Маци, за истото се работи бе мила.

Нема да се тепам, да се расправам, да пробам да и го загорчам животот (колку злочки сме имале на форумов

), туку ќе и кажам: „Ако мислиш дека можеш да го сќариш, слободно“, а во себе ќе си знам (иако нели, никогаш не можеме да бидеме сигурни) дека само будала ќе испадне на крај. Ако е врската океј и како што треба, и ако јас сум сигурна дека тој ме сака, типката ќе испадне смешна затоа што си кажала кои и се намерите и изгубила.
Ама ако мојот партнер процени дека со неа ќе биде посреќен, тогаш џабе се мешам јас, џабе ќе ја правам подоле од гомно, на крај она ќе го добие, јас ќе го изгубам и тоа е тоа. :wink:
Ако сум сигурна во себе и во партнерот ми, ќе знам дека нема потреба да се „борам“ со неа „за неговата љубов“, зошто една обична скубла од страна не може да ни ја уништи врската. Ама ако не сум, и ако се сомневам дека може да отиде кај неа и да ми сврти грб мене, тогаш богами подобро да и дадам шанса на мочлата, да видам дали вреди да бидам со него воопшто. :wink:
Одлуката паѓа на него, он го прави изборот. Мојата интервенција не верувам дека многу би можела да ја промени неговата одлука, затоа одбирам да ја тргнам типката од глава и мирно да си продолжам со врската. Па ако било судено...