбинација за селектор?

Според неофицијални информации, до челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) пред извесно време стигнала понуда од еден српски менаџер улогата на селектор на репрезентацијата да ја преземе Американецот Роландо Блекмен (50). Станува збор за поранешен кошаркар со импресивна НБА-кариера, кој 11 сезони мина во Далас маверикс, а последните две во Њујорк никс. Блекмен е 60. стрелец во историјата на НБА-лигата.

Проблем за оваа понуда е што Американецот никогаш досега не работел како прв тренер. Блекмен извесен период минал како помошник во стручниот штаб на Далас, а во 2002 година бил асистент-тренер во репрезентацијата на Германија.

Автор: Игор Крстевски
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Марин Докузовски е предложен за нов селектор . Во оптек беа и имињата на Марјан Лазовски кој најверојатно ќе биде негов помошник и Александар Тодоров . МКФ велат дека го одбрале него заради досегашните успеси,имањето увид во нашата кошарка и искуството . Како втор помошник се споменува Боби Петровски ...


Според мене....пропадосмо начисто ...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ау колку ми е антипатичеееееееен Докузовски
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Еве и текст:

Марин Докузовски нов селектор на кошаркарите?

По заминувањето на Јовица Арсиќ од селекторското место, и веќе нешто повеќе од месец дена клупата на националниот тим стои празна.
На вчерашниот состанок, Стручниот Совет на МКФ донесе одлука да го предложи тренерот на Работнички за селектор на националниот сениорски тимНа седницата на Стручниот Совет, на која присуствуваа и директорот на сениорската репрезентација Врбица Стефанов и директорот на националните тимови Илија Мерџановски, се разгледуваа две точки - избор на селектор на сениорите и рестартирање на националниот младински камп на МКФ.

По однос на изборот за нов селектор, сите присутни на седницата разговараа за три предлози и тоа, Марин Докузовски, Александар Тодоров и Марјан Лазовски. Во своите дискусии, сите едногласно се сложија да го предложат до УО на МКФ актуелниот тренер на Работнички, како најискусен и најтрофеен тренер во моментов. Стручниот Совет даде препорака, заради континуитет и искуство со сегашната генерација и Марјан Лазовски да продолжи да работи со сениорската репрезентација, а во стручниот штаб да биде вклучен и Слободан Петровски, како еден од најперспективните млади тренери кај нас. Предлогот до УО е на Докузовски да му се довери двегодишен мандат, односно, квалификациите за ЕП во Литванија 2013.

Вториот дел од состанокот мина во разгледување на актуелната ситуација во младинската кошарка, при што е констатирано дека во поголемиот дел клубови во Македонија воопшто не се работи на напредокот на младите кошаркари. За таа цел, Стручниот Совет даде предлог до УО, МКФ повеќе да се вклучи во работата и контролата на младите играчи. Една од најважните работи во овој дел е обновувањето на летниот камп за млади кошаркари под покровителство на МКФ, на кој ќе бидат поканети најталентираните млади играчи, а ќе биде отворен за сите останати. Стручниот Совет ги именуваше Александар Књазев и Драган Василов како тренери на МКФ кои ќе ја спроведат оваа програма, која вклучува и континуирана работа и собири со талентираните деца и во текот на сезоната.

извор: www.sportdenes.com

Заре не бил ниту спомнат, штета...од Македонците, со него би бил најзадоволен...вака, слабо.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Заре Марковски веќе милион пати има кажано дека не сака да биде селектор на нашата репрезентација и единствено на што би се нафатил е местото советник...
Што се однесува до Докузовски, 100 пати е подобар од Арсиќ и од Давитков, па да се надеваме дека нашата репрезентација ќе продолжи во континуитет да се пласира на големи натпреварувања :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.118
Поени од реакции
7.771
Заре Марковски веќе милион пати има кажано дека не сака да биде селектор на нашата репрезентација и единствено на што би се нафатил е местото советник...
Што се однесува до Докузовски, 100 пати е подобар од Арсиќ и од Давитков, па да се надеваме дека нашата репрезентација ќе продолжи во континуитет да се пласира на големи натпреварувања :)
Во парво си за Марковски така има кажано ама ови сега од кфм не го прашаа туку ставија оглас па тој не е дечко у успону па сега да се докажува па да се пријавува да го покане аи понудеа можеби ќе разсмислеше вака со овај сег марин докузовски да е поарен од арсич да ама со кое лице ќе му збора на нашите звезди пример на Антич абе два посто нема да го еба антич овај докузовски или пак било кој што игра во странство нема да го почитуваат само овие од маклига ќе му се лижат да ги земе во реперезентација за тоа ако веќе не можеше да се земе а јас мислам дека можеби можеше Марковски можеа да плата тренер со искуство и кој ќе има респект кај нашите играчи а вака само уште поќе ја ебаа работата :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom